(ВИДЕО) Холивуд во ШОК: Актерот Алек Болдвин на филмски сет УБИ КОЛЕШКА и ГИ РАНИ режисерот и сценаристот

Холивудскиот актер Алек Болдвин пукал од реплика пиштол на филмски сет во Њу Мексико, при што ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза, соопштија локалните власти.

Смртоносниот инцидент се случил за време на снимањето на независниот игран филм „Rust”, ​​соопшти канцеларијата на шерифот на областа Санта Фе.

Од канцеларијата на шерифот потврдуваат дека за време на снимањето на филмот биле застрелани две лица. Халина Хачинс (42), директор за фотографија и Џоел Соуза (48), режисер, беа застрелани кога Алек Болдвин (68), продуцент и актер, испукал од огнено оружје”, се вели во соопштението на полицијата.

YouTube video player

Како бомба одекна веста во светот во која славниот холивудски актер Алек Болдвин на снимање со огнено оружје погодил режисерка на фотографија, Халин Хачинс, а го ранил режисерот и сценаристот на својот нов филм “Руст“.

Таа веднаш починала од прострелна рана, а погодена е во импровизирана црква на сет.

После инцидентот, новинарот Парис Морган објави фотографија на која се гледа глумецот скршен, видно потресен и со солзи после трагедијата.