Вчера заврши пописот, а попишани се 1.832.696 лица, додека преку интернет апликацијата, во дијаспората се самопопишани 204.805 македонски дравјани.
Од нив најмногу се попишани од западно-европските земји, а многу малку во прекуокеанските држави. Сепак Електронскиот попис покажа каде се има македонски граѓани во светот.
Според табелата на пописот Македонци има и во Северна Кореја и тоа 14. Македонци живеат на Малдивите, во Доминиканската Република, па дури и на Антарктикот. Во секоја земја во Африка живее барем по еден Македонец, а тоа значи дека повеќе од 200 нашинци живеат на овој континент. Најмногу Македонци има во Мали – 43, во Египет – 23, во Гана – 16, во Судан – 15, во Танзанија – 6, во Нигер – 2. Двајца Македонци живеат во Либиска Арапска Џамахирија, тројца во Јужен Судан, шестмина во Танзанија, двајца во Нигер, 16 во Палестина.
За тие кои одбиле да се попишат директорот на ДЗС Апостол Симовски рече дека тоа се изразува во промили, а не и во проценти.
„Минимална е бројката на граѓани кои одбиле да бидат попишани. Но и тие граѓани кои не се попишани, или не е успеано да бидат попишани, ќе влезат во податоците, зашто се дел од базите на податоци“, изјави директорот Симовски.
