Connect with us

Здравје

Д-р Лазаров: Македонија е единствената земја во светот каде првиот човек во здpaвството среде пандемиja тера кампања

Published

on

Македонија е единствената земја во светот каде првиот човек во здравството среде пандемија тера кампања за локални избори, смета матичниот лекар д-р Ненад Лазаров.

На Македонија лошо и се пишува ако надлежните и натаму се однесуваат како да не сме среде пандемија.

Д-р Лазаров признава дека проблемите за ковид пациентите 18 месеци се провлекуваат – термини за тестирање нема, а тешко се стигнува и до болнички кревет. Оние кои тоа можат да си го дозволат во очај помош бараат кај приватните болници, другите се оставени да се снаоѓаат кој како умее.

Ако не можат да си дозволат пациентите приватно да платат анализи значи секако се соочуваат со минимум 24 до 48 часа челање, што во оваа криза и после година ипол е недозволиво. Втор проблем е тестирањето конкретно, не постојат термини, односно постојат но многу мал број, смешен број на термини за она што е реална потреба на терен. И второ, од оваа ситуација ќе апелирам и ќе поздравам дека не постои друг пример на светот каде што министерот актуелен за здравство е шеф на изборен штаб на владејаќката партија во моментот. Како? Јас мислам дека е физички невозможно да се менаџира здравство и да се менаџира изборна кампања во исто време, рече д-р Лазаров.

Сезоната на вируси е на прагот, а мерки за заштита нема. За да се избегне минатогодишното сценарио потребни ќе бидат строги и непопуларни мерки, вели доктор Лазаров. Најголема грешка на надлежните, вели е тоа што целосно вакцинирани се ослободени од секакви рестрикции, дури и ако домаќинството го делат со позитивни лица.

Да споменеме една небулоза која прави многу штета во моментот а тоа е дека вакцинирани не се изолираат доколку во семејството има позитивен случај. Тоа е нон сенс. Бидејќи видовме дека голема е веројатноста дека иако си вакциниран можеш да се инфицираш. Имам во ситуацијава, неколку семејства моментално со по двајца позитивни, а останатите двајца кои се вакцинирани дури не ги ни тестираме, немаме право ни на тест да ги пратиме, не па да подлежат на изолација. Тие апсолутно одат и на работа, додава Лазаров.

Во меѓувреме, бројот на позитивни случаи никако да спласне. Веќе со недели наназад бројот на новодијагностицирани се движи над 10 проценти од вкупниот број на тестирања, а бројката на починати и натаму е двоцифрена.

Црната ковид статистика ја искачи земјава високо на непопуларната светска листа, Македонија и натаму е втора во Европа по бројот на починати на еден милион жители, веднаш зад Босна и Херцеговина.

Здравје

Едната ИЗГОРЕ, другата ПРОКИСНА – Mодуларните болници кои се градени по највисоки стандарди

Published

on

Затворена е модуларната болница до Инфективна клиника од безбедносни причини -протекувал покривот од дождовите минатата недела. Според информациите до кои дојде 24ТВ, водата пробила и до сијаличните места, па поради опасност од хаварија, објектот е испразнет и затворен. И од Инфективна клиника и од Министерството за здравство ја потврдија информацијата дека минатата недела е затворена модуларната болница, каде имало 20 тина пациенти.

„Точно е дека прокапа од дождот, ја испразнивме, дезинфициравме внатре и сето тоа ќе се санира. Дел од пациентите се префрени на Инфективна клиника каде што имаше слободни места дел се на Институтот за ТВЦ“, изјави за 24 ТВ, д-р. Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести.

Во модуларната болница има централен довод за кислород со што опасноста е поголема доколку водата дојде во допир со струјата.

„Во модуларната болница до Инфективната клиника нема сместено пациенти.Дваесетина пациенти кои биле сместени во неа се префрлени во самата болница и во ТБЦ за да не им пречат на активностите преземени за поправка на мал дел од кровот на модуларната болница.“ – велат од Министерството за здравство.

И покрај препораките на одредени лекари да се затворат монтажните објекти после пожарот во модуларната болница во Тетово, од Министерството за здравство тврдеа дека сите 19 монтажни болници се градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди. Во пожарот во модуларната болница во Тетово, живи изгореа 14 пациенти.

Continue Reading

Здравје

Д-Р БЕЌАРОВСКИ: За одење во странство платија 2 милиони евра да ги тестираат децата, сега не дозволуваат бесплатно

Published

on

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија, на својот Фејсбук профил напиша свој коментар поврзан со најавениот скрининг на децата во училиштата.

-Повеќе од 100.000 тестови за Sars-Cov-2 се направени на малолетници во Македонија за да патуваат во странство, а нивните родители за тоа платиле околу 2 милиони евра. Истите тие родители, сега не дозволуваат бесплатно нивни деца да бидат тестирани, за да имаат побезбедни училишни денови,- коментира Беќаровски.

Continue Reading

Здравје

Дaнилoвски пpeдвидyвa кpaј нa пaндeмиjaтa нa пpoлeт

Published

on

Поради студеното време и затворените простории ќе има зголемување на бројот на заразени, но епидемиолошката крива нема да има „остри врвови“, вели епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски.

Според него, крајот на пандемијата ќе дојде со пролетта, но со грипот секоја година ќе има и сезона на корона.

– Крајот на епидемиолошката приказна ќе дојде со пролетта. Вирусот ќе ја загуби силата, но секоја година ќе има сезона на корона.

Наставата со физичко присуство не претставува ризик со висок епидемиски потенцијал – изјави за ТВ Канал 5 Даниловски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк