Британската влада има намера, за секој случај, да ја мобилизира војска која ќе ја контролира ситуацијата во земја каде има недостаток на бензин.
Бидејќи паничното купување на бензин продолжи на почетокот на неделата, и покрај апелите на владините функционери да се контролираат купувачите, владата сега планира да ја ангажира армијата за да го одржува редот, изјави извор од Вајтхол за Скај њуз.
George Eustice says that Saturday saw demand for fuel at UK forecourts about 50% higher than normal levels but by Sunday it had gone down to 20% above average https://t.co/ldOyl5ABaW
Претходно, нафтените компании излегоа со заедничка изјава во која ги повикаа возачите да купуваат бензин како и обично, бидејќи го има доволно.
Има доволно горива во британските рафинерии и во пумпите и ние, како индустрија, соработуваме тесно со владата за да го направиме горивото достапно и доставено до пумпите во земјата. Бидејќи многу автомобили сега имаат повеќе гориво од вообичаеното, очекуваме побарувачката да се врати во нормала и ќе се намали притисокот на бензинските пумпи. Ги повикуваме сите да купуваат гориво како и обично, се вели во соопштението на водечките светски нафтени компании.
Паничното пазарење доведе до тоа многу индустрии, од таксисти, преку касапи до фудбалери, да имаат деловни проблеми, а здравствени установи да бараат приоритет во набавката на гориво.
Владата мора да ја преземе контролата. Основните работници мора да дојдат до своите работни места за да можат да ги обезбедат услугите од кои зависат многумина, рече синдикатот на здравствените работници.
Швајцарското село Албинен во кантонот Вале нуди повеќе од 50.000 евра на семејствата кои се подготвени да се преселат на 1.300 метри надморска височина каде што ќе ги пречека недопрената природа.
Имено, ова живописно село сместено на планинска падина последните години се соочува со проблем на депопулација поради недостиг на работа, а бидејќи има само околу 200 жители, швајцарската влада одлучила да им плати на луѓето да се преселат.
Владата нуди 25.000 евра за возрасен, 50.000 евра за двочлено семејство и дополнителни 10.000 евра по дете. Сепак, постојат неколку услови што мора да ги исполните.
10 години на село
Имено, сите оние кои сакаат да дојдат и да живеат тука од својата работа мора да бидат помлади од 45 години. Покрај тоа, тие мора да останат да живеат во селото најмалку 10 години.
Добиената финансиска поддршка мора да ја вложите во купување на недвижен имот со минимална вредност од 200.000 евра и тој да стане ваш постојан дом, а не второ живеалиште. Доколку ги прекршите условите, ќе мора да ги вратите парите на државата.
Дополнително, за да аплицирате, мора да сте швајцарски државјанин или да имате дозвола за постојан престој (Дозвола В). За оние кои доаѓаат од земја членка на Европската унија, дозволата може да се добие за пет години.
Банката на Ирска се соочи со криза откако многу нејзини клиенти се собраа на банкоматите обидувајќи се да го искористат компјутерски дефект. Илјадници луѓе се наредија пред филијалите за да подигнат пари што ги немаат на сметките. Во некои случаи, грешка во онлајн апликацијата им дозволуваше на луѓето без пари на нивната сметка да префрлат до 1.000 евра.
Дејли Мејл објави дека банката ги известила клиентите во раните попладневни часови дека има проблем со нејзината онлајн апликација за лично банкарство и веб-страница, откако претходно била преплавена со поплаки од клиенти.
До вечерта, клиентите на банките открија дека можат да подигнат готовина од банкомати иако имаат малку пари на нивните сметки. На властите им беше наложено да ги исчистат редиците надвор од банкоматите додека луѓето стоеја обидувајќи се да ја искористат грешката.
Откако веста се рашири на социјалните мрежи, избезуменото повлекување готовина продолжи во Даблин, Лимерик и Наван. Полицијата се обидуваше да ги запре, а граѓаните беа предупредени дека не постои бесплатна готовина и дека сите пари ќе мора да се вратат.
Големи поплави ја погодија Словенија на крајот на минатата недела, додека во Хрватска бројни реки соборија рекорди кога станува збор за нивото на водата.
Поплавите се забележани и од вселената. Споредбата на сателитски снимки Сентинел-1 САР пред поплавите на 24 јули и на денот на највисокото ниво на водата на 5 август ги покажува размерите на катастрофата, пишува „Н1“.
Според првата проценка, поплавената површина на овој простор е околу 13 километри квадратни.
Делови од Словенија се’ уште се поплавени, а многу патишта се затворени, јави денес словенечката новинска агенција СТА.