Connect with us

Скопје

Неколку УЛИЦИ во Скопје денеска од 11 часот ќе бидат ЗАТВОРЕНИ за сообраќај

Published

on

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста денеска почнувајќи од 11:00 часот во централното градско подрачје ќе има изменет сообраќааен режим.

– Затворени за сообраќај ќе бидат: ул.„11 Октомври” и ул. „Димитрие Чупоски” во правец на движење од ул.„Васил Главинов”  до ул.„Филип Втори Македонски”, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15:00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека од 23 часот на 07.09.2021 до 11:00 часот на 08.09.2021 година  дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул.„Даме Груев” на потегот  од крстосницата со ул.„Македонија” до крстосницата со ул.„11-ти Октомври” и ул.„Филип Втори” на потег од „Кеј13 Ноември” до ул.„11 Октомври” и ул.„11 Октомври” на потегот од бул. „Кочо Рацин” до ул. „Даме Груев”.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници

Скопје

Каков народ, таква елка на плоштад… (Фото)

Published

on

Елката во Скопје иако крива, но и недокитена – стана популарната во Македонија. Ги засени сите декорации направени во другите делови од Македонија, но и другите општини во Скопје. Никој не знае зошто не е целосно украсена, а ниту која е фирмата која ја поставува за што ќе треба да платат скопјани. За нејзината популарност зборуваат бројните коментари и фотографии со неа.

„Каков народ, таква елка на плоштад: сиромашен, ужасен, грд за гледање“, стои во коментар на „Х“.

Да видиме што велат граѓаните:

Continue Reading

Скопје

О.У. Песталоци во тишина: Прости ни Вања, не знаеме како да се поздравиме…

Published

on

Тага и молк во основното училиште на убиената Вања Ѓорчевска. Во Ј.Х.Песталоци отворена книга на жалост. Се потпишуваат родители, познаници, но и соученици.Наместо детски џагор, тишина низ школскиот двор.

-Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.
Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме…
Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.
Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!- стои во објавата.

Continue Reading

Македонија

Умре и Флопи – Зоолошка Скопје остана без жирафи

Published

on

Умре и третата жирафа во скопската Зоолошка градина Флопи. Како што дозна САКАМДАКАЖАМ.МК од  вработени во градината, единствената жирафа која остана во градината починала вчера попладне.

Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава умре Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.

Жирафите Тобого, Каспер и Флопи беа омилените жители на посетителите во скопската зоолошка градина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк