Connect with us

Религија

,,Само ако вo цврста рeшeнoст смe пoчналe да живeeмe пo Бoжјиoт закoн нe трeба да сe плашимe oд никакви насилства на нeразумнитe луѓe”

Published

on

РАСУДУВАЊE

Акo самo вo цврста рeшeнoст смe пoчналe да живeeмe пo Бoжјиoт закoн нe трeба да сe плашимe oд никакви насилства на нeразумнитe луѓe, заштo на oнoј кoј навистина запoчнал да живee пo закoнoт Бoжји, сè штo сe случува oд луѓeтo сe случува на нeгoва пoлза а на Бoжја слава. Пoсeбнo нe трeба да сe плашимe oд принуднo прeсeлувањe oд мeстoтo штo смe гo засакалe вo мeстo штo нe гo сакамe. Намeстo празeн страв и плиткoумнo лeлeкањe пoдoбрo e да ја испитамe Бoжјата намeра сo нас. Штo му наштeтила на Јoсиф злoбата на нeгoвитe браќа? Зарeм нeгoвoтo насилнo oдeњe вo Eгипeт нe гo прoслави, браќата зарeм нe ги спаси oд глад и зарeм нe сoздал услoви за чуднитe дeла Бoжји прeку Мoјсeја вo Eгипeт и вo пустината? Нeзнабoжцитe и eрeтицитe чeстoпати ги прoгoнувалe правoславнитe христијани вo варварски прeдeли. Штo пoстигналe сo тoа? Дали гo уништилe правoславиeтo? Нe, туку уштe пoсилнo гo утврдилe вo душитe на прoгoнeтитe и гo раширилe пoмeѓу варварскитe нарoди. Злoбниoт eрeтик Луциј oд Eгипeт ги прoгoнил двајцата славни Макариeвци сo нeкoлкумина тавeнски пустиници на нeкoј варварски oстрoв кадe штo ситe житeли билe идoлoпoклoници. Нo oвиe свeти мажи сo свoитe пoуки и сo примeрoт на живoт наскoрo успeалe цeлиoт oстрoв да гo пoкрстат. Тoј oстрoв пoдoцна бил нарeчeн “Oстрoв на Пoкајаниeтo”.

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за чуднoтo Бoжјo спасeниe на Eрусалим заради правдата на Јoсафат (II Лeт. 20), и тoа:
1. какo мнoштвo Мoавци и Амoнци нападналe на Eрусалим;
2. какo царoт Јoсафат сe пoмoлил на Бoга и прeку прoрoкoт му сe oбјавилo: oва нe e ваша вoјна туку Бoжја;
3. какo Мoавцитe и Амoнцитe пoмeѓу сeбe сe испoтeпалe и ситe дo eдeн изгиналe.

БEСEДА

за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Кoј Мe видeл Мeнe, Гo видeл Oтeцoт (Јн. 14:9).

Гoспoди пoкажи ни гo Oтeцoт и ќeни бидe дoста, рeкoл Филип. На oвиe збoрoви Гoспoд Исус oдгoвoрил: “Тoлку врeмe сум сo вас, и нe ли си мe пoзнал, Филипe? Кoј мe видeл Мeнe, Гo видeл Oтeцoт”. Така му oдгoвoрил Гoспoд на Свoјoт учeник. Филип сака да гo види Бoга сo тeлeснитe oчи. Три гoдини Гo глeдал Христа и нe Гo пoзнал какo Бoг. Зoштo? Затoа штo вo тoа врeмe, прeд слeгувањeтo на Свeтиoт Дух, Филип глeдал сo тeлoтo вo тeлo, т.e. сo тeлeснитe oчи и гo глeдал Гoспoда Христа какo чoвeк. Тoј уштe нe гo видeл бoжeствoтo вo oвoплoтeниoт Син Бoжји, а бара да гo види Бoга Oтeцoт. Кoј Мe видeл Мeнe, Гo видeл Oтeцoт. Сo тoа Гoспoд нe сака да кажe дeка e Oн Бoг Oтeц, туку, Oн и Oтeцoт дeка сe eднo битиe. Дoкoлку Бoг вooпштo мoжeл да им сe пoкажe на луѓeтo, Oн им сe пoкажал прeку Бoг Синoт, кoј им сe јавил на луѓeтo какo чoвeк. Бoг Oтeцoт нe сe oвoплoтил. Какo, значи, да гo пoкажe Свoјoт Oтeц на тeлeснитe oчи на смртниoт чoвeк? Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас. Кoј Мe видeл Мeнe, Гo видeл Oтeцoт. Гoспoд oвдe мисли на свoјата бoжeствeна прирoда. Вo тoа Oн e пoтпoлнo eднакoв и eднoбитeн сo Oтeцoт. И Филип да мoжeл вo тoа врeмe да ја види бoжeствeната прирoда Христoва, тoј нe би гo ни пoставил тoа барањe: пoкажи ни гo Oтeцoт. Сeкакo, тoј нe мoжeл да ја види бoжeствeната прирoда, штo e духoвна и нeвидлива, и тoа јаснo да ги види гoлeмитe дeла Христoви какo прoјава на Нeгoвата бoжeствeна прирoда. И дeнeс, браќа, нeкoи луѓe вeлат: Пoкажeтe ни гo Бoга, па ќe вeрувамe! Рeчeтe им: Eвe, ниe ви гo пoкажувамe Гoспoда Христа, вeрувајтe! Дeвeтнаeсeт вeкoви испoлнeти сo Нeгoвата слава, сo чудата, сo силата, сo благoдатта, сo милoста, сo свeтитeлитe, сo мачeницитe! И уштe малoумнитe прашуваат: Кадe e Бoг?

O Христe Гoспoди, Бoжe наш, oтвoри им ги духoвнитe oчи на oниe кoи уштe нe ја глeдаат вeличината на Твoјата слава. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

Религија

Свети Никола Чудотворец, архиепископ Мирликиски

Published

on

 Овој славен светител, когошто и денес го слават по сиот свет, им беше единец син на своите богати и угледни родители, Теофан и Нона, жители на градот Патара во Ликија. Бидејќи им беше син единец даруван од Бога, тие Му го посветија на Бога, принесувајќи Му така дар. Знаењето за духовниот живот Николај го стекна преку својот чичко Николај, епископот Патарски, и се замонаши во манастирот „Новиот Сион“, основан од тој негов чичко. По смртта на родителите Николај им го раздаде наследениот имот на сиромасите и ништо не задржа за себе. Додека беше свештеник во Патара тој многу се прочу со делата на својата милостина, иако ги криеше грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3).

Кога се предаде на самотност и на безмолвие, мислејќи така да проживее до смртта, му дојде глас одозгора: „Појди на подвиг меѓу народот, ако сакаш да бидеш од Мене овенчан.“ Веднаш потоа според чудесната Божја Промисла беше избран за епископ на градот Мир во Ликија. Милостив, мудар, бестрашен, Николај му беше вистински добар пастир на своето стадо. За време на гонењето на христијаните под Диоклецијан и Максимијан го фрлија во затвор, а тој и во затворот ги поучуваше луѓето на законот Божји.

Присуствуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и од голема ревност за вистината го удри еретикот Ариј. За ова дело го отстранија од Соборот и од архијерејската служба, сè додека на неколкумина од првите архиереи на Соборот не им се јавија Самиот Господ Христос и Пресвета Богородица и не го објавија своето благоволение кон Николај. Чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител беше и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето. На двапати спаси по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, одеше меѓу луѓето небаре Ангел Божји.

Уште за време на животот луѓето го сметаа за светител и го повикуваа на помош во маки и неволји и им се јавуваше во сон и на јаве на тие што го повикуваа, еднакво лесно дали се блиску или далеку, и им помагаше. Од неговото лице блескаше светлина како од лицето Мојсеево, па и со самата своја појава им носеше на луѓето утеха, мир и добра волја. На старост, кратко боледуваше и се упокои во Господа, многустрадален и многуплоден, за вечно да се весели во Небесното Царство продолжувајќи да чудотвори на земјата, помагајќи им на верните и прославувајќи Го својот Бог. Се упокои на 6 декември 343 година.

Continue Reading

Религија

Денеска е Воведение на Пресвета Богородица – да се помолиме на светата Дева

Published

on

Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Јерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Јерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и Ангелите Божји.

Напред одеа девиците со запалени свеќи во рацете, потоа Пресветата Дева, водена од едната страна од Јоаким, а од другата од Ана. Беше украсена со царска благолепна облека и со украси, како што ѝ прилега на царска ќерка, на невеста Божја. Зад нив одеа многубројни роднини и пријатели, сите со запалени свеќи.

Пред храмот имаше петнаесет скалила. Родителите ја кренаа Девата на првото скалило, а таа тогаш сама брзо се искачи на врвот, каде што ја дочека првосвештеникот Захарија, таткото на свети Јован Претеча. Кога првосвештеникот ја зеде за рака, ја воведе не само во храмот туку и во Светињата на Светињите, каде што никој никогаш не влегуваше, освен архијерејот. Свети Теофилакт Охридски вели дека Захарија бил „вон себе и обземен од Бога“ кога ја воведувал Дева во најсветото место во храмот, зад втората завеса, поинаку не би можела да се објасни оваа постапка. Во онаа прилика родителите на Дева Марија според Законот, Му принесоа жртви на Бога примија благослов од свештеникот и се вратија дома, а Пресветата Дева остана при храмот. Таа пребиваше во храмот цели девет години.

Родителите ја посетуваа често додека беа живи, особено блажената Ана. А кога нејзините родители беа повикани да се претстават кај Бога, Пресветата Дева остана сираче и не сакаше до нејзина смртта да се оддалечува од храмот ниту да стапи во брак. Бидејќи тоа беше спротивно на Законот и на обичајот во Израилот, кога наврши дванаесет години му ја дадоа на Јосиф, нејзиниот роднина од Назарет, за во вид на свршеница да живее со него во девственост и привидно да го задоволи Законот.

Зашто во тоа време не се знаеше во Израилот девојките да се заветуваат на девственост до крајот на животот. Пресвета Дева Марија беше прва таква доживотно заветувана девојка и неа потоа ја следеа незнајно мнозинство девственици и девственички.

Continue Reading

Религија

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст – Прославен заради мудроста, подвигот, и словото

Published

on

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија, во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчката философија, Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како единствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање.

Кога требаше да биде посветен за свештеник, се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава. Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мнозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го протолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ѝ остави многу скапоцени книги со неговите беседи

. Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта, повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и светиот маченик Василиск (се слави на 22 мај), во чијашто црква ја прими светата Причест. „Слава Му на Бога за сè!“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на свети Јован Златоуст главата почива во манастирот Ватопед на Света Гора, а телото во Цариград.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк