Connect with us

Македонија

Страотна несреќа му се случува на Тетово, се утврдува бројот на жртвите во пожарот (Видео)

Published

on

Има жртви во пожарот, но не би можел да го кажам нивниот број, изјави пред малку вториот човек на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски за Алсат-М. Во продолжение го пренесуваме целиот разговор со новинарот на националната телевизија.

На лице место се многу новинарски екипи, надлежните го утврдуваат бројот на жртвите 🙁

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи даде изјава за МИА

Според информации на терен Алсат М пренесува дека станува збор за 15-тина лица кои се починати во пожарот неофицијално од екипите на терен.

Во Кризниот штаб во Општина Тетово се упатуваат екипите, каде ќе се чекаат дополнителни информации за состојбата.

Македонија

Инженерот Бајрами: Објектите изградени по сличен принцип на тетовската модуларна НЕ СЕ БЕЗБЕДНИ

Published

on

По трагичниот настан, додека изведувачот не обезбеди спецификација за да докаже дека материјалот е отпорен на пожар, технички јас изјавувам дека сите објекти изградени по сличен принцип не се безбедни, вели  инженерот Неџат Бајрами.

Тој посочи дека брзината брзината со која изгоре модуларниот центар во Тетово покажа дека објектот немал противпожарен систем и дека материјалот од кој е изграден не бил отпорен на пожар

Додава дека освен пропустите во тендерската документација, прекршен е и Законот за градење, во кој пишува: Основните барања за градбата се однесуваат на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, заштита од пожар, санитарна и здравствена заштита.

Бајрами за ТВ 21 рече дека ја проверил тендерската документација на модуларната болница во Скопје, каде, како што тврди, никаде не пишува дека е користен материјал отпорен на пожар.

Најголемиот пропуст го гледам во тендерската документација каде никаде, во ниту една точка не е предвидено користење на материјал отпорен на пожар. За изградба на модуларните објекти се користат „сендвич панели“, меѓутоа има голема разлика меѓу различните видови, зависно од материјалот кој е користен, посочи Неџат Бајрами.

По големиот пожар што избувна во тетовскиот ковид-центар, премиерот Зоран Заев изјави дека се засилени контролите во модуларните болници со цел да не се повторат вакви несреќи.

Во земјава се изградени 19 модуларни болници со цел да им помогнат на болничките капацитети во борбата против Ковид-19. Недоследностите дека овие објекти се изградени од материјали неотпорни на пожар и дека немале противпожарен систем, излегоа на виделина по пожарот во ковид-центарот во Тетово, каде животот трагично го загубија 14 лица.

Continue Reading

Македонија

Паника во Аеродром, експлозија и запалено возило (ВИДЕО)

Published

on

Автомобил се запали вечерва околу 19 часот на паркинг во улициата „Методија Шаторов Шарло“ во Аеродром. Соседите рекле дека слушнале силна експлозија и веднаш излегле надвор, а тогаш забележале дека автомобилот е во пламен.

Командирот на Противпожарната единица, Владимир Симоновски, за порталот Нова изјавил дека нема потреба од вознемиреност и дека не постои никаква опасност за зградата.

Continue Reading

Македонија

„ПОЧИТУВАНИ КОЛЕКТОРИ“ – Заев ги поздрави колекторите (ВИДЕО)

Published

on

Премиерот Зоран Заев при посетата во Штип денеска во своето обраќање на самиот почеток покрај присутните ги поздрави и колекторите.

„Почитувани претставници на изведувачите Искра Словенија и Искра Македонија, колектори кои што сте вградени овде, почитувани претставници на Јавното претпријатие хидросистем Злетовица“ изјави Заев.

Инаку Заев придружуван од Фатмир Битиќи, Благој Бочварски и Сашко Николов, присуствуваа на настан со кој започна тестирањето на пречистителната станица во Штип како дел од повеќенаменскиот капитален проект – хидросистемот „Злетовица“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк