Connect with us

Македонија

Емилија Динева доби „Срце за вечноста“ во Дојран ❤️

Published

on

Скулпурата „Срце за вечноста“ е дело на младиот академски скулптор Андреј Миневски која е водена од идејата да се овековечи дарувањето на органи како  еден од највисоките чинови на човековата хуманост и можност кога еден живот згаснува друг да се распламти односно како што најчесто и бива да започне одново.

Вo знак на хуманоста и човечноста на семејството на Емилија Динева, првиот донор на срце и органи во Македонија денеска во Градскиот парк во Стар Дојран беше поставена спомен скулптурата/урбана инсталација  „Срце за вечноста”.

– Идејата на оваа акција е уште еднаш да се одаде почит на Емилија Динева и нејзиното семејство за овој несебичен и херојски чин и преку јазикот на уметноста да се поттикне органо дарителството како врв на хуманост и можност за спасување на стотици животи – рекоа носителите на иницијативата.

Скулпурата „Срце за вечноста“ е дело на младиот академски скулптор Андреј Миневски која е водена од идејата да се овековечи дарувањето на органи како  еден од највисоките чинови на човековата хуманост и можност кога еден живот згаснува друг да се распламти односно како што најчесто и бива да започне одново. Токму затоа и тематиката на скулптурата но и нејзината визуелност ја третира и темата на бесконечноста и начините со кои човекот може да се поврзе со бесконечноста преку постојната размена на енергии и материи. На овој начин авторот го овековечува херојството на Динева односно нејзиното семејство отворајќи и го патот до бесконечноста и незаборавот.

Самата скулптура е работена во техника која опфаќа спој на различни материјали како мермерно брашно, епоксид, метал изработени во стандарден скулпторски опус и доведени до совршенство од вештата рака на авторот.

Реализацијата на проектот е на Центарот за современи уметности – Скопје и Општина Дојран со финансиска поддршка од Фондацијата отворено општество – Македонија.

Македонија

Бугарите ќе копаат по архиви дали има гpoбницата на бугарски вojници во близина на Кавадарци

Published

on

Министерството за одбрана на Бугарија започна инспекција во воените архиви за да утврди дали се чуваат карти, кои покажуваат каде точно се наоѓала теренската болница на 8-та пешадиска дивизија Тунџа. Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие можат да дадат повеќе информации за тоа дали има гробница на бугарски војници во областа на двата споменика во близина на Кавадарци или станува збор за историска хипотеза.


Министерството за одбрана на Бугарија започна истрага по тврдењата на Фондацијата Македонија и бугарскиот државјанин Виктор Стојанов за можно сквернавење на бугарски воени гробишта во Република Македонија.


Споменик од гранит со крст и спомен плоча на 193 -те бугарски војници убиени за време на Првата светска војна се наоѓаат на 12 километри од Кавадарци, во непосредна близина на новоизградениот автопат што треба да го поврзе Скопје со Прилеп.


Екипа на Бугарската национална телевизија која денеска го посетила местото, јави дека двата споменика во близина на Кавадарци, се целосно недопрени.


БНТ емитуваше разговор со Ацо Темков, жител на Кавадарци, кој учествувал во реновирањето на еден од спомениците. Тој за БНТ изјави дека таму никогаш не видел воени гробишта.
Поранешниот директор на локалниот историски музеј, Петар Камчев, кој раководел со културната институција 37 години, исто така вели дека на местото имало само два споменика. И тој потврди за Бугарската национална телевизија дека немало гробишта. Камчев, исто така, рече дека во 2017 година, кога започна изградбата на автопатот, побарале дозвола да се помести споменикот на Пере Тошев. Се консултирале со тогашната организација на Бугарите и со нивна согласност споменикот бил поместен.

Continue Reading

Македонија

Заврши изборната кампања, денеска ќе се молчи

Published

on

Денеска беше последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги известувa дека од полноќ, заклучно со 19 часот на 17 октомври, важат правилата за изборен молк.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување, кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и може да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Continue Reading

Македонија

Од НОВА ГРАДИШКА до КРУШЕВО, утре ќе пристигнат ултрамаратонците во чест на 14-годишнината од загинувањето на Тоше Проески

Published

on

Сите 15 ултрамаратонци кои тргнаа од Нова Градишка на 16 октомври напладне од крушевчани ќе бидат пречекани со црвени рози.

На 16 октомври во Спомен-куќата на Тоше на Гумење ќе се одржи изложба, а таму веќе е поставена  кутија за донации на посетителите. Акцијата ќе трае до 25 јанураи наредната 2022 година кога е и родненденот на Тоше Проески.

По повод 14-годишнината од загинувањето на Тоше Проески, во Крушево се очекува пристигнувањето на неговите фанови од земјава и од странство. На вечното почивалиште на Тоше на Гумење во Крушево е подигнато спомен-обележјето во негова чест и спомен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк