Connect with us

Скопје

Шилегов: Ќе победам во ПРВ круг, ама Бени ќе ме поддржи во ВТОР круг !?

Published

on

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје пред неколлку дена во изјава рече дека сигурно ќе победи во првиот круг на локалните избори на 17-ти октомври, додека пак денеска на прес конференција истакна пак дека Бени Шаќири кандидатот на ДОМ и ЛДП за Скопје, рече дека биле другари и дека ќе го поддржел во вториот круг.

– Јас кажав на почетокот на кандидирање, се додека ставовите на луѓето кои се кандидираат се однесуваат лично на мене, нема да ги коментирам. Секогаш сум спремен да дебатирам со кого и да е, за визијата за Скопје и за развојот на нашиот град. Секој има право да се надева на успех во изборниот циклус. Тоа право му го давам и на господинот Георгиевски. Впричем, јас сум убеден во победата уште во првиот круг. Ќе кажат граѓаните на 17 октомри. Мислам дека е во заблуда – рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на настанот за почеток на изградба на клучка на булеварот „Словенија“ и Качанички пат.

Коментирајќи ја кандидатурата на Бени Шаќири за градоначаник на Скопје од страна на партиите ДОМ и ЛДП, Шилегов денеска изрази убедување дека во вториот круг Шаќири него ќе го поддржи.

– Јас и Бени сме другари, пријатели. Јас ја почитувам сечија амбиција да направи исчекор во политиката во нашата држава. Јас убеден доколку има втор круг, Бени Шаќири ќе ме поддржи мене, рече тој.

Изгледа Шилегов има нови анкети, чим од сигурна побда во првиот круг пред само неколку дена, денеска вели дека ќе се оди на втор круг со поддршка од Шаќири.

Скопје

Каков народ, таква елка на плоштад… (Фото)

Published

on

Елката во Скопје иако крива, но и недокитена – стана популарната во Македонија. Ги засени сите декорации направени во другите делови од Македонија, но и другите општини во Скопје. Никој не знае зошто не е целосно украсена, а ниту која е фирмата која ја поставува за што ќе треба да платат скопјани. За нејзината популарност зборуваат бројните коментари и фотографии со неа.

„Каков народ, таква елка на плоштад: сиромашен, ужасен, грд за гледање“, стои во коментар на „Х“.

Да видиме што велат граѓаните:

Continue Reading

Скопје

О.У. Песталоци во тишина: Прости ни Вања, не знаеме како да се поздравиме…

Published

on

Тага и молк во основното училиште на убиената Вања Ѓорчевска. Во Ј.Х.Песталоци отворена книга на жалост. Се потпишуваат родители, познаници, но и соученици.Наместо детски џагор, тишина низ школскиот двор.

-Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.
Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме…
Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.
Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!- стои во објавата.

Continue Reading

Македонија

Умре и Флопи – Зоолошка Скопје остана без жирафи

Published

on

Умре и третата жирафа во скопската Зоолошка градина Флопи. Како што дозна САКАМДАКАЖАМ.МК од  вработени во градината, единствената жирафа која остана во градината починала вчера попладне.

Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава умре Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.

Жирафите Тобого, Каспер и Флопи беа омилените жители на посетителите во скопската зоолошка градина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк