Connect with us

Скопје

Отворете „четири очи“ кога се движите низ плоштадот Македонија (ФОТО)

Published

on

Плоштадот Македонија во Скопје изгледа како обележано минско поле, ова го потврдуваат и следните фотографии, а од истите можи да се заклучи дека Градот речиси и да не води грижа околу оддржувањето.

Прашањето кое што се поставува е „дали некој треба да се повреди, да скрши нога или рака за градоначалникот Петре Шилегов се освести и да се фати за работа за што има и должност и обврска?“.

Треба да зе напомене дека се она што ВМРО-ДПМНЕ изгради, од СДСМ очигледно е дека неможат да го оддржуваат, а за да направат или изградат нешто не станува ни збор.

Во продолжение фотографии од плоштадот Македонија, кој што наликува на обележано минско поле:

Скопје

Скандал во Скопје: Дрифт собир со 300 возила за време на ден на жалост!

Published

on

Додека цела земја тагува по трагедијата во Кочани, група несовесни граѓани организирале дрифт настан со над 300 возила на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“, притоа пријавувајќи „снимање спот“. Настанот резултирал со десетина судари и материјална штета.

Директорот на спортскиот центар, Данијел Апостолоски, жестоко реагираше, истакнувајќи дека не дал дозвола за ваков настан и дека вакво нешто никогаш нема да дозволи. Благодарение на брзата интервенција на МВР и ПС Карпош, собирот бил прекинат.

„Апелирам до сите граѓани да ги почитуваме деновите на жалост и да покажеме човечност. Жртвите и нивните семејства заслужуваат спокој и почит“, напиша Апостолоски во својата објава.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Скопје

Додека копале темели за нова зграда во Скопје, ја забетонирале и канализацијата !!!

Published

on

На улицата Мирче Оровчанец во центарот на Скопје, во близина на Универзална сала, затната е фекалната канализација бидејќи градежник додека градел зграда ја забетонирал цевката за фекалии. Градежникот додека ја правел јамата и копал за поставување на армирано бетонски колови, т.н. шипови, ја погодил цевката за канализација. Потоа додека полнеле со бетон, ја наполниле и цевката и таа е забетонирана. Сега фекалиите од останатите згради и куќи на улицата не можат да течат низ цевката и преку клозетските шолји ќе им се враќаат во домовите.
Сдк.Мк

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Поддршка за бизнисот и инвестициите низ целата држава

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. На средбата се разговараше за клучни теми како децентрализацијата, инвестиционата активност на општините и поддршката на бизнисот.

„Стопанската комора на Македонија ќе ги поддржи сите интенции на Владата кои одат во насока на остварување на раст од 4%, градењето на правна држава и почитувањето на принципите на пазарната економија,“ истакна Азески.

Ѓорѓиевски го информираше претседателот за активностите на општината, при што беше нагласена важноста на создавање поволна бизнис-клима, елиминирање на пречките за инвеститорите и поддршка на компаниите кои отвораат нови работни места и водат сметка за еколошките стандарди.

„Продолжуваме со активности за економски раст, подобрување на условите за бизнисите и развој на општините,“ порача Ѓорѓиевски.

 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк