Адел се најде на насловницата на модното списание „Вог“. Со ова, британската пејачка е првата славна личност што се појавила на насловните страници и на британското и на американското издание на списанието истовремено.
Во жолтиот фустан, Адел позираше за британското издание на списанието, а во зелено – за американскиот „Вог“. За фотографиите објавени покрај нејзиното интервју, таа носи и елегантна кошула и јакна. Меѓу другото, таа позира и во тесен црн фустан. За сликите, Адел доби над три милиони допаѓања.
Во интервјуто, таа говори и за слабеењето изминативе две години.
– Не сакав само да ослабам, туку да станам силна. Мислев, ако станам физички силна, тогаш ќе ги контролирам и моите емоции. Вежбам два или трипати на ден, вели Адел.
Околу разводот од Симон Конецки, признава дека го напуштила затоа што не била така среќна во тој брак како порано.
– Ништо лошо не се случи, едноставно повеќе не ми одговараше. Би бил мизерна, ако не се ставам себеси на прво место, појасни пејачката, начнувајќи ја и досегашната љубовна врска со спортскиот агент Рич Пол.
– Тој е толку забавен и инелигентен. Момците со кои бев порано го мразеа вниманието кога излегуваа со мене во јавност. Беа под стрес. На богатите не им е грижа, не му пречи, раскажува Адел.
Инаку, Адел неодамна објави кусо видео како најава за новата песна „Easy On Me“ којашто треба да излезе на 15 октомври. Обожавателите на пејачката се воодушевени и се очекува оваа песна да биде хит.
Ни претстои важен астролошки настан, а тоа е Младата Месечина во Јарец, која не очекува утре, а симболизира нов почеток во животот.
Новата месечина на Јарец е астролошки момент кога Сонцето и Месечината се среќаваат во ист знак, што обично ја носи енергијата на почетоците, потенцијалот за нови почетоци и фокусирањето на поставувањето цели.
Јарецот е знак поврзан со амбиција, дисциплина, одговорност и поставување на темелите за иднината.
Оваа позиција на Месечината може да ја нагласи потребата да се постават јасни цели и сериозен пристап кон остварување на соништата и амбициите. Тоа може да донесе чувство на одговорност кон постигнување на лични и професионални цели. Исто така, поттикнува размислување за долгорочни планови и стратешки пристап за постигнување на посакуваните резултати.
Младата месечина во Јарец може да биде време за размислување за поставување на темелите за стабилност, без разлика дали се работи за кариера, врски или личен развој.
Тоа е период кога можеме да се осврнеме на нашите приоритети и да ја насочиме нашата енергија кон остварување на она што го сметаме за суштинско за нашата иднина. Ова е време да се фокусирате на долгорочните планови и да работите напорно за да ги постигнете вашите цели.
Младата месечина во Јарец е важна за сите хороскопски знаци, а носи позитивни промени за Јарците, Биковите и Девиците.
ЈАРЕЦ Пред вас е период во кој е идеално време да започнете нешто ново. Овој нов почеток ќе биде видлив во интервалот од следните две недели.
БИК Младата месечина ви носи можност да патувате но и да го промените погледот кон светот. Можете лесно да усвоите нова животна филозофија.
ДЕВИЦА Младата месечина во Јарец ви носи нов емотивен почеток и можност да започнете романса.
Познатиот актер Метју Пери, кој беше еден од ѕвездите на „Пријатели“, е пронајден мртов во својот дом, објавија американските медиуми. Тој имаше 54 години.
Извори од полицијата изјавиле за „Лос Анџелес тајмс“ дека Пери бил пронајден од екипите за итни случаи онесвестен во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес. Обидите за реанимација биле неуспешни.
Полицискиот службеник во Лос Анџелес, Дрејк Медисон, рекол дека отишле таму „поради истрага за смртта на маж на возраст од 50 години“.
Портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Брајан Хемфри, рекол за „Ен-би-си“ дека тие први реагирале во куќата во Пацифик Палисадес во 16:07 часот поради „итна опасност од вода“ од непознат вид. Никој не бил пренесен во болница, додал тој.
Пери беше најпознат по тоа што го играше саркастичниот Чендлер Бинг во многу популарната серија на „Ен-би-си“ „Пријатели“, која се емитуваше 10 сезони, од 1994 до 2004 година. Улогата му донесе номинација за наградата Еми во 2002 година.
Во таа серија тој глумеше заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Лиза Кудроу и Дејвид Швимер.
Анастасија Анастасова со своето семејство живее во Хамбург, Германија. Но, Македонија живее во нејзиното срце.Loading…
Ова девојче, кое следниот месец ќе наполни 11 години, имаше прекрасна идеја, за чија реализација се вложи максимално и затоа со гордост може да каже дека успеа.
Нејзина мотивација се љубовта кон родната земја и убавините кои Македонија ги поседува. Не мислеше дека е доволно за тие убавини да знае само таа, па сакаше да ги сподели со светот.
Бесценето е да ги погледнете македонските богатства низ детските очи бидејќи нема нешто поискрено од детските емоции. Токму тоа стана успехот на Анастасија.
Оваа Македонка има свој канал на Јутјуб, кој го води на два јазика – германски и македонски. За да допре до срцата на сите, видеата имаат и англиски превод.
Семејството е нејзина најголема поддршка, па тие заедно работат снимање и монтажа, вложуваат свои средства, но пред сè – многу љубов.
Скопје, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Кратово, Охрид се само дел од локациите каде Анастасија направи свои мини документарци. Пред снимање се подготвува со информации кои од срце им ги пренесува на сите што ја гледаат. Снима интервјуа со славни личности од Македонија, кои наидуваат на голем интерес од страна на публиката
Цел текст: https://kurir.mk/magazin/mladi-talenti/poglednete-gi-makedonskite-ubavini-niz-detskite-ochi-anastasija-ja-pretstavuva-makedonija-pred-svetot-na-najubaviot-mozhen-nachin-video/