Им истури ВЕГЕТА и рече: Еве од охриѓани да си замезите со парите што ги ЛАПАВТЕ ❗

Вистинско шоу во студиото на ТВ24 вечерва направи кандидатот на ТМОРО за градоначалник на Охрид, Гоце Цветковски кој беше дел од предизборната дебата во која учествуваа и неговите противкандидати од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Цветковски кој во поголемиот дел од дебата преку себе носеше знаме со сонцето од Кутлеш и маица на која пишуваше „Север на мајка ти“ на БУГАРСКИ, во еден момент извади вегета и им ја даде на противкандидатите порачувајќи им „да замезат со парите што ги лапаат“.