Connect with us

Свет

Русија пред нykлeapнa xaвapија: Иcклучен руски нykлeaрен реактор, испуштал пареа

Published

on

Нуклеарен реактор на југот на Русија е исклучен бидејќи е откриено дека испушта пареа, но тоа не предизвикало зголемување на радиоактивното зрачење.

Како што наведува Розенергоатом, подружницата на руската нуклеарна агенција Росатом, реактор број 2, од четири што ги има електраната во близина на Ростов на Дон, на југот од земјата, мораше да се затвори поради поправки, бидејќи синоќа во 23.55 часот по средноевропско време беше откриено дека испушта пареа. „Причината е неисправен спој на цевката од 18 милиметри преку која не-радиоактивна вода оди до генераторот на пареа на реакторот“, наведува Розенергоатом.

Портпаролот на Розенергоатом рече дека инцидентот не е опасен и дека се ќе се среди за два дена, откако ќе се излади цевката. Русија е меѓу најголемите производители на нуклеарна енергија во светот. Росатом има 38 реактори изградени главно во советската ера, во 11 електрани низ целата земја.

COVID 19

Ова се симптомите на новата МУТАЦИЈА, светот се затвора заради новиот сој

Published

on

Д-р Анџелик Коици, првата докторка во Јужна Африка која ги предупреди властите за пациентите со новата варијанта на коронавирусот – омикрон, изјави за британски „Телеграф“ дека симптомите на новиот вид се необични, но благи.

Д-р Коици истакнала дека првпат забележала дека е можно да се појави нова варијанта кога во ноември во нејзината приватна ординација во Преторија почнале да доаѓаат пациенти со симптоми на ковид-19 кои на почетокот немале смисла, пишува британски „Телеграф“.

Меѓу нив имало млади луѓе од различно потекло и националност кои се пожалиле на чувство на интензивен замор, но и едно шестгодишно дете кое имало многу забрзан пулс. Сепак, ниту еден од нив немал губење на сетилот за вкус или мирис.

„Нивните симптоми беа толку различни и поблаги од оние што порано сум ги лекувала“, рекла д-р Коици, општ лекар со 33-годишно искуство.

Кога на 18 ноември четворица членови од едно семејство биле позитивни на тестот за ковид-19, а од симптомите имале само целосна исцрпеност од симптомите, таа го информирала советодавниот комитет за вакцини за исходот.

Д-р Коици истакнала дека околу две десетини од нејзините пациенти се позитивни на коронавирусот со симптомите на новата варијанта. Главно, тоа биле здрави мажи кои кај неа доаѓале жалејќи се на „неопислив замор“. Таа додала и дека приближно половина од нив биле невакцинирани.

– Имавме еден многу интересен случај, дете на околу шест години, со температура и многу висок пулс. Прашав дали треба да го хоспитализирам. Но, кога го испратив случајот два дена подоцна, беше многу подобро – раскажала докторката.

Д-р Коици нагласила дека сите нејзини пациенти сега се здрави, но е загрижена дека варијантата омикрон би можела лошо да влијае на постарите луѓе, со придружни болести, како што се дијабетесот или срцевите заболувања.

„Она за што сега мора да се грижиме е дека кога постарите, невакцинирани луѓе ќе се заразат со новата варијанта, ќе видиме многу луѓе со тешка форма на болеста“, рекла таа.

Варијантата B.1.1.529, наречена омикрон, првпат беше идентификувана во Боцвана на 11 ноември, а досега е откриена во Јужна Африка, Велика Британија, Израел, Холандија, Белгија и Хонг Конг. Тоа е најмутираната форма на ковид-19 досега откриена, со 32 мутации во спајк протеинот (шилецот), а научниците се загрижени дека мутациите би можеле да овозможат да ги избегне постоечките вакцини (односно тие да бидат помалку делотворни) и брзо да се шири..

Судејќи според она што го рекла д-р Коици од Јужна Африка, првиот и основен симптом е огромен, неопислив замор, а потоа појава на температура и забрзан пулс.

Поради омикрон многу земји од петокот воведоа нови рестрикции за патување, а фармацевтските компании се во трка за да утврдат дали новите вакцини против ковид-19 се ефикасни. Научниците велат дека ќе трeба неколку недели за да се дефинира типот на болеста што ја предизвикува новиот сој, да се утврди колку е заразен и колку е проширен.

Некои забележуваат дека и други варијанти, како бета, прво беа откриени во Јужна Африка, но со време ги замени делта. Делта сојот останува доминантен во светот, но уште не се знае дали омикрон ќе може да надвладее.

Но најголемото прашање останува дали ќе издржи заштитата на вакцините – скоро 8 милијарди дози се примени во цел свет. И дали оние кои прележале ковид ќе бидат имуни од зараза со омикрон? Експертите не знаат и дали омикрон ќе предизвика потешка или полесна форма на болеста од другите соеви. Но, научниците немаат дилема дека вакцинацијата треба да остане приоритет, оти сепак ќе дава заштита до извесен степен. Исто така, секој треба и понатаму да носи маска, да избегнува гужви, да ги проветрува просториите и да мие раце.

Светската здравствена организација (СЗО) официјално го именуваше новиот сој омикрон, и соопшти дека има многу мутации, а првичните сознанија сугерираат зголемен ризик од реинфекција. Првичните студии покажуваат дека степенот на репродукција на омикрон е 2 – што значи дека секој заразен ќе го пренесе на уште двајца. Но омикрон има над 30 мутации во делот на вирусот кој што го напаѓаат постоечките вакцини. Експерименталните антивирусни таблети, како паксловид на „Фајзер“ и молнупиравир на „Мерк“, ги напаѓаат деловите на вирусот кој не е сменет со омикрон, така што овие таблети може да станат уште поважни ако има закана за имунитетот стекнат од вакцините.

Continue Reading

COVID 19

Каде е детектирана новата ОПАСНАТА МУТАЦИЈА на коронавирус ОМИКРОН, загриженост во Европа и СЗО

Published

on

Новата мутација е откриена во Јужноафриканската Република кај речиси 100 заразени лица, како и кај пет патници кои ја напуштиле оваа земја, односно во Боцвана (четири) и во Хонг Конг (еден).

Првиот случај на новиот вид беше откриен вчера и во Израел. Лицето заразено со новиот вид е Израелец кој се вратил од Малави. Израелското Министерство за здравство соопшти дека постои сомневање дека се разболеле уште две лица, а сите тројца биле вакцинирани. И во Белгија е детектирана новата варијанта кај две лица.

Земјите веќе креваат епидемиски ѕидови: Италија од вчера воведе забрана за влез на луѓе кои посетиле една од јужноафриканските земји во последните 14 дена. Истото го направи и Чешка. Одлуката на Лондон е да ги забрани летовите од Јужна Африка, Намибија, Боцвана, Зимбабве и Лесото.

Франција исто така ги прекина летовите до овој дел од светот. Холандија ги стави во карантин сите патници од двата авиона кои вчера слетаа во Амстердам од Кејптаун и од Јоханесбург. Од вкупно 600 патници, 61 се позитивни на ковид, и се прави секвенционирање да се утврди дали некој од нив е заразен со новиот сој.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека ЕУ во соработка со земјите членки ќе предложи прекин на воздушниот сообраќај од регионот на Јужна Африка.

СЗО побара од земјите да го направат следново:

Да се ​​подобрат напорите за секвенционирање со цел следење на ширењето на новиот вид.

Да се​​доставуваат целосни геномски секвенци и поврзани метаподатоци до јавно достапна база на податоци, како што е GISAID.

Да се пријават првични случаи / кластери поврзани со инфекција со Омикорн

СЗО порачува дека би било добро да се спроведат теренски истражувања и лабораториски проценки каде што постојат капацитети и во координација со меѓународната заедница да се подобри разбирањето на потенцијалните влијанија на сојот Омикорн врз епидемиологијата на Ковид.

СЗО повикува на сериозност, ефективност на јавно-здравствените и социјалните мерки, како и соодветни дијагностички методи.

Continue Reading

Свет

Сцена која го растажи светот – Децата на НАЈТАЖНАТА ПРИНЦЕЗА на планетата имаа порака за нивната мајка

Published

on

По десет месеци најтажната принцеза се врати во Монако, но сега веќе е на нова локација.

Принцот Алберт откри дека неговата сопруга, принцезата Шарлин се наоѓа на лекување во установа, но надвор од Монако.

Исто така тој навел и дека одлуката да побара лекарска помош ја донеле неколку денови откако се вратила од Јужна Африка и тоа со помош на браќата од принцезата. Тој во интервју за „People“ објасни дека неговата сопруга, која делува слаба, признала дека ѝ е потребна помош. Не открил детали од нејзината болест, но ја отфрлил можноста дека станува збор за канцер или Ковид-19.

Исто така тој посочил и за нејзините проблеми со менталното здравје, велејќи дека била преоптоварена и не можела да се соочи со службената должност, со животот генерално, како и дека е исцрпена, како емоционално така и физички.

Принцот изјавил дека семејното собирање во Монако минатата седмица на почетокот поминало „прилично добро“ во првите неколку часа, но потоа станало очигледно дека Шарлин не е здрава.

Во меѓувреме открил дека нивните шестгодишни близнаци Габриела и Жак ја посетиле мајка им кога добиле одобрување од докторите. Тој додал дека и децата знаат дека нивната мајка е изморена.

Француските медиуми тврдат дека најтажната принцеза на светот отишла во Швајцарија каде постојат бројни специјалистички приватни медицински клиники.

Близнаците држеле транспаренти на кои пишувало:

„Мамо, ни недостасуваш“, во текот на прославата која била одржана вчера.

Принцот Алберт ја држел својата рака на срцето, додека ги гледал своите деца како ги подигнуваат транспарентите упатени кон принцезата Шарлин.

Принцот изјавил:

„Не спиеше добро неколку дена и воопшто не јадеше. Изгуби доста килограми, што ја направи ранлва и потенцијално болна. Бог нека ни помогне“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк