Connect with us

Uncategorized

Од сиромашна девојка до Мис Колумбија, од КРАЛИЦА НА KОKAИНOТ и на крај заврши во ЗATВOР

Енџи Санслементе Валенсија (42) беше прогласена за најубава Колумбијка во 2000 година.

Благодарение на познанствата кои ги стекнала во светот на манекенството и шоу-бизнисот, таа организирала синџир на шверц во кој ангажирала манекенки за шверц на кокаин, кои без никакво криење, во рачен багаж внесувале дрога во авионите.

„Сè функционираше толку добро затоа што не ги комплицирав работите. Само ќе најдев млада девојка која не изгледа премногу гламурозно, а сепак би била доволно згодна за мажите кои работат во обезбедувањето на аеродромот речиси да се скараат меѓу себе, дека ќе се преправаат дека ја прегледуваат. Ќе одат по неа, малку ќе флертуваат, ќе сменат неколку реченици, само површно ќе го проверат багажот. Сето тоа звучи малку невозможно, но клучот беше во едноставноста“, рече таа за нејзиниот синџир за шверц, за време на интервјуто што го дала додека беше во затвор.

Од девојка од сиромашно семејство која израснала во сиромаштија преку најпознатиот колумбиски модел која живееше живот од кој не би се срамеле ниту најголемите светски ѕвезди, назад до личност без пари на сметка и девојка која од која се откажаа сите се освен семејство.

Таа е родена во 1979 година во колумбиската престолнина Богота, а пораснала во Баранкила – градот најпознат по пејачката Шакира и актерката Софија Вергара. Тоа е град во кој дрогата и убавите жени од 90-тите одеа рака под рака, што Енџи сакала да ги искористи.

Тренирала балет и модерен танц, одела на часови по танц и пеење, сè и било добро, но пресвртот се случил откако во 2000 година беше прогласена за „кралица на кафето“, што е еден од најпрестижните натпревари за убавина во Колумбија.

Според правилата на конкурсот, кандидатите не смеат да бидат во брак, а Енџи била кратко во брак, поради што и била одземена титулата и за скандалот со недели се пишувало во тамошните медиуми.

Поради фактот што речиси сите избори за убавина биле поврзани со локални нарко босови, таа одлучила да се пресели во Мексико.

На почетокот се фотографирала за каталози, а набрзо се пробила и до националната телевизија. Тука и се отвориле вратите на мексиканскиот џет-сет во кој се испреплетувале спортисти, високи криминалци и моќници од различни сфери.

Според една верзија на приказната, таа набрзо го запознала Аргентинецот Николас Гуалко, кој бил познат како еден од организаторите на елитната проституција. Тие почнале да живеат заедно две недели откако ја започнале врската, а Николас набрзо ја однел дома кај своето семејство во Буенос Аирес со намера да им каже на родителите дека планира свадба со Енџи.

Според втората верзија, онаа кон која повеќе се наклонети локалните медиуми – Енџи заминала во Мексико за да ги дознае тајните на трговијата со шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа. Таа запознала дилер чие име се уште е непознато за јавноста. По опсежни подготовки и три години тренинзи, се вратила во Аргентина, каде требало да најде девојки кои за ситни пари ќе шверцуваат дрога вредна милиони долари.

Имала добро воспоставена мрежа со месеци. После тоа започнале серијата апсења, кога во 2010 година една од манекенките била уапсена на аеродром поради  пронајдено големо количество кокаин. Енџи побегнала.

Инспекторите не можеле да ја пронајдат околу пет месеци, таа спиела секој ден во друг хотел или хостел под друго име, се потстрижувала и ја менувала бојата на косата, наместо да носи луксузна облека, таа почнала да носи тренерки и широки маици. Додека била во бегство, јавноста преку нејзиниот Фејсбук профил се обидувала да ја убеди дека е невина и дека е жртва на местенка.

Сепак, таа била уапсена и сместена во затворот Езеиза, на околу 20 километри од Буенос Аирес. Во него завршила откако била осудена на шест години и осум месеци за организирање на шверц на кокаин од Аргентина во Европа. Од првиот затвор била префрлена во друг, во истиот град, поради насилството и нападите на кои била изложена во првиот.

Таа беше ослободена од затвор и депортирана назад во Колумбија во септември 2013 година, откако отслужила само половина од нејзината казна. Таа добила доживотна забрана за влез во Аргентина.

Uncategorized

Коњановски: Почитта кон хероите се мери со делата што ги создаваме

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот уметник и педагог Панде Петровски.

Петровски, афористичар, карикатурист, илустратор и сценограф, остави значителен белег во македонската и битолската уметност, а неговата посветеност кон творењето е препознатлива и денес.

За едногодишни достигнувања наградени беа: Игор Трајковски Фоја за значаен придонес во културата, актерот и режисер Мартин Мирчевски, Дарко Секуловски за промоција на Битола преку современи медиуми, како и Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ за работа со лица со посебни потреби.

Градоначалникот Тони Коњановски им ги врачи наградите на добитниците, истакнувајќи дека почитта кон минатото се мери со делата што ги создаваат заедниците денес. Во рамките на свеченоста, уметничката програма ја изведе пијанистката Теодора Капинковска.

Continue Reading

Uncategorized

„Комуналец“ Битола поставува нови контејнери

Јавното претпријатие „Комуналец“ Битола продолжува со активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во градот, поставувајќи нови контејнери за селектирано собирање отпад на повеќе локации.

Со оваа акција се овозможува полесно и поефикасно одвојување на отпадот, особено на хартијата и пластиката, со што се поттикнува одговорно однесување кон животната средина.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да ја поддржат оваа иницијатива и редовно да го селектираат отпадот, бидејќи секој мал чекор придонесува кон почиста и поодржлива Битола.

Continue Reading

Uncategorized

Коњановски: Битола продолжува со крупни инфраструктурни проекти

На последниот ден од септември, осумте кандидати за градоначалник на Општина Битола учествуваа на предизборна дебата во форматот „Директно“, организирана од ТВ Телма и Националниот демократски институт.

Актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат, Тони Коњановски, нагласи дека еден од најголемите адути на неговиот мандат е изградбата на инфраструктурата во градот.

„Ако со нешто може оваа локална гарнитура да се пофали и гордее, тоа е инфраструктурата. Градот во изминативе четири години беше градилиште,“ изјави Коњановски.

Тој потенцира дека се реализирани над 50 километри инфраструктурна мрежа, што, како што рече, во одредени периоди предизвикувало и застои во сообраќајот. „Направивме доста, се извинивме многупати затоа што едноставно го попречивме одвивањето на сообраќајот, но над 50 километри инфраструктурна мрежа е направена и така ќе продолжиме во идниот период. На тоа се поклопи и проектот за топлификација,“ истакна Коњановски.

Градоначалникот посочи и дека е завршена првата фаза на булеварскиот влез во Битола, на потег од 800 метри, со коловоз широк 27 метри. „Тоа е она што граѓаните постојано го бараат – адекватни влезови. Во идниот мандат продолжуваме со влезот од страната на Охрид,“ додаде тој.

Како приоритетни проекти за следниот период ги најави санирањето на коритото на реката Драгор и изградбата на повеќе од 50 нови улици во рамки на програмата на Општината.

Во дебатата, која се одржа во дворот на Офицерскиот дом во Битола, учествуваа и останатите кандидати за градоначалници: Методија Куновски, Габриела Илиевска, Зоран Николовски, Васко Деловски, Мирјана Мирчевска, Кире Димов и Јорго Огненовски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг