Connect with us

Македонија

Пратениците ќе одлучуваат за испраќање македонски војници во операции во Либан и во Африка

Published

on

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја започне 50. седница. На дневен ред се четириесетина закони во прво и во второ читање, одлуки, автентични толкувања и годишни извештаи. Ова е прва седница по годишниот одмор на пратениците.

Пратениците треба да гласаат за предлог одлуки за испраќање на војници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, Република Либан и „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, како и неколку закони во второ читање од областа на животната средина како дополнетиот предлог на закон за управување со отпадот, Дополнет Предлог на закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Дополнет предлог на закон за управување со пакување и отпад од пакување и Дополнет предлог на закон за управување со дополнителни текови на отпад.

На дневен ред се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог на закон за изменување на Законот за метрологијата, Предлог на закон за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за занаетчиство и Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба и други.

Пратениците треба да одлучуваат и за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, во второ читање поднесен од владејачкото мнозинство. По скратена постапка се измените и дополнувањата на Законот за здравственото осигурување, закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, дополнување на Законот за облигационите односи, и други.

На ова заседание е и Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република  Македонија за 2020 година,  Предлог на стратегија за родова еднаквост 2021-2026, измени и дополнување на Законот за внатрешни работи, на Законот за полиција, на Законот за иновациската дејност сите во прво читање. На дневен ред е и Предлог на закон за лековите, Предлог на закон за парничната постапка, Предлог на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, сите во прво читање.

Македонија

(Boзнемиpyвачко видео) Heма Брза пoмoш! Момче во чapшаф го носат во бoлница

Published

on

Драматично видео на Фејсбук сподели претседателот на Народната партија на Ромите, Геге Демировски кој во разговор со Инфомакс ни посочи дека се работи за случка во Струмица.

Се работи за младо момче кое има сериозни здравствени проблеми, но брза помош нема па така фамилијата и комшиите во чаршаф како импровизирана носилка го носат во болница.

Граѓаните во видеото и самите посочуваат дека ја побарале брзата помош, но немало екипа која може да им помогне.

Вo носилката се гледа млад човек кој е во безсознание и тешка здравствена состојба.

Continue Reading

Македонија

Инженерот Бајрами: Објектите изградени по сличен принцип на тетовската модуларна НЕ СЕ БЕЗБЕДНИ

Published

on

По трагичниот настан, додека изведувачот не обезбеди спецификација за да докаже дека материјалот е отпорен на пожар, технички јас изјавувам дека сите објекти изградени по сличен принцип не се безбедни, вели  инженерот Неџат Бајрами.

Тој посочи дека брзината брзината со која изгоре модуларниот центар во Тетово покажа дека објектот немал противпожарен систем и дека материјалот од кој е изграден не бил отпорен на пожар

Додава дека освен пропустите во тендерската документација, прекршен е и Законот за градење, во кој пишува: Основните барања за градбата се однесуваат на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, заштита од пожар, санитарна и здравствена заштита.

Бајрами за ТВ 21 рече дека ја проверил тендерската документација на модуларната болница во Скопје, каде, како што тврди, никаде не пишува дека е користен материјал отпорен на пожар.

Најголемиот пропуст го гледам во тендерската документација каде никаде, во ниту една точка не е предвидено користење на материјал отпорен на пожар. За изградба на модуларните објекти се користат „сендвич панели“, меѓутоа има голема разлика меѓу различните видови, зависно од материјалот кој е користен, посочи Неџат Бајрами.

По големиот пожар што избувна во тетовскиот ковид-центар, премиерот Зоран Заев изјави дека се засилени контролите во модуларните болници со цел да не се повторат вакви несреќи.

Во земјава се изградени 19 модуларни болници со цел да им помогнат на болничките капацитети во борбата против Ковид-19. Недоследностите дека овие објекти се изградени од материјали неотпорни на пожар и дека немале противпожарен систем, излегоа на виделина по пожарот во ковид-центарот во Тетово, каде животот трагично го загубија 14 лица.

Continue Reading

Македонија

Паника во Аеродром, експлозија и запалено возило (ВИДЕО)

Published

on

Автомобил се запали вечерва околу 19 часот на паркинг во улициата „Методија Шаторов Шарло“ во Аеродром. Соседите рекле дека слушнале силна експлозија и веднаш излегле надвор, а тогаш забележале дека автомобилот е во пламен.

Командирот на Противпожарната единица, Владимир Симоновски, за порталот Нова изјавил дека нема потреба од вознемиреност и дека не постои никаква опасност за зградата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк