Connect with us

Инфо +

Д-р.Чадиковски e голем човек: Може да дојдат кај мене без никаква финансиска надокнада

Докторот Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија, супспецијалист по детска кардиохирургија е еден од нашите најдобри наши доктори.

Една од ретките светли точки на нашето здравство. Првиот детски кардиохирург во земјата. Доктор обожуван од малите пациенти и нивните родители. Посветен на својата професија, харизматичен и полн со позитивна енергија.

Д-р Владимир Чадиковски е можеби еден од ретките кои имал можност да замине надвор од земјата, но останал овде. Имал опции да замине во некоја од европските држави или САД, но се одлучил за тука.

Повеќе од 21 година оперирам деца од најразлична возраст и патологија, а последните 7 години вродени срцеви мани кај деца.

Навистина преставува една екс тремно тешка гранка, многу одговорна, системски зависна, мултидисциплинарна и пред се благодарна кога се ќе заврши добро.

Морам нешто да напоменам дека за сите овие 6-7 години колку сме посветени кон оваа тешка гранка мислам дека сме единствени во државата под комплетна опсервација за успехот на интервенциите. И од медиу

На секоја трудница на која со ЕХО е дијагностицирана срцева мана кај плодот,може да дојдат на консултација кај мене без никаква финансиска надокнада

Advertisement

Балкан

Земјотрес од 4,8 степени во Грција

Силен земјотрес со магнитуда од 4,8 степени ја погоди областа Калаврита во Грција во саботата вечер, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ). Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, пренесува EMSC.

Првичните извештаи наведуваа магнитуда од 6,3 степени, но подоцна вредноста беше коригирана на 4,8.

Сведоци од областа пријавиле дека почувствувале силен татнеж, по што почнала да се тресе и нивната околина. „За среќа, плочките останаа на место. Епицентарот, изгледа, бил во селото Коутели кај Калаврита“, изјавиле локалните жители.

Засега нема информации за повредени или значителни материјални штети.

Continue Reading

Балкан

Букурешт денеска гласа за нов градоначалник: 1,8 милиони избирачи на изборните места

Денеска граѓаните на Букурешт го остваруваат своето право на глас за избор на нов градоначалник. Се очекува речиси 1.800.000 луѓе да гласаат на 1.289 избирачки места и да го одредат лицето што ќе управува со најголемиот и најбогат романски град до 2028 година, со буџет од 11 милијарди леи.

Изборниот ден започна во 7 часот наутро и ќе трае до 21 часот по локално време. За позицијата, која остана празна по изборот на Никушор Дан за претседател на Романија, се натпреваруваат 15 кандидати, иако на гласачкото ливче се наведени 17 имиња поради повлекување на двајца кандидати во последен момент.

Најмладиот кандидат има 32 години, додека најстариот е 66-годишен. Победникот ќе стане 17-ти градоначалник на Букурешт од 1990 година наваму.

Continue Reading

Балкан

Трагедија во Србија: Семјство од Босна и Херцеговина најдено мртво во куќата по неколку дена

Во семејната куќа во Чачак утрово беа пронајдени три тела на семејство од Босна и Херцеговина, но според неофицијални информации, трагичните настани се случиле неколку дена порано. Сè уште не е познат точниот датум на двојното убиство и, како што се претпоставува, самоубиството, јавува Radiosarajevo.ba.

Сомнежите упатуваат дека 47-годишниот В. Ч. ги убил своите родители, 72-годишната М. Ч. и 79-годишниот Н. Ч., а потоа, како што се претпоставува, си нанел смртоносни повреди на градите и вените. Според извори на „Блиц“, јавноста и полицијата за овој морничав случај дознале дури утрово.

Соседите се во шок, а нови информации за семејството продолжуваат да се појавуваат. Тие се преселиле во куќата од Босна и Херцеговина пред 26 години, на местото каде претходно живеело четиричлено семејство. За време на бомбардирањето на Србија, куќата била оштетена, а тогашниот сопственик извршил самоубиство во дневната соба.

Случајот е во тек на истрага, а полицијата се обидува да утврди сите околности околу трагичниот настан.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг