Connect with us

Балкан

Не е еден, ДЕСЕТ СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО КОСОВО, пукано од зад грб

Published

on

Десет Срби беа повредени, од кои двајца потешко, за време на конфликтот со специјалните единици на косовската полиција во Северна Митровица и Звечан, изјави директорот на болницата во Митровица Златан Елек.

На прес-конференцијата во Северна Митровица, Елек рече дека најтешко повредените лица се мажи, едниот погоден од тап предмет во градите, и дека другиот бил застрелан од зад грб

“Меѓу десетици повредени најкритично е Среќко Софронијевиќ (36) кој бил застрелан, човек за кого на хирушкото одделение во болницата во Митровица се борат за неговиот живот.
Со куршум е погоден од грб и прострелан во радите, куршумот што е заглавен во белите дробови е отстранет.

“Кукавички му е пукано од зад грб, има повреда на правото на рамото, ребра а куршумот излегол од предниот дел на вратаот. Операцијата е успешна и сега е во стабилна состојба”, изјави доктор Елек.

“На луѓето одат и пукаат со автоматско оружје и под изговор за шверц на кока кола и фанта, а ги одземаат и лековите од аптеките додека нашите купени лекови ги одржат на граничен терминал и не дозволуваат да влезат и стасаат до болница “, рече тој.

Балкан

Приведен е осомничениот за убиство на српското семејство Ѓокиќ, им бил РОДНИНА

Published

on

Српската полиција вечерва уапсила едно лице за кое постои основано сомнение дека учествувало во монструозното убиство на тричленото семејство Ѓокиќ во селото Моравац кај Алексинац.

Српските медиуми известуваат дека тој е братучед на семејството Ѓокиќ.

Изјавата ја дал српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин, јавува Телеграф.рс.

„Убиството на семејството Ѓокиќ ја згрози и вознемири цела Србија. Извршено е професионално, трпеливо, методично и очигледно долго време се подготвувало. Благодарение на упорната и несебична работа на припадниците на Полициската управа на Ниш, членовите на полициската управа, како и Дирекцијата за криминалистичка полиција, Основното јавно обвинителство во Алексинац и Вишото јавно обвинителство во Ниш, успеавме да стигнеме до лицето за кое имаме основано сомнение дека учествувал во монструозното убиство на семејството Ѓокиќ“, изјавил српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин.

Вулин нагласил дека е пронајдена значителна сума на пари што му припаѓале на убиеното семејство, а во просториите, односно на имотот што го користел осомничениот, пронајдени се некои други предмети кои „несомнено биле дел од ова страшно и монструозно убиство“, наведува тој.

Continue Reading

Балкан

МЕТЕОР падна во Хрватска вечерва – Погледнете го несекојдневното небесно случување (Видео)

Published

on

Метеор што беше видлив од голем дел на земјата вечерва падна на територијата на Хрватска – имаше зеленкаст сјај, а беа забележани три посилни блесоци, пренесува „Далмација данас“.

Интересен астрономски настан се случи во вечерните часови, а многу набудувачи известуваат дека станува збор за многу светол објект на североисточниот хоризонт кој горел неколку секунди.

-Со оглед на многуте прашања и извештаи за многу светли метеори кола видени во Хрватска вечерва во 18.28 часот, сакаме да ја информираме јавноста дека се очекува зголемена метеорска активност бидејќи е предвидена максимална активност на метеорскиот рој Орионид во раните утрински часови на 21 октомври – рекоа од Хрватскиот астрономски сојуз.

Continue Reading

Балкан

ВАКА ГИ УАПСИЈА ВОЈНИЦИТЕ НА БЕЛИВУК: Снимка од филмската акција за осомничените за тешки убиства (ВИДЕО)

Published

on

ЧЛЕНОВИ НА МВР, конкретно Службата за борба против организиран криминал, во соработка со Обвинителството за организиран криминал, уапсија припадници на организираната криминална група „Принципи“ С.Р. (33) и Д. М. (32).

Под сомнение дека тие во август и ноември минатата година извршиле кривични дела – тешки убиства против Никола Митиќ и Здравко Радојевиќ, соопшти српското МВР.

С.Р. се товари дека, заедно со В. Б., М. М., М. Б., Д. В. Д., Н. С., С. Л., В. Г., А. С., С. Р и Б дека на 10-ти август минатата година, го киднапирал Никола Митиќ, кој потоа бил однесен во населбата Ритопек и наводно убиен таму.

Hapšenje, Principi

Видео од филмската акција на српските служби:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк