Connect with us

Забава

Убави вести за Рибите, Близнаците да очекуваат интересна љубовна средба

Published

on

ОВЕН

Можно е во минатиот период да сте имале многу работни проблеми, а сега настапува фаза на олеснување. Полето флерт ви е добро поставено и може да очекувате дека ќе бидете задоволни. Внесувајте повеќе магнезиум.

БИК

Ве очекува шанса да ги покажете своите амбиции. Ќе успеете да ги остварите зацртаните цели. Очекувајте интересно познанство со личноста која ќе покаже интерес кон вас. Ќе ви годи масажа.

БЛИЗНАЦИ

Доколку се занимавате со работа која има врска со комуникација, имате можност да постигнете значаен успех. Очекувајте интересна љубовна средба со личност која ја познавате веќе подолго време. Ќе ви годи прошетка.

РАК

Ве очекува поволен период за остварување на напредок. Судбината е на ваша страна ако се занимавате со приватна работа. Пред вас е одличен ден за ново познанство. Би требало да биде добро.

ЛАВ

Може да очекувате разрешување кога е во прашање вашата работа. Ќе имате доста среќа на ова поле. Ве очекува интересно познанство во кое ќе уживате. Подготвени сте за љубовна авантура. Добро здравје.

ДЕВИЦА

Можно е да имате прилика да напредувате. Ве очекуваат нови шанси и можности. Ве очекува флерт со личност која ќе покаже дека е подготвена за врска. Бешиката ви е чувствителна.

ВАГА

Се потпирате на своите соработници и подготвени сте да покажете иницијатива за поттикнување на нови проекти. Саканата личност е подготвена вашата врска да напредува. Добро се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Имате некои важни работни договори. Може да очекувате дека судбината ќе ви биде наклонета. Очекувајте добар однос со личноста која ви значи. Пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Ќе немате премногу работа и обврски во текот на овој ден. Ќе имате шанса да се одморите.Може да се надевате на средба со вашата симпатија. Наскоро би требало да дојде до почеток на врска. Минлива аритмија.

ЈАРЕЦ

Нови случувања ве очекуваат, а ви се пружа шанса на работното поле да правите големи промени. Односот со саканата личност постепено напредува и искрени сте еден кон друг. Водете сметка околу стомакот.

ВОДОЛИЈА

Комуникацијата со вашите блиски соработници станува отежната, постојат проблеми кои може да се нерешливи. Не ви е лесно да бидете сосема отворени по прашањето на своите емоции кон партнерот. Избегнувајте цигари.

РИБИ

Ве очекуваат некои убави вести кои ќе ви ја поттикнат надежта за добра иднина за работата. Отворено покажувате дека сте подготвени со саканата личност да работите вашиот однос да напредува. Водете сметка околу исхраната.

Забава

Планетите ќе ја покажат моќта, овој датум е клучен: Три знаци ќе доживеат неверојатен пресврт и нов почеток

Published

on

Ни претстои важен астролошки настан, а тоа е Младата Месечина во Јарец, која не очекува утре, а симболизира нов почеток во животот.

Новата месечина на Јарец е астролошки момент кога Сонцето и Месечината се среќаваат во ист знак, што обично ја носи енергијата на почетоците, потенцијалот за нови почетоци и фокусирањето на поставувањето цели.

Јарецот е знак поврзан со амбиција, дисциплина, одговорност и поставување на темелите за иднината.

Оваа позиција на Месечината може да ја нагласи потребата да се постават јасни цели и сериозен пристап кон остварување на соништата и амбициите. Тоа може да донесе чувство на одговорност кон постигнување на лични и професионални цели. Исто така, поттикнува размислување за долгорочни планови и стратешки пристап за постигнување на посакуваните резултати.

Младата месечина во Јарец може да биде време за размислување за поставување на темелите за стабилност, без разлика дали се работи за кариера, врски или личен развој.

Тоа е период кога можеме да се осврнеме на нашите приоритети и да ја насочиме нашата енергија кон остварување на она што го сметаме за суштинско за нашата иднина. Ова е време да се фокусирате на долгорочните планови и да работите напорно за да ги постигнете вашите цели.

Младата месечина во Јарец е важна за сите хороскопски знаци, а носи позитивни промени за Јарците, Биковите и Девиците.

ЈАРЕЦ
Пред вас е период во кој е идеално време да започнете нешто ново. Овој нов почеток ќе биде видлив во интервалот од следните две недели.

БИК
Младата месечина ви носи можност да патувате но и да го промените погледот кон светот. Можете лесно да усвоите нова животна филозофија.

ДЕВИЦА
Младата месечина во Јарец ви носи нов емотивен почеток и можност да започнете романса.

Continue Reading

Забава

Почина кралот на сарказмот – Метју Пери (Видео)

Published

on

Познатиот актер Метју Пери, кој беше еден од ѕвездите на „Пријатели“, е пронајден мртов во својот дом, објавија американските медиуми. Тој имаше 54 години.

Извори од полицијата изјавиле за „Лос Анџелес тајмс“ дека Пери бил пронајден од екипите за итни случаи онесвестен во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес. Обидите за реанимација биле неуспешни.

Полицискиот службеник во Лос Анџелес, Дрејк Медисон, рекол дека отишле таму „поради истрага за смртта на маж на возраст од 50 години“.

Портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Брајан Хемфри, рекол за „Ен-би-си“ дека тие први реагирале во куќата во Пацифик Палисадес во 16:07 часот поради „итна опасност од вода“ од непознат вид. Никој не бил пренесен во болница, додал тој.

Пери беше најпознат по тоа што го играше саркастичниот Чендлер Бинг во многу популарната серија на „Ен-би-си“ „Пријатели“, која се емитуваше 10 сезони, од 1994 до 2004 година. Улогата му донесе номинација за наградата Еми во 2002 година.

Во таа серија тој глумеше заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Лиза Кудроу и Дејвид Швимер.

Видео:

https://youtu.be/QjnmPazw9EI?feature=shared

Continue Reading

Забава

Анастасија ја претставува Македонија пред светот на најубавиот можен начин (ВИДЕО)

Published

on

Анастасија Анастасова со своето семејство живее во Хамбург, Германија. Но, Македонија живее во нејзиното срце.Loading…

Ова девојче, кое следниот месец ќе наполни 11 години, имаше прекрасна идеја, за чија реализација се вложи максимално и затоа со гордост може да каже дека успеа.

Нејзина мотивација се љубовта кон родната земја и убавините кои Македонија ги поседува. Не мислеше дека е доволно за тие убавини да знае само таа, па сакаше да ги сподели со светот.

https://youtu.be/qBPj51IJx-M?feature=shared

Бесценето е да ги погледнете македонските богатства низ детските очи бидејќи нема нешто поискрено од детските емоции. Токму тоа стана успехот на Анастасија.

Оваа Македонка има свој канал на Јутјуб, кој го води на два јазика – германски и македонски. За да допре до срцата на сите, видеата имаат и англиски превод.

Семејството е нејзина најголема поддршка, па тие заедно работат снимање и монтажа, вложуваат свои средства, но пред сè – многу љубов.

Скопје, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Кратово, Охрид се само дел од локациите каде Анастасија направи свои мини документарци. Пред снимање се подготвува со информации кои од срце им ги пренесува на сите што ја гледаат. Снима интервјуа со славни личности од Македонија, кои наидуваат на голем интерес од страна на публиката

https://youtu.be/_Ms9ztkcYrQ

Цел текст: https://kurir.mk/magazin/mladi-talenti/poglednete-gi-makedonskite-ubavini-niz-detskite-ochi-anastasija-ja-pretstavuva-makedonija-pred-svetot-na-najubaviot-mozhen-nachin-video/

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк