Connect with us

Спорт

Мери освои четири ЗЛАТНИ МЕДАЛИ на Светското за фитнес и бодибилдинг (Фото)

Published

on

Кривопаланчанката Мери Акиевска од Магнус фитнес центар, Скопје се искачи на Светскиот пиедестал во категорија Велнес фитнес освојувајќи златни медали во јуниорска и сениорска конкуренција како и две апсолутни титули во двете конкуренции, на 75-то Светското фитнес и бодибилдинг првенство за мажи и жени во Шпанија што се одржа од трети до осми ноември.

Мери Акиевска. Фото: преземено од фејсбук профил на Акиевска

– Мојата категорија е Велнес Фитнес, а на Светскиот настан освоив златен медал во јуниорска и сениорска категорија исто така и во двете категории две апсолутни титули. Мојот матичен клуб во Северна Македонија е Фитнес центарот “Магнус”. Најпрвин започнав да се занимавам рекреативно со фитнес и бодибилдинг, но за кратко време добив голема промена на мојата форма бидејќи генетиката игра голема улога и така се мотивирав и преминав веќе како професионален натпреварувач во бодибилдинг покрај тоа што работа  како тренер во “Магнус”.Во овој спорт професионално работам од 2019 година откако започна моето прво натпреварување и првите златни медали што придонесоа многу за мотивација, вели Акиевска.

Според неа, ништо не е тешко кога го работиш  со голема љубов, но бодибилдингот кај нас не е категоризиран и, како што рече, овие натпреварувачи немаат голема поддршка.

Мери Акиевска. Фото: Фејсбук профил од Акиевска

– Јас работам во фитнес центарот “Магнус” како тренер, но реално, од овој спорт во РС Македонија не може да се егзистира. Ни треба поддршка и да се категоризира бодибилдингот како другите спортови, за да имаме финансиска поддршка и нормално, да бидеме наградени и да имаме повеќе мотивација да вложуваме и на страна да ги браниме боите на татковината како јас што ја претставувам државата веќе трета година со сите златни титули, дополни Акиевска.

Рече, не е ни малку лесно да се одржи формата и да се достигне светско ниво.

Мери Акиевска. Фото: Фејсбук профил од Акиевска

– Диетите се макотрпни, се одрекуваш од нормалниот режим на исхрана, преминуваш на протеинска исхрана збогатена со протеински влакна, хидрати, но тоа е одредено со време и по мерка за да дојдеме до потребната форма и облини кои се непобедливи. Во иднина ќе продолжам со надградба на моите способности и потенцијали, надевајки се на целосна поддршка од државата и се надевам ќе имам и финансиска подршка за повеќе освојување на титули, за да преминеме во професионалци со огромен успех со кој сите ќе се гордеат, додаде Акиевска.

Таа се натпреваруваше во категорија до 163 сантиметри на ова Светско првенство во конкуренција на над 1 500 учесници од над 100 држави. Акиевска настапи под капата на Бодибилдинг фитнес федерацијата на РС Македонија,а делегацијата ја предводеше претседателот Бобан Ѓороски.

текст: Фронтлајн мк

Македонија

Летечкиот Македонец ја слави европската титула, па браво мајсторе (Видео)

Published

on

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.

Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.

Видео: https://fb.watch/n9QvHnH9V8/?mibextid=Nif5oz

Continue Reading

Спорт

Не можеше да ги задржи емоциите: Прославата на Ѓоковиќ по победата во епското финале (Видео)

Published

on

Новак Ѓоковиќ во спектакуларно финале во три сета славеше против Карлос Алкараз на турнирот во Синсинати. Оваа победа за Ѓоковиќ донесе и многу емоции, а тоа можеше да се заклучи и од начинот на кој прослави.

Српскиот тенисер до победата дојде по голема борба и спасена меч топка и токму затоа ова финалето ќе остане запаметено како едно од најдобрите во историјата. По победата Ѓоковиќ легна теренот, а потоа и ја искина маицата која ја носеше.

Треба да се каже и дека со три часа и 50 минути ова финале е најдолгиот меч во историјата на турнирот во САД.

Continue Reading

Спорт

Дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот? (Видео)

Published

on

Eден од најчудните пенали во историјата на фудбалот се случи синоќа во натпревар од Конференциската лига меѓу Гленторан од Северна Ирска и Гзира од Малта.

Гостинскиот голман го одбрани ударот, почна да се радува и избега од петерецот но топката сепак се дотркала до голот и заврши зад линијата.

Проверете дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот?

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк