Connect with us

Балкан

ПРЕКРАСЕН ГЕСТ: Српските фудбалери премијата од милион евра ќе ја донираат за болни деца!

Published

on

 Српските фудбалери уште еднаш ја одушевија јавноста по синоќешната фантастична победа на гости кај Португалија (2-1) по која се пласираа на Мундијалот во Катар, а денеска дополнително ги освоија срцата не само на домашната туку и на целата српска јавност.

Причина за тоа е одлуката за начинот на кој ќе ја распределат премијата што им ја вети претседателот Александарт Вучиќ во износ од милион евра.

Според српските медиуми, избраниците на селекторот Драган Стојковиќ-Пикси меѓу себе се договориле парите да ги уплатат на посебна сметка за лечење на децата.

Балкан

[ВИДЕО] Масовна тепачка во Собрание во Србија

Published

on

Се започнало кога советникот од Локалниот фронт, Владан Славковиќ, се качил на говорницата на Општинското собрание во Краљево. Претседателот на Собранието му упатил две опомени и му наложил да ја напушти салата, пренесува Рина.

Во моментот, влегол обезбедувач, а потоа избувнала тепачка меѓу Славковиќ, советникот Матовиќ и обезбедувачите.

Continue Reading

Балкан

Косовското собрание не е конституирано дури ни по 16-тиот обид

Published

on

Дури и по 16-тиот обид, косовското собрание не успеа да се конституира. На денешната седница повторно не беше формирана Комисијата за тајно гласање за избор на претседател на Парламентот. Членовите на поранешните опозициски партии не предложија членови на изборната комисија и не гласаа за составот на комисијата, што доведе до одложување на седницата.

За формирање на комисијата гласаа 55 пратеници, а еден глас беше против.

Следната седница е закажана да продолжи на 17 мај.

Поради ситуацијата во која собранието не е конституирано ниту по 16-тиот обид, а на барање на неколку политички партии, претседателот на Косово Вјоса Османи за денеска свика консултативен состанок со лидерите на партиите.

Според експертите по уставно право, претседателот може само да посредува во постигнување политички договор, но нема други овластувања, освен да го упати прашањето до Уставниот суд за решавање на моменталната ситуација.

Continue Reading

Балкан

Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

Published

on

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад утрово се собраа голем број граѓани и студенти, кои бараат ослободување на активистите на организацијата СТАВ и ПСГ, кои веќе два месеци се во притвор во затворот на Клиса, а на кои во вторникот на 13 мај им беше продолжен притворот за уште 30 дена.

На задниот влез на зградата, 50-тина вработени се обиделе да влезат во зградата, и таму се собрала исто така група граѓани, јави Н1. Тука дошло до инцидент, односно туркање меѓу припадниците на интервентната единица на полицијата, која се обидела да им овозможи на вработените да влезат, и собраните граѓани. Кога интервентната единица не успеала да им овозможи на вработените во судот да влезат, на помош им пристигнал голем број припадници на жандармеријата.

На граѓаните кои биле во првите редови им бил фрлен солзавец или бибер спреј, изјави за Н1 една студентка.

Еден граѓанин преку мегафон ѝ викал на полицијата: „Немој на голорак народ, што правите, не на мирни граѓани“.

Граѓаните извикувале „Србија“ и „Пуштете ги сите“. Една студентка преку мегафон ги предупредила граѓаните дека пристигнува полициско засилување, кое ќе им пријде на граѓаните од грб, што предизвикало немир меѓу собраните.

Шестмина активисти и студенти на опозициското Движење на слободни граѓани (ПСГ) и организацијата Студенти против авторитарна власт (СТАВ) се во притвор веќе 60 дена откако се обвинети за обид за уривање на уставниот поредок, а судот во вторникот им го продолжи притворот за уште 30 дена.

Уште шестмина активисти на СТАВ се товарат за исто дело, а тие во моментот на апсењето се наоѓале во странство, каде што се и денес.

Сите се обвинети врз основа на аудио снимка од незаконски прислушуван разговор, кој беше емитуван на режимските телевизии на 14 март. Бранителите на обвинетите во повеќе наврати тврдеа дека Безбедносно-информативната агенција (БИА) разговорот го прислушувала незаконски и додадоа дека аудио снимката не може да биде правно валиден доказ во тој процес.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк