Connect with us

Македонија

Директорите на ЈЗУ со писмо до Заев: Не ја прифаќаме оставката на Филипче

Published

on

Директорите на Јавните здравствени установи, коишто инаку ги именуваат владејачките партии, испратија во саботата писмо до премиерот Зоран Заев во кое наведуваат дека не ја прифаќаат понудената оставка на министерот за здравство и потпретседател на владејачката СДСМ,  Венко Филипче“ и посочуваат дека “му даваат безрезервна поддршка да продолжи да ги води“.

„Почитуван премиер, во екот на четвртиот бран од пандемијата со корона вирусот, кога бројките на хоспитализирани и, за жал, починати пациенти не стивнувнаат и кога целиот здравствен систем се бори не само со короната, туку и со сите останати хронични и акутни болести, ни се случи една голема трагедија. Тетово не погоди сите нас, пред се како луѓе, лекари и како менаџери на здравствените институции во нашата држава. Секој изгубен живот е трагедија. Како за семејството, така и за нас, лекарите. Не сме имуни на болката по изгубениот живот, иако работиме во систем каде секојдневно се спасуваат и гаснат човечки животи. Болката ја носиме со себе. И Тетово е болка на сите нас. Изразуваме длабоко сочуство до семејствата и до најблиските на починатите. Нашите мисли се нив и нема зборови со кои може да ги утешиме, стои во писмото од директорите.

Пандемијата, посочуваат тие, се уште трае и болниците се преполни со тешки пациенти.

Потенцираат дека во моментов 1.112 пациени со тешки симтоми се лекуваат во ковид одделенијата, околу 30 пациенти се на респиратор, а близу 700 се на кислородна маска.

„Триесетина пациенти денес се борат да преживеат. Се лекуваат во систем кој го постави и секојдневно го менаџира заедно со сите нас д-р Венко Филипче. Тој е всушност столбот на овој систем, систем кој докажа дека спасува животи. Благодарение на тој систем успеавме да ги лекуваме ковид болните, но во исто време да ги згрижиме сите останати пациенти со други болести од почетокот на пандемијата. Се донесоа тешки одлуки, одлуки кои беа пресудни и помогнаа да излеземе од вториот, третиот и да се справуваме успешно со четвртиот бран на пандемијата. Уморни, истрошени понекогаш и деморализрани, соочени неретко со гневот на јавноста. Во сето нашиот стожер беше и е д-р Филипче. Човекот кој секогаш го превземаше товарот на заедничките одлуки. Тоа е водач и конструктивен партнер. Тој е човекот кој не водеше низ тешките и помалку тешки моменти, кој никогаш не престана да верува во системот и во неговите колеги. Тој го познава здравениот систем, неговите недостатоци и можности. Во изминативе 18 месеци слоганот „Слушај го Венко”, не беше само слоган, беше начин на живот, не само за нас, туку и за цела држава, нагласуваат директорите на јавните здравствени установи.

Според нив Филипче го врати дигнитетот на професијата лекар.

„Наместо руинирано здравство, сега имаме реновирани и достоинствени услови за работа, по современ европски терк. Тој знае дека секоја инвестицијата во здравството е инвестиција за иднината. Кога целиот свет се бореше за парче заштитна опрема, тој ја обезбеди за нас. Успеа да ги помери границите и да набави терапии за пациентите со ретки болести и современа терапија за пациентите со малигни болести. Тој го укина паралелен увоз на лекови. Се воведоа нови методи за лекување во нашето здавство, услуги за кои порано нашите граѓани патуваа во странство. Кај илјадници лица успеа да поттикне свеста за донирање на органи и коскена срцевина. Затоа, во име на сите директори на јавните здравствени установи во земјава, категорично ја одбиваме оставката на министерот за здравство, д-р Венко Филипче и му даваме безрезервна поддршка да продолжи да нѐ води“, стои во писмото.

Неоправданиот страв, стигма и дискриминација, посочуваат тие, не придонесуваат кон напредокот на кој целиме.

„Почитуван премиер, не ја прифаќајте оставката на министерот Филипче, само сфатете ја како длабоко морален чин на човек кој демонстрира висок степен на етика, морал, ематија и алтруизам. Почитуван д-р Филипче, продолжете да не мотивирате, за да можеме да ги претвориме емоциите во иницијатива за уште подобар здравственот систем. Нема оставка за министерот Филипче!“, стои во писмото од директорите на јавните здравствени установи упатено до премиерот Заев.

Македонија

За пет дена во октомври во Тетово освоени се над ТРИ МИЛИОНИ денари

Published

on

Во октомври, за само пет дена, во Тетово, освоени се повеќе од три милиони денари во категоријата на „Милионер џекпот“ добивките, велат од Државната Видеолотарија на Македонија.

Првиот џекпот го регистрираат на 15 октомври, во износ од 1.718.893 денари во Тетово. На 20 октомври добивката кај видеолотариските терминали е регистриран во износ од 1.582.574 денари.

Од Државната Видеолотарија исто така велат дека добивките продолжуваат да се движат во вредност од 1.200.000 до 1.800.000 денари.

Continue Reading

Македонија

Заев: 31 Октомври за мене е „all in“, никој не е вечен, политичарите доаѓаат и заминуваат (Видео)

Published

on

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека 31 октомври, односно вториот круг од локалните избори за него е „all in“.

„Се носи одлуката и граѓаните треба да си знаат. Ова не е никаква закана, ова е чесно споделување на чувствата. Јас реков никој не е определен и гарантиран од татко му или од партијата дека ќе биде таму и таму… Важен е само народот и државата, се друго е минливо“, додаде Заев.

Continue Reading

Македонија

Заев: СДСМ е партија која ги слуша луѓето, граѓаните ни дадоа ЖОЛТ картон

Published

on

– Во овие моменти навистина значи јасно и јавно искажаната определба да бидеме обединети во исполнувањето на очекувањата на граѓаните и во обезбедувањето подобра иднина за целиот наш народ. Денеска се разобличија сите дезинформации кои ги слушавме претходните денови за наводни нови мнозинства. Денеска имаме јасна потврда, имаме владино мнозинство и владина коалиција која е стабилна, обединета, коалиција која го води нашето општество напред, силна и сплотена. Продолжуваме да работиме посветено заедно за доброто на граѓаните, истакна Заев.

Осврнувајќи се на резултатите од првиот изборен круг Заев истакна дека Владата добила „жолт картон“ од граѓаните и од тоа колку ќе го послушаат нивниот глас ќе зависи дали тој ќе стане „црвен“.

 Граѓаните ни упатија јасна критика, опомена, би рекол и казна, ние тој став, тој глас го слушаме, го разбираме и го уважуваме. Барам да се сплотиме и обединиме околу оваа наша јасна и заедничка цел, да се обединиме сите. Во име на се што постигнавме досега сакам да пратам јасна порака на заедничко дејствување, бидејќи постои ризик земјата да ни се врати назад, додаде Зоран Заев.

Тој истакна дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки, бидејќи СДСМ е партија која ги слуша луѓето, а не гази врз нив, учи, се менува и ги поправа сопствените грешки за да обезбеди брз напредок на државата и подобар живот за граѓаните.

Народот на 31 октомври ќе одлучи дали е за слобода, демократија, интеграции и дома и во ЕУ или е за нов режим и нови поделби дома и кавги со соседите и светот. На 31 октомври народот всушност ќе ја донесе одлуката за се. Целосно, комплетно. Народе мој, демосот во демократијата одлучува, до народот, до секој од вас, до нас, поединечно и персонално: да не се враќаме назад, да се исправиме, да се обединиме и да одиме напред. Борбата не чека. Борба за подобар економски стандард, борба за интеграција во ЕУ, за подобро владеење на правото, за повисоки плати и пензии, за повеќе среќа дома, а не нови кавги, поделби и уназадувања. Сограѓани мои одиме напред, ајде на гласање на 31-ви за најдоброто, порача Заев.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк