Connect with us

Македонија

Кој е контроверзниот македонски дипломат уапсен во Србија?

Published

on

Министерството за надворешни работи на Република Македонија попладнево ја потврди информацијата објавена пред некој ден дека еден вработен во Министерството, кој во моментов е упатен во нашата Мисија во ОБСЕ во Виена, е притворен во Република Србија на 27 август годинава.

За апсењето МНР е официјално известено од Министерството за надворешни работи на Република Србија преку Амбасадата на Македонија во Белград.

Според известувањето, „надлежниот суд во Србија определил екстрадиционен притвор по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство“, потврди МНР и од таму додаваат дека, согласно законските надлежности Министерството го стави во мирување работниот однос со притворениот вработен, сѐ додека случајот не биде разрешен.

Според пишувањето на весникот Коха, станува збор за збор за заменик-шефот на македонската мисија на ОБСЕ во Виена, дипломатот Миле Миленкоски (53).

Според сознанијата на Коха, од неофицијални извори, Миленкоски бил баран со меѓународна потерница издадена од австриската полиција, „за стар прекршок што датира од 2018 година, а кој по секоја веројатност вклучува високи безбедносни структури на Македонија“.

– Миле Миленкоски е осомничен дека пред три години организирал патување во Ереван, Ерменија, заедно со уште двајца македонски дипломати (нивниот идентитет познат за редакцијата), за евакуација на висока ерменска личност, осомничен во неговата земја за злоупотреба на милиони евра. Мотивите на оваа акција не се познати, но сомнежите се дека истата е направена со знаење на високите безбедносни структури во Македонија. Имено, уапсениот Миле Миленкоски, заедно со уште двајца дипломати (С.С.) и (В.С.), за оваа спасувачка мисија на контроверзниот Ерменец, позајмиле приватен авион со кој патувале за Ерменија. Претходно, како покритие тие во забрзана постапка регистрираа невладино здружение за лица со посебни потреби, за учество на една конференција на оваа тема, објави Коха.

Весникот пишува дека „оваа нивна мисија во 2018 година била успешна и контроверзниот Ерменец, кој меѓу другото, се сомнева дека бил вмешан во перење пари и присвојување на многу државни имоти во неговата земја, со приватниот авион е доведен на сигурно место“.

Според нивните извори, иако оваа шпионска спасувачка операција е откриена тогаш, со брза дипломатска реакција и на безбедносните структури на земјите вклучени во овој случај, овој случај е замолчен, се до скоро кога повторно го активирале австриските власти.

„Врз основа на нивната потерница, минатата недела – Миле Миленкоски бил уапсен во Врање, Србија, придружуван од неговиот колега (В.С.), кој сега е пензиониран дипломат, но кој бил дел од операцијата во Ерменија во 2018 година“. Иако весникот пишува дека и двајцата се притворени од страна на српските власти, според соопштението на МНР, во притвор е само Миленкоски.

Инаку Миле Миленкоски е познат по своите контроверзни потези уште од почетокот на својата работа во македонската дипломатија. Имено, бил осомничен како вмешан во финансиска измама во македонскиот конзулат во Детроит, од каде потоа бил префрлен во Чикаго во август 2011 година, каде според неговата биографија поминал 10 години и 2 месеци. Таму, тој физички се пресметал со генералниот конзул, и потоа е испратен во Вашингтон, по бидејќи постојано предизвикувал инциденти, на барање на поранешниот амбасадор во Вашингтон, Зоран Јолевски е вратен во Скопје.

Во 2017 година, Миленкоски се приклучил на Македонската мисија на ОБСЕ во Виена, како заменик на тогашниот амбасадор, Кире Илиовски, но темпераментниот дипломат и со него физички се пресметувал, пишува Коха.

Скандалот со ерменскиот политичар за кој деновиве е уапсен во Србија, го извршил додека бил во Мисијата на ОБСЕ во Виена и непознато е како и покрај сите скандали и инциденти кои ги правел како македонски дипломат во САД и Европа, пред неколку месеци повторно е реизбран на конкурсот на МНР за заменик шеф на Мисијата на Македонија во ОБСЕ во Виена.

Неговото назначување наводно било направено без одобрение од раководителот на Дирекцијата за правни и конзуларни услуги при МНР и дека извесни високи безбедносни структури во земјава му дале поддршка повторно да се врати во дипломатијата и покрај тоа што биле запознаени со неговото скандалозно однесување и склоност кон злоупотреби на дипломатската функција.

Македонија

За пет дена во октомври во Тетово освоени се над ТРИ МИЛИОНИ денари

Published

on

Во октомври, за само пет дена, во Тетово, освоени се повеќе од три милиони денари во категоријата на „Милионер џекпот“ добивките, велат од Државната Видеолотарија на Македонија.

Првиот џекпот го регистрираат на 15 октомври, во износ од 1.718.893 денари во Тетово. На 20 октомври добивката кај видеолотариските терминали е регистриран во износ од 1.582.574 денари.

Од Државната Видеолотарија исто така велат дека добивките продолжуваат да се движат во вредност од 1.200.000 до 1.800.000 денари.

Continue Reading

Македонија

Заев: 31 Октомври за мене е „all in“, никој не е вечен, политичарите доаѓаат и заминуваат (Видео)

Published

on

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека 31 октомври, односно вториот круг од локалните избори за него е „all in“.

„Се носи одлуката и граѓаните треба да си знаат. Ова не е никаква закана, ова е чесно споделување на чувствата. Јас реков никој не е определен и гарантиран од татко му или од партијата дека ќе биде таму и таму… Важен е само народот и државата, се друго е минливо“, додаде Заев.

Continue Reading

Македонија

Заев: СДСМ е партија која ги слуша луѓето, граѓаните ни дадоа ЖОЛТ картон

Published

on

– Во овие моменти навистина значи јасно и јавно искажаната определба да бидеме обединети во исполнувањето на очекувањата на граѓаните и во обезбедувањето подобра иднина за целиот наш народ. Денеска се разобличија сите дезинформации кои ги слушавме претходните денови за наводни нови мнозинства. Денеска имаме јасна потврда, имаме владино мнозинство и владина коалиција која е стабилна, обединета, коалиција која го води нашето општество напред, силна и сплотена. Продолжуваме да работиме посветено заедно за доброто на граѓаните, истакна Заев.

Осврнувајќи се на резултатите од првиот изборен круг Заев истакна дека Владата добила „жолт картон“ од граѓаните и од тоа колку ќе го послушаат нивниот глас ќе зависи дали тој ќе стане „црвен“.

 Граѓаните ни упатија јасна критика, опомена, би рекол и казна, ние тој став, тој глас го слушаме, го разбираме и го уважуваме. Барам да се сплотиме и обединиме околу оваа наша јасна и заедничка цел, да се обединиме сите. Во име на се што постигнавме досега сакам да пратам јасна порака на заедничко дејствување, бидејќи постои ризик земјата да ни се врати назад, додаде Зоран Заев.

Тој истакна дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки, бидејќи СДСМ е партија која ги слуша луѓето, а не гази врз нив, учи, се менува и ги поправа сопствените грешки за да обезбеди брз напредок на државата и подобар живот за граѓаните.

Народот на 31 октомври ќе одлучи дали е за слобода, демократија, интеграции и дома и во ЕУ или е за нов режим и нови поделби дома и кавги со соседите и светот. На 31 октомври народот всушност ќе ја донесе одлуката за се. Целосно, комплетно. Народе мој, демосот во демократијата одлучува, до народот, до секој од вас, до нас, поединечно и персонално: да не се враќаме назад, да се исправиме, да се обединиме и да одиме напред. Борбата не чека. Борба за подобар економски стандард, борба за интеграција во ЕУ, за подобро владеење на правото, за повисоки плати и пензии, за повеќе среќа дома, а не нови кавги, поделби и уназадувања. Сограѓани мои одиме напред, ајде на гласање на 31-ви за најдоброто, порача Заев.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк