Connect with us

Забава

Мотивација: Манекенка со инвалидитет која ги руши сите предрасуди

Published

on

23-годишната Викторија Салседо од Еквадор, ги руши предрасудите во светот, откако ја започна својата кариера како манекенка и покрај тоа што на 5-годишна возраст ги има изгубено двете раце и левата нога, преживувајќи струен у дар.

Несреќната случка се случила на 11-ти ноември 2001 година кога Викторија си играла во својата соба и со метална шипка случајно допрела жица под висок напон. Струјниот у дар ѝ предизвикал изгореници од трет степен, а докторите морале да ѝ ги ампу тираат двете раце и едната нога.

Растејќи без екстремитети, Викторија морала повторно да ги учи сите основни задачи. По неср*ќата ѝ биле вградени протези, но никогаш не ги сакала. Како што растела, ѝ било тешко да развие свест за тоа дека се разликува од другите.

„Размислував многу за тоа што прво би направила кога би имала раце. Но, знам дека тоа е невозможно така што таквите мисли повеќе не ме мачат“, вели Салседо.

И покрај инвалидитетот, оваа млада девојка одлучила да се пријави на натпреварот за Мис Еквадор и да ги сруши сите предрасуди. На тој начин сакала да испрати порака и да го подигне гласот за сите оние кои се сомневаат во себе.

И покрај напорите, Викторија не успеала да се пласира помеѓу 10-те финалистки за Мис Еквадор, но со своето појавување таа направила и многу повеќе од тоа. Имено, иницирала разговори поврзани со лицата со инвалидитет и сонот и тие еден ден да бидат крунисани.

„Најмоќната работа која човекот ја има е отпорноста и способноста да се прилагоди на нови околности и да го извлече најдоброто од секоја ситуација“, порачува 23-годишната девојка и додава:

„Сè е во ставот кон животот и вербата во себе. Јас сум жена со соништа и ако не преземам нешто, никој нема да го направи тоа за мене“.

Текст на Скопје24.мк

Забава

Таљат пeeше песна од Мајкл Џексон: Водителката се изнасмеа – погледнете ја легендава како звучи (ВИДЕО)

Published

on

Како гостин на утринската емисија на Сител, Дритон Вејсели попознат како Таљат од Преспав имаше предизвик да го отпее Мајкл Џексон. Тој пееше и детска песна.

Дека ликов сам по себе е уникат, зборува и ова видео.

Инаку, тој открива дека е сопственик на слаткарница, односно е трет во низата во семејството кој ја продолжува традицијата на Малага.

Во интервјуто на Сител ја пее „Боби баш ми е гајле“. И мораме да признаеме звучи интересно.

Во продолжение ВИДЕО од оваа изведба и секако онаа од Мајкл Џексон:

Continue Reading

Забава

Никој не остана имун да не заплаче од новиот филм за Тома Здравковиќ (Видео)

Published

on

Филмот „Тома“ на Драган Бјелогрлиќ беше поздравен со големо воодушевување и позитивни критики низ целиот регион, иако некои од хрватската јавност не се воодушевени од најновото достигнување за легендарен пејач Тома Здравковиќ, останатиот дел од регионот само со пофалби за филмското достигнување на Бјелогрлиќ.


Познатиот хрватски теолог и филмски критичар Елејко Поробија, кој го сними филмот во Белград, ова достигнување го нарече несериозна и необврзувачка забава, која нема многу врска со реалноста иако филмот и глумата во него изгледаат многу реални за едно друго време кога музиката беше се’.

Во Македонија бројни граѓани кои филмот го гледаа онлајн во коментари низ социјалните мрежи велат дека нема кој не заплакал на истиот, како и дека е сниман со многу емоција и вистина за животот на познатиот пејач.

Самите пресудете, но спремете се за вистинско емотивно доживување:

На следниот линк можете да го гледате филмот онлајн:

https://onlinesaprevodom.net/toma/

Continue Reading

Забава

Рита Ора се СОБЛЕЧЕ, ГРАДИТЕ ЕДВАЈ ГИ ПОКРИ СО РАЦЕТЕ (ФОТО)

Published

on

Пејачката Рита Ора на Инстаграм објави серија голи фотографии направени во Малибу, Калифорнија што предизвика буре реакции на социјалните мрежи.

Таа позираше топлес и ги криеше градите со рацете, во рурален амбиент пред дрвена куќа.

„Лов за зајдисонце“, напиша пејачката во описот на објавата, која собра повеќе од 470 илјади лајкови. Коментарите, се разбира, вклучуваа комплименти од придружниците на Рита.

Ова е прв пат после долго време пејачката да е во фокусот на јавноста заради нејзиниот изглед, а не заради коментарите кои често знаат да бидат скандалозни.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк