Connect with us

Македонија

Д-р Шопова: Директорите бараат Филипче да остане? Да ви кажам нештo…

Прим. д-р Жаклина Шопова е инфектолог, вработена на ЈЗУ „Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби“ – Скопје. Таа во статус на Фејсбук пишува за барањето на директорите на сите ЈЗУ министерот за здравство Венко Филипче да остане на функцијата.

Ако директорите бараат од премиерот да остане Филипче, јас ќе се потрудам да го кажам спротивното:

1. Велите: пандемијата трае, болниците се преполни… ЗОШТО!?
Заради Венко и неговата/вашата неспособност за менаџирање.

2. 1112 пациенти со тешка клиничка слика се лекуваат, 30 пациенти се на респиратор (само не кажувате на кои респиратори, тие што требаше да ги добиеме, да ги набави Венко или …),

700 пациенти се на кислородна подршка со маска. ЗОШТО!?

Заради Венко и сите вас кои не ги припремивте и не ги дистрибуравте протоколите за третман на секое ниво во здравството низ целата Република, бидејќи не направивте план за белиот мантил, бидејќи преку ноќ ги претворате болниците во ковид центри, бидејќи им го одземавте со закон загарантораното право на сите останати пациенти со други хронични болести да се лекуваат во јавното здравство, па мораа на сопствен трошок да се лекуваат по приватните болници.

Ќе ве прашам, бидејќи горе го имате одговорот:

За каков систем зборутате за кој столб во здравството зборувате? … ако сте тоа вие и Филипче тогаш оддамна требаше да се повлечете!

Го споменувате слоганот “Слушај го Венко ” кој го користевте/ користите за политички маркетинг на Венко, на вас, како што ги користевте здравствените работници кои ги нарекувавте херои …
Велите дека дигнитетот на професијата лекар е вратена. Со што?:
*со билбордите кои без дозвола на лекарите ги објавувавте се со цел да си го зголемите рејтингот
* со одлевање на здравствените работници, медицински сестри по приватните болници заради вашата добра здравствена политика… па и со нив се фотографиравте за да ги прикрие Венко своите и вашите неспособности за менаџирање!?

Лекарите не ги добија ветените 100 000 ден. Не ги добија 5 отсто покачување на плата за 9 месеци, им ги оддземавте годишните одмори за една година…не добија многу од ветувањата на Венко, но тоа е…

НИЕ: Лекарите, медицинските сестри, лаборантите, болничарите, хигиеничарите, сервирките, административните работници како и се што е во сектор здравство, иако сме деградирани од ВАС продолживме и се уште сме со нашите пациенти, се бориме во услови такви какви што сте ни обезбедиле, за секој човечки живот секое деноноќие…

И на крај велите руинираното здравство го подигнал Венко, Вие!?
Дали тоа се модуларните болници кои наместо по светски стандарди за што земавте кредит ги изградивте по стандарди
Заев- Филипче-Анѓушев!?

Дали е сега јасно зошто задоцнетата оставка на Филипче, која ви ги доведе во прашање и вашите директорски места треба и со вашето и без вашето писмо, и без директивите за зголемувањето на рејтингот на Филипче по социјалните мрежи, со постирање на неговата слика како профилна слика на статусите (можеби за да се оддолжите за вработување унапредување или сл. што ви ги обезбедил Филипче), г-динот Зоран Заев ТРЕБА ДА ЈА ПРИФАТИ за доброто на народот!

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Андоновски најави: Доаѓа единствениот електронски идентификациски број за сите граѓани

Иако технолошката основа постои, македонските институции функционираат како „засебни острови“ и го кочат дигиталниот развој на државата, порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Скопје. На годишната конференција на Американската стопанска комора, тој отворено ја критикуваше администрацијата и најави радикални мерки за искористување на заспаниот потенцијал на Платформата за интероперабилност.

„Не се доволни 2,6 милиони трансакции месечно на оваа платформа, може и мора да има десет пати повеќе“, беше јасен Андоновски. И покрај огромниот раст од 274% во ноември 2024 година во споредба со просекот, министерот смета дека тоа е само почеток. Проблемот не е во ИТ-то, туку во менталитетот и однесувањето на институциите.

„Вчера од еден од покрупните директори слушнав ваква констатација – тоа е мој податок што го прибирам по мои закони и немам зошто да го споделувам со друга институција од друг сектор. Проблемот е системски во размислувањето на администрацијата.“

Во насока на поврзување на податоците и заштита на граѓаните, Андоновски откри дека вчера Владата ги прифатила измените на Законот за Централен регистар на население, со што се воведува единствен електронски број на граѓанинот.

Овој број ќе биде анонимизиран матичен број. Ќе биде реплициран и во единствениот даночен број за граѓаните. Целта е да се поврзат податоците за секој граѓанин без да се загрози неговата приватност.

Иако Платформата за интероперабилност е задолжителна за сите 400 државни институции, досега се приклучени само 78. Министерот вели дека ова мора да се промени.

За првпат, со законски измени се воведува инспекциски надзор и се формира сектор за контрола. Конечно се предвидени казни и санкции за институциите кои одбиваат да се приклучат и да разменуваат податоци. Се очекува наскоро да се приклучат и коморите на нотарите, извршителите и адвокатите, како и приватните компании, кои сè уште се само десетина.

Андоновски истакна дека Македонија, за разлика од многу други држави, веќе ја има технолошката основа за комуникација меѓу институциите. „Има и поразвиени држави од нас кои ја немаат оваа платформа и за секоја услуга развиваат билатерални врски една со друга институција. Тоа кај нас е олеснето“, рече тој.

Министерството веќе работи на инсталирање на набавената нова хардверска инфраструктура за забрзување на размената и зголемување на безбедноста.

„Секоја нова електронска услуга нема да ја поддржуваме сè додека нема информација дека ја користи платформата во вистинска смисла.“

Најавени се и активности за дигитализација и приклучување на клучни регистри како Регистарот за адреси и новиот Интегриран информациски систем за управување со финансии (ИФМИС) во Министерството за финансии.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска: Јавниот обвинител треба да биде отпорен на политички влијанија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека јавниот обвинител треба да биде бескомпромисен во почитувањето на законот, заколнат борец за владеење на правото и отпорен на партиски и политички влијанија, нагласувајќи дека тоа е клучно за успешни судски реформи.

Сиљановска Давкова коментираше и за последната одлука на Владата за продолжување на постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, потсетувајќи дека постојат јасни законски процедури за избор и разрешување на обвинител. Таа нагласи дека целосната транспарентност и професионалност во работењето на обвинителите е неопходна за намалување на корупцијата и криминалот, кои се глобален проблем според последниот Евробарометар.

Претседателката оцени дека законските измени што Владата ги испрати на Венецијанската комисија претставуваат значаен чекор кон подобро регрутирање и функционирање на Судскиот совет и судскиот систем, со цел да се зајакне владеењето на правото и транспарентноста во правосудството.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг