Connect with us

Европа

(Видео) Xaoс во РИМ – На Италијанците им се случи „27-ми април“: Пpoтесираа и се обидоа да влезат во италијанската Влада

Published

on

Илјадници демонстранти протестираа против ковид пропусниците протест во Пјаца дел Пополо. Откако го напуштија големиот плоштад и се обидоа да се пробијат до канцеларијата на премиерката Марија Драгог, дојде до конфликт со полицијата.

Полицијата со помош на штитови и палки ги блокираше демонстрантите да поминат покрај улицата, која е близу до канцеларијата на премиерот Марио Драги, но групата се проби и речиси стигна до премиерската работа.

Потоа полицијата употреби водени топови, формираше кордон и ги одби демонстрантите да влезат во седиштето на италијанската влада.

Медиумите јавуваат дека најмалку едно лице е повредено.

Демонстрантите се противат на владината уредба со која се бара вакцинација или нов негативен PCR тест за работа од следната недела.

Сертификатот за вакцинација во Италија, познат како „зелена карта“, ќе важи од 15 октомври за државни и приватни компании, потсетува АП.
Државната телевизија РАИ изјави дека на протестот имало најмалку 10.000 луѓе, додека организаторите тврдат дека имало 100.000 од нив, пренесува Танјуг.

Европа

(Фото) Ексклузивно: Еве што содржи извештајот на Европскиот парламент за Македонија

Published

on

МИА дојде до извештајот за Македонија неколку часа пред тој да биде официјално објавен во Европскиот Парламент, заклучоците во политичкиот дел се генерално позитивни, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија ја поздравува Македонија во делот на зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото, и борбата против корупцијата, но осврнувајќи се на последните локални избори, европската извршна власт констатира дека напредокот е ограничен во делот на спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија. Се бара изборното законодавство и усвојувањето на релевантните закони да бидат финализирани навремено и на инклузивен начин.

Политичките тензии помеѓу партиите не доведоа до ситуации на бојкот како во минатото, Европската Комисија го поздравува ангажманот на опозициските партии во работата на Собранието, но забележува дека поларизацијата е длабока.

-Парламентарната работа беше попречена од политичката поларизација, интензивирана со Ковид-19, која повремено имаше последици врз обичните функции. Потребни се напори за зајакнување на улогата на Парламентот како форум за конструктивен политички дијалог, посебно во делот на реформската агенда за ЕУ, истакнува извештајот годинава.

Уште еднаш се покажува со прст кон забрзаните процедури на усвојување закони и се повторува дека тие мора да останат ограничени за да не се загрози демократскиот надзор.

Парламентот, сепак, продолжи да ја игра улогата на надзор врз извршната власт.

-Власта треба да продолжи со реформскиот момент и да се фокусира на спроведување на постоечката законска рамка наместо да започнува спорадични нови иницијативи. Навремена и суштинска имплементација на реформската агенда бара постојана поддршка од општеството во целост, вели Европската Комисија, која додава и дека продолжува да се бара одговорност за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017, вклучително и преку првостепени судски одлуки.

Што се однесува до јавната администрација Европската Комисија констатира “малку напредок“ во финализирањето на хоризонаталната функционална ревизија на државната администрација која е важно да биде усвоена од власта.

-Препораките за нова организација на државните административни тела со подобрени линии за отчетност треба да го потхранат релевантното законодавство кое треба да биде усвоено и спроведено, вели ЕК.

Судскиот систем е “умерено подготвен“ за ЕУ членство.

-Мал напредок е постигнат во однос на спроведувањето на стратегијата за судска реформа со што дополнително се одговара на препораките на Венецијанската комисија и на Експертската група за владеење на правото. Напори сѐ уште се потребни за да се обезбеди систематско спроведување на обновениот акциски план за стратегијата за судски реформи и стратегијата за човечки ресурси за судството и обвинителството, оценува Европската Комисија.

Умерена подготвеност покажува Македонија и во борбата против корупција, таа го зацврстува процесот на гонење криминал и корупција вклучително и високопрофилни случаи.

Генерално законската рамка за човекови права е во согласност со ЕУ стандардите, вклучително и во делот на насилството против жените но се забележува дека земјата треба да го зајакне спроведувањето на законите против говор на омраза.

-Надворешниот граѓански надзорен механизам врз полицијата не е целосно фунцкионален и отсуството на вистински независни истражители ги попречува напорите за справување со неказнивоста на полицијата и ефективното гонење.

Се бара земјата да ги подобри и условите во затворите и да ги зајакне алтернативите за затворски казни.

Напредокот во делот на слободата на изразување е ограничен.

-Општиот контекст за медиумски слободи е поволен и дозволува критичко медиумско известување иако имаше зголемени тензии за време на кризата со Ковид-19. Напорите за саморегулација треба да продолжат и да донесат конкретни резултати за напредок на професионалните стандарди во новинарството, смета Комисијата.

Се бара поголема транспарентност во рекламирањето од страна на државни институции и политички партии и реформа на МРТВ за да се обезбеди финансиска независност за јавниот сервис. Напредокот во МРТВ е попречен поради назначување на членови во релевантните тела.

-Кризата со Ковид-19 имаше силни последици врз медиумскиот сектор, посебно за регионалните и локалните чинители. Медиумските куќи беа вклучени во пакетот за помош, но работничките права на новинарите треба да се решат, бара ЕК

Continue Reading

Европа

Во Норвешка ЛОВЕЦ НА ЛУЃЕ: Со ЛАК и СТРЕЛИ убил 5 лица!

Published

on

Пет лица се убиени, а две се повредени синоќа во Норвешка, во нападот во кој биле користени лак и стрела.

Полицијата го уапси напаѓачот идентификуван како 37-годишен Данец кој живеел во Конгсберг каде се случи инцидентот , инаку град со 28.000 жители, 70 километри северозападно од Осло.

„Тој соработува и даде детаљни изјави во врска со нападот“, изјави неговиот адвокат Фредрик Нојман, не откривајќи информации за својот клиент.

Шефот на локалната полиција Ејвинд Ос кажа дека напаѓачот успеал да избега по првичниот судир со полицијата и бил уапсен 34 минути по почетокот на нападот.

„Ова е ужасен напад. Рано е да се шпекулира за мотивите“, изјави Ерна Солберг, на која токму вчера ѝ завршуваше премиерскиот мандат.

Ова е најсмртоносниот напад во Норвешка од 2011 година, кога Андерс Брејвик уби 77 луѓе.

Continue Reading

Европа

Во Лондон „Погребна поворка“: Алчноста на фармацевтските компании убива !(ВИДЕО)

Published

on

Во соодветна црна облека, со звуци на виолина со цветни аранжмани и лажни ковчези на рамениците во центарот на Лондон, се одржа лажен погреб.

Поворката била организирана од волонтери од Global Justice Now , која се залага за интересите на луѓето во земјите во развој.

Причината за невообичаениот протест е неспособноста на граѓаните на „земјите од третиот свет“ слободно да пристапат до вакцините против корона вирусот. Лажните ковчези ги претставувале сите починати бидејќи вакцината не им била достапна, а за кои организацијата ја обвинува фармацевтската индустрија.

Организацијата верува дека секој жител на Земјата, кој немал пристап до вакцината, освен „Ковид-19“, бил убиен од „алчноста на фармацевтските компании“.

„Алчноста на фармацевтската индустрија убива“ била една од паролите на ковчезите што ги носеа волонтери од Бакингемската палата се` до улицата Даунинг. Токму на таа улица, каде што се наоѓа седиштето на премиерот и на некои министри во владата, биле спуштени ковчезите.

Учесниците исто така ги повикаа фармацевтските компании „да се откажат од патентите за вакцини“ за да можат да се произведуваат на повеќе места во светот, поблиску до земјите кои сега зависат од донациите од економски поразвиените земји, без трошоци за лиценци, пишува Канал 5 телевизија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк