Connect with us

Скопје

Татко и син дома си произведувале оружје – откриен цел арсенал

Во куќа во скопска Топаана двајца скопјани произведувале оружје.

Се работи за син и татко А.Ј.(46) и С.Ј.(73), кои се приведени поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

При претрес на дом и помошни простории кај А.Ј., каде што била лоцирана импровизирана работилница за изработка и поправка на оружје и муниција, биле пронајдени 6 ловни пушки, 3.215 парчиња муниција за огнено оружје, 67 механизми и делови од огнено оружје за пушки, 3 цевки за пушки, 74 делови од разновидно оружје, 9 затварачи за пушки, 22 кутии со разновидни механизми за пиштоли, една дигитална вага за мерење на барут, соопшти МВР.

При претрес и кај неговиот татко С.Ј., кој во моментот престојувал во викенд-куќа во село Раштак, биле пронајдени: една полуавтоматска пушка, една ловна пушка, еден сигнален звучен револвер, шест цевки за оружје, три дрвени кундаци, 1604 куршуми со долго зрно, 101 куршум ловна муниција калибар 12 мм, затворач за оружје, куршуми маневарска муниција, 499 куршуми ловна муниција кал.16мм, четири пакувања со иницијални каписли.

Против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава.

Скопје

Меџити: Чаир се чисти, наскоро подземни контејнери во сите населби (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека општината започнала засилена акција за чистење на јавните површини, како и нов проект за поставување подземни контејнери во сите маала.

„Чаир се чисти. Многу скоро ќе бидат поставени подземни контејнери во сите населби,“ соопшти Меџити.

Со ова, општината очекува значително подобрување на хигиената, намалување на непријатните миризби и спречување на растурањето на сметот околу контејнерите.

Поставувањето на подземните системи за отпад е дел од пошироката стратегија за модернизација на урбаното уредување и подигање на квалитетот на живот на жителите на Чаир.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Скопје

Багери и екипи на терен: Започна расчистувањето на коритото на Вардар

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје деновиве спроведуваат интензивна акција за чистење на коритото на реката Вардар. Според претпријатието, ангажирана е целата расположлива механизација, а работата ќе продолжи сè додека не се заврши целосното расчистување на кејот.

Од теренските снимки и фотографии може да се забележи машинско отстранување на насобраниот кабаст и земјан материјал од централниот дел на реката, додека рачни екипи ги собираат пластичниот отпад и ситниот смет од косините.

„Во акцијата се вклучени сите екипи на ЈП ‘Улици и патишта’ Скопје со целосен работен капацитет. Ќе работиме до комплетно расчистување на просторот,“ информираа од претпријатието.

Ова чистење е дел од најавената акција за подигнување на хигиената и уредувањето на јавните површини во градот, која ја иницираше новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според најавите, вакви активности ќе се реализираат и на други локации низ главниот град.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски најавува 55 автобуси од понеделник и уште 20 до Нова година – Скопје се сака со дела

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес најави значајно подобрување на јавниот превоз во градот, со воведување на 55 автобуси од понеделник и уште 20 до Нова година. Договорот со приватните превозници е постигнат за помалку од 48 часа по преземањето на функцијата градоначалник.

„Овој потег е сериозен исчекор кон стабилизирање и подобрување на градскиот транспорт“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека до март, во соработка со Владата и Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени дополнителни 80 нови автобуси, со што јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран.

„Заедно со градскиот воз и проектот БРТ, започнуваме циклус на трајно решавање на сообраќајниот хаос кој со години го оптоварува нашиот град“, додаде градоначалникот.

Ѓорѓиевски истакна дека е мотивиран да го направи Скопје достоинствено, чисто и современо место за живеење и им дал збор на граѓаните дека ќе успее во тоа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг