Connect with us

Истражување

Тајна стара 4 илјади години за египетските мумии што ќе ја промени историјата

Published

on

Анализата на мумијата пронајдена во гробницата на благородниците Куви покажала дека Египќаните користеле напредни методи на балсамирање 1.000 години порано отколку што се мислело.


Според новите докази кои ќе треба да се поправи датуми во книгите по историја, античките Египќани врши софистицирана мумификација на мртвите 1.000 години порано отколку што претходно се мислеше, објави Гардијан.


Утврдено е дека зачуваната мумија на високо рангиран благородник по име Куви, откриена во 2019 година, е далеку постара отколку што се мислеше и дека всушност е една од најстарите египетски мумии откриени досега.
Се вели дека оваа мумија потекнува од периодот на Старото Кралство и ова всушност докажува дека техниките на мумификација биле многу напредни пред околу 4.000 години.

„Ако ова е навистина мумија од Старото Кралство, ќе биде неопходно да се ревидираат сите книги за мумификација и историјата на Старото Кралство“, рече Салима Икрам, професорка и раководител на Катедрата за египтологија на Американскиот универзитет во Каиро.

Таа додаде дека ова целосно ќе го преврти наопаку нашето знаење за развојот на вештините за мумификација. Користените материјали, нивното потекло и трговските патишта поврзани со нив драматично ќе влијаат на нашето разбирање за древниот Египет.

Досега, според професорот, научниците мислеле дека процесот на мумификација во времето на Старото Кралство бил релативно едноставен и дека се базира на принципот на сушење, кој не бил секогаш особено успешен.


Исто така, употребата на смоли била многу поограничена кај мумиите од периодот на Старото Кралство кои досега биле истражувани.
Меѓутоа, оваа мумија е исполнета со смоли и текстил и толку успешно балсамирана што повеќе личи на мумии кои биле пронајдени илјада години подоцна, забележува професорот Икрам.


Хиероглифите на гробот на мумијата пронајдени во некрополата во Сакара открија дека благородникот се викал Куви, дека бил роднина на кралското семејство и дека живеел пред повеќе од четири илјади години, јави Танјуг.

Истражување

46 % од граѓаните во Македонија сметаат дека ОД АВИОН се прскаат ВИРУСИ и различни ТОКСИДИ

Published

on

Речиси 65 отсто од граѓаните сметаат дека Ковид-19 е креиран во лабораторија за да се контролираат луѓето, а 44 отсто се согласни дека бројките на заболените од Ковид-19 се зголемувани, и се плаќало за да се пријавуваат луѓето дека починале од Ковид.

Ова се наодите од истражувањето на јавно мислење „Човек од народот: Анализа на јавното мислење за политичките барања на граѓаните“ спроведено од Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), во соработка со Претседателскиот центар за политичко образование (ПЦПО).

Миша Поповиќ, раководител на центар и постар истражувач во Институтот за демократија „Социетас цивилис“ на денешното презентирање на наодите птоенцираше дека според одговорите од анкетата, кај граѓаните постои висока дистрибуција на прифатливост на теории на заговор.

Дури 46 отсто од испитаниците сметаат дека од авион се прскаат вируси и различни токсиди.

Како што рече Поповиќ, 72 отсто од граѓаните сметаат дека светот го контролираат неколку моќни семејства, односно дека на некои тајни самити во некои замоци во Европа е одлучено за тоа како ќе тече историја, кој ќе дојде на власт итн..

Исто така, 46 отсто од испитаниците се согласуваат дека климата се контролира со одредени сателити или радари, а од локалните теории на заговор, 44 отсто од испитаниците се согласуваат со тоа дека бројките за Ковид болни се зголемувани, заради тоа што се паќало за да се пријавуваат луѓето дека починале од Ковид, а 46 отсто од граѓаните сметаат дека од авион се прскаат вируси и различни токсиди.

Од малку пониските бројки, во истражувањето се наведува дека 29 отсто од испитаниците сметаат дека не постојат климатски промени, а 57 отсто од испитаниците сметаат дека големите медиуми шират лаги

Continue Reading

Истражување

Кој ја ЧИСТИ ВЛАДАТА за 4 МИЛИОНИ ЕВРА?

Published

on

Фирми за чистење и тековно одржување прават милионски суми преку македонската влада, односно преку тендери кои ги добиваат од државните институции и претпријатија. Девет од десет најголеми компании кои се занимаваат со овој бизнис, милионите ги прават генерално преку договорите кои ги склучуваат со државните институции.

Иако звучи чудно или неверојатно за овој бизнис, сепак реалноста е дека има многу пари, огромни милионски суми, особено ако добиваш државни тендери и нејасно за јавноста е како се одредуваат сумите и зошто точни тие компании добиваат милиони.

Според анализата на БизнисМрежа.мк и Пари десетте најголеми компании кои се со шифра „останати дејности на чистење на згради и објекти“, лани направиле вкупен приход од 16,3 милиони евра (2,2 милиони евра повеќе отколку во 2019 година)  и тоа им донело добивка од 780.000 евра (220.000 евра повеќе отколку во 2019 година). Заеднички именител на сите нив (освен на „Хаус мајстор домување“) им е учество на тендерите за јавни набавки на државни институции и претпријатија.

Како добиваат толку пари говори на пример тендерот за одржување хигиена за една година во државните органи и подрачните едници на министерствата за кој се плаќа 4 милиони евра, МВР и Агенцијата за национална безбедност имаат склучено двегодишни договори за 3,4 милиони евра, Пошта, исто така двегодишен договор за 770.000 евра…

Како што може да се види од табелата, рекордер во ова друштво е „Серта“ која ги чисти сите органи на државната управа и подрачните единици на министерства. Според последниот договор со Службата за општи и заеднички работи на Владата, склучен на 21 октомври 2021 годин, (објавен на Бирото за јавни набавки) „Серта“ ќе добие 256.132.930 денари, или над 4 милиони евра (вредност на Договорот со ДДВ).

За овие пари, во текот на една година, „Серта“ треба да биде на располагање 24 часа, да чисти внатрешни површини, пристапни асфалти, фасади, снегови од кровови… Годинава „Серта“ склучила и два договори со Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), едниот во вредност од 4,5 милиони денари, а другиот за 5,8 милиони денари, како и со ЈП „Водовод и канализација“ за 2,6 милиони денари. Дирекцијата за ТИРЗ и Водовод ги има и и во 2020 и во 2019 година. А, според известувањата за склучени договори, „Серта“ чисти и во Агенцијата за електронски комуникации, на Универзитетот „Кирил и Методиј“, Националната арена „Филип Втори“.

Службата за општи и заеднички работи на Владата има склучено договор за одржување на хигиена и со „БАПАЛ Благој“, исто така на 21.10.2021 година. Со оваа фирма договорот е 208.781.734 денари, или околу 3,4 милиони евра. И ова е едногодишен договор и се однесува на одржување на објектите на државната управа и на подрачните единици на министерствата, но овој пат за одржување на водовод, електрика, градежно занаетчиски работи, столарски работи. Годинава, оваа компанија склучила и двегодишен договор со Државна видеолотарија за одржување на хигиена на деловните простории со месечен надомест до 49.292 денари. Договори за тековно одржување и одржување на хигиена има и со Агенција за храна и ветеринарство, Агенција за аудио и аудиовизулни медиуми, Факултет за ветринарство, Државен завод за статистика…

И „Хауз мајстор плус“ годинава има склучено договор со Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, но за  „услуги за сервис и одржување на електрични апарати и тековно одржување на ТИРЗ“. Овој договор е 1,4 милиони денари, или околу 23.000 евра. На Е-набавки има уште само еден договор со оваа фирма, а тој е со Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер при УКИМ,склучен на 371.809 денари.

„Техно-чист“ последен договор ( на 23.09.20121 година) има склучено со Пошта за одржување на хигиена во деловните простории во текот на 2 години. Овој договор, тежи 44,5 милиони денари, или околу 720.000 евра со ДДВ! Договори има и со Државна комисија за жалби по јавни набавки, ЈП Колекторски систем….

За хигиената и тековното одржување на работните и други простории на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на 10 јули годинава,  склучени се договори за наредните 2 години во висина од 3,4 милиони евра со три компании: „Инфинити  клининг“ за околу 2,2 милиони евра, „Ланд сервис“ за околу 1 милион евра и  „Сити логистика 2011“ за околу 170.000 евра. Но, пребарувањата за компанијата „Бигор клининг“ на системот за електроски набавки покажа дека МВР има склучено договор за хигиена и со оваа компанија, на 24.09.2021, во висина од 94.000 евра.

Покрај договорот со МВР, „Ланд сервис“ склучил договор и со ЈП за државни патишта, за одржување на хигиена во нивните објекти, исто така за две години, за околу 160.000 евра, а „Бигор клининг“ се договрил за 10.000 евра да го чисти Медицинскиот факултет, а хигиената во Институтот за радолологија ќе ја одржува една година за 14.000 евра.

„Стед комерц“ склучил договори со МАНУ, со Службата за општи и заеднички работи на Владата, со Министерството за здравство, со Царинската управа… Поголем дел од договорите на оваа компанија се водат како „набавки со мала вредност“ и станува збор за одржвање на теписони, перење завеси и слично.

„Перпетуумобиле“, на официјалната страница на Бирото за јавни набавки се јавува со склучена само една јавна набавка, и тоа со Министерството за финансии во 2019 година во вредност од 51.000 евра.

Извор: Пари

Continue Reading

Истражување

ТАЈНИ АРХИВИ: Грција во 1946-та добила совет да испрати 110.000 војници за да ги порази македонските герилци кои се бореле за слобода и демократија во Егејска Македонија

Published

on

Според документи од тајните архиви на Велика Британија и на Австралија за војната во Грција од 1946 до 1949 година, таа побарала помош од Обединетите нации, САД и Велика Британија за да се справи со герилското движење на Македонците во Егејска Македонија.

Во документите (заокружени со жолта боја), што се објавени и на социјалните мрежи, се вели дека борбата во Егејска Македонија (1946-1949) била борба на македонскиот народ за своја држава. Во „Доверливиот документ“ од 20 декември, 1946 година под број 3 се вели дека имало 6.000 наоружани герилци кои ги помагале над 35.000 жители од локалното население во Егејска Македонија.

На страна бр. 2, точка 5, пишува дека герилците кои се запишани во документот како „Славјани“ се борат да ги обединат во една држава „Вардар“ (Југословенска) „Егеј“ (Грчка) „Пирин“ (Бугарска) Македонија.

Во документите стои дека, според Форин офис на Велика Британија, во во составот на Голема Македонија треба да влезе и Солун.

Состојбата на теренот во Егејска Македонија била толку загрижувачка за Грција што нејзината Влада побарала помош од ООН, САД и Велика Британија. Грција била советувана да испрати 80.000 редовна војска и 30.000 жандармерија за да ги порази македонските герилци.

Во овој документ пишува и тоа дека британски експерти ќе ги тренираат и обучуваат грчките војници за да бидат поподготвени од востаниците. Во документот се споменува ЕЛАС, но не како активен учесник, туку како организација која го чекала резултатот од судирот на Македонците со грчката армија.

Овој документ говори за националната борба на Македонците за демократија, човекови права и слободи против Грција и грчкиот фашизам во Егејска Македонија во периодот од 1946 до 1949 година, кога се забранети секакви права на Македонците, и голем број протерани од родните огништа и раселени низ Европа и светот.

Текст на Денешен

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк