Connect with us

Приказни

Сведоштво – CУДИЈАТА од Охрид по втор пат МИ ГИ УБИ ДРУГАРИТЕ !

Published

on

Собрав сила и here we go.

15 август 2020.

Јас, Деспина и Исидора кои бевме на “традиционален” летен одмор во Струга, се спремаме да излезиме и да си поминиме една нормална убава вечер на пијачка во Охрид.

Успат дознаваме дека имаме другари од Битола кои исто така престојуваат во Охрид па се договараме да се споиме.Вечерта ја поминавме забавно и весело, сите кои ги знаат Иван и Милан па и мене, Деспина и Исидора знаат дека сме секогаш за дружба па заради пандемијата после кафич се договараме да си напрајме журка во нивниот стан во Охрид.Иван бидејќи цела вечер пиеше вода заради тоа што беше совесен возач беше среќен што конечно ќе се напие некоја пијачка и ќе се опушти.Излеговме и се упативме кон колата.

Црно.Ги отворам очите на повикот на Деспина по мене.И си помислив “прв пат осеќам толкава болка во сон” а околу мене гласови, сирени, светла.Пак црно.

Ги отворам пак очите и лежам во болница каде ми ги сечат алиштата и јас сум во шок.Се свестувам и сфаќам дека вечерта заврши како што никој не би посакал и само ѓи прашав сестрите каде де другите и дали има жртви. Ми рекоа не, сите сте живи.

Деспина беше до мене.ПРЕсреќна бев.Барав телефон да се јавам да кажам на некој дека сме во болница но дека сме добри. Прво затоа што знам дека мајка и и татко и на Исидора не чекаат да се вратиме дома.Добив телефон кога ме однесоа на одделение.Прво се јавив кај моите нормално а тие веќе пред болница, плачат незнам дали од среќа дека ми го слушаат гласот или од тага заради несреќата.Се јавив кај сите што им го памтев бројот.

Во 11:30 ми се јави другарка ми и ми рече: сега имаш телефон ќе прочиташ па поарно јас да ти кажам, Корач почина.

Неможам ни да ви опишам што осеќав во моментот, плачев а ме боли се, секој напор е додатна болка на веќе постоечките скршеници и рани, а на душевните не сакам ни да објаснувам.Ме префрлија Скопје, каде имав 4 резови за да ме монтираат, како слагалица.Лежев неподвижна таму 2 недели.Исидора и Милан во КАРИЛ. Деспина дома со гипс околу рамената и клучната коска. Моите од кај мене на болница кај Деспина дома.

Тетка ми која деноноќно седеше над Деспина, идеше и кај мене на болница.Вујко ми и вујна ми кои ја гледаа Исидора само преку стакло, одвојуваа време да ме видат и мене и Деспина.Не знам дали некој може да го замисли ова, но на никој не му го посакувам. Се вратив дома. 2 месеци во болнички кревет, физиотерапија во лежечка позиција, психотерапија во истата таа позиција.Колку среќа имам што сум опкружена од моите родители, браќа, другари најблиски и подалечни, мојот дечко, познаници.

Секој дојде да ме посети. Сите тие еден по еден ми даваа сила и желба полесно и побрзо да го поминам ова.Се секавам на 18 септември моите ми кажаа дека ќе одат некаде. Сабајлето имав физиотерапија и татко ми само влезе и рече се смена планот ќе останиме тука. Кога завршив со терапијата ми дадоа доручек и седнаа до мене и мајка ми и татко ми.Никогаш нема да ја заборавам оваа реченица на татко ми:Знаеш, малце се искомплицира состојбата на Милан.Јас викам добро ќе биде добар.И тој: ни замина.

Го фрлив доручекот и почнав да плачам како мало бебе. Пак истото, си велам што згрешивме ние за да плаќаме за туѓа грешка. Е во тој момент осетив гнев како никогаш до сега.На 19 октомври заминав Скопје на поактивна физиотерапија затоа што веќе почнав да се движам со дубак.

Јас веќе се исправив, Деспина исто така, со што таа имаше потрес на мозок и сеуште се справува со вртоглавици.Како да ги погледнам во очи вујко ми и вујна ми кои не знаат во тој момент дали нивната ќерка некогаш ќе се разбуди? Како да го видам татко му на Иван или да одам да ја гушнам баба му ма Милан која што ме знае од бебе, а да не помислам дека можеле нивните деца да се на мое место? Траума, стрес, страв, срам. Заради некој дивјак!Се молиме за Исидора, јас, ти, сите што ги познавам ме прашуваат како е.Веќе сите осекавме дека сме дел од една голема фамилија, секој се грижеше за нашите животи. Ја испративме во Германија, фала Богу. И конечно се разбуди, добра е и ќе победи.Кога ќе и кажам дека сите ја поздравуваат и прашуваат за неа, ме прашува кој? Како да и кажам? Баш СИТЕ. Не ги знаеш, но се молат за тебе, веруваат во тебе, и едвај чекаат да го запознаат најголемиот борец!

Сакам да ви кажам дека има страшен дух и волја за живот, упорна е и се бори со сите сили. И најбитно, се ова со една голема насмевка. Но таа вика вака: Господ ги потроши сите сили на мене, сега нека му ја мислат тие.Преблагодарна сум за мене и моите братучетки, но болката за Иван и Милан никогаш нема да замини, ќе мора да се научиме за живееме со неа. А за да можеме, бараме ПРАВДА!

Кога мегусебно би си погледнале во срцата давајќи му значење на тугиот проблем и предизвик со кој другиот се соочува, сигурна сум дека дека би се третирале со многу повеќе толеранција и разбирање. Се обидувам да разберам и да не сум лута. Тешко е но се обидувам.

Но човекот, ИНСТИТУЦИЈАТА, која требаше да ми дај потпора, не само мене, на сите гореспоменати и неспоменати, ме/не предаде.Бојан Мартиноски не изневери. Судијата од основниот СУД во Охрид!

Детето од колата знам дека нема да спие мирно можеби никогаш повеќе.А ти, Бојан? Каква ти е совеста? Ни ги уби по втор пат другарите, и заедно со нив нивните фамилии и нас.

#правдазаиванимилан

Фејсбук статус на преживеаната девојка 🙁

Приказни

Ибрахимовиќ: Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија, не верувам во Господ, верувам само во себе, а на теренот секогаш мислам на словенски

Published

on

Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија. Не верувам во Господ, верувам само во себе, а на теренот секогаш мислам на словенски, открива Златан Ибрахимовиќ во животно интервју.

Јас сум Швеѓанец, но и мешана раса. Мајка ми е хрватски католик, татко ми е од БиХ и муслиман и иако поголемиот дел од кариерата го поминав во Италија, моите најрани сеќавања се од Југославија. Ме однесоа таму, во автомобил и во воз. Сè уште беше комунизам – вели Ибрахимовиќ (40) во интервју за „Кориере дела Сера“.

Швеѓанец кажува многу, а ова се најинтересните делови од еден целосно отворен разговор…

Како дете бев тежок, проблематичен. Само што сум се родив, бабицата ме испуштила од метар висина. Целиот  живот беше тежок. Бев различен во училиште; другите беа светли, со светли очи и нормален нос. Бев темен, со голем нос. Зборував поинаку од нив, се движев на друг начин. Родителите на моите соученици потпишаа петиција да ме исфрлат од часовите. Секогаш бев мразен. И прво реагирав лошо. Се изолирав. Подоцна научив да ги претворам страдањата и омразата во сила – изјави напаѓачот на Милан раскажувајќи ги деталите за смртта на својот брат.

Тој вели дека неговиот татко  многу страдал поради војната во Југославија.

Секој ден добиваше вести за тоа како некој што го познавал бил убиен. Им помагаше на бегалците. Секогаш се трудеше да ме заштити од сето тоа. Кога неговата сестра почина во Шведска, не ме пушти на погреб. Но, кога брат ми Шапко почина од леукемија, отидов. Брат ми ме очекуваше, издиши пред мене. Го погребавме според муслиманските обичаи. Татко ми не пушти солза. Следниот ден отишол на гробиштата и плачел од утро до вечер. Сам. Татко ми беше строг и кога еднаш ме фатија со пријател во мала кражба во продавница, бев среќен што го повикаа таткото на мојот пријател. Му пратија писмо, секој ден го чекав првиот поштар и кога дојде писмото го искинав. Да го прочиташе татко ми, ќе беше лошо.

Тоа се секакви работи, бидејќи неговото искуство е огромно, Златан видел и доживеал на фудбалските терени …

Мислам на словенски јазик На натпреварите  ми викаат дека сум циган. Последен пат тоа беше во Рим, кога постигнав гол. Околу 50.000 луѓе ми викаат дека сум циган, а судијата ме опоменува. Расизмот е насекаде. И во Шведска.

И ако се прашувавте на кој јазик мисли и размислува Златан…

На кој јазик мислам? На теренот никогаш на шведски, тоа е нежен јазик, а теренот е полн со зло. Таму мислам на словенски. Понекогаш на англиски и италијански. Но затоа дома се однесуваме како Швеѓани. На пример, ги соблекуваме чизмите пред да влеземе дома, остануваме во чорапи. Немаме слуги, една жена не чисти, се друго сами правиме.

Јас не верувам во Бог, верувам само во себе. Животот е овде и сега. Кога си мртов, мртов си. И јас не сум суеверен, јас одлучувам како ќе се развиваат работите, додава голгетерот.

Continue Reading

Рекла Казала

Кој и го скрши срцето на ЗОНЕ ЗАМФИРЧЕ ?

Published

on

Кој е бившиот дечко на Катарина Радивојевиќ- позната Зоне Замфирова, кој и го скршил срцето а после тоа се оженил со позната водителка…

Познатата глумица Катарина Радивојевиќ била во сериозна врска со Игор Којиќ, а непосредно после тоа Игор застанал на лудиот камен со пејачката Северина. Но тоа не е прв пат кога некој маж и го крши срцето на Катарина така што влегол во врска или брак со некоја убава Хрватка.

Исто а можеби и поболно сценарио и приредил нејзиниот тогашен дечко Видое Ристовиќ, кој своевремено се пишувало бил во врска со Катарина растурајќи го предходниот брак од кој имал едно дете.

Видое имено се забавувал со Катарина, а потоа следел љубовен крах. За кусо време, Видое стапил во врска со Николина Пишек, а набрзо и ја оженил.

Видое и Николија се венчале во Монте Карло, а интимната свадба чинела околу половина милион евра, а круна на љубовта нешто подоцна било раѓањето на ќеркичката.

Continue Reading

Приказни

,,САМО ГОСПОД ГО ЧУВАЛ СИН МИ“: Татко раскажува како неговиот син влегол во друг автобус и ја избегнал стравичната несреќа

Published

on

Џафер Долек бил дел од групата која се враќала од Турција со агенцијата „Беса Транс“ и требало да се вози со автобусот кој изгоре на автопатот „Струма“, но неговите куфери се нашле во погрешен автобус и тоа му го спасило животот.

Хотелскиот персонал, наместо во автобусот кој доживеа несреќа, ги ставил куферите на Долек во друг автобус. Откако тој ја увидел грешката, побарал багажот да му биде вратен во првиот автобус, но лице од агенцијата му рекло да влезе во истиот бидејќи и во него има место.

Ова за „Сител“ го раскажа таткото на Џафер, кој вели дека Господ го чувал неговиот син. Тој за несреќата разбрал откако се видел со синот, кој безбедно пристигнал во Скопје, и му кажал дека другиот автобус направил несреќа и дека има жртви.

Бугарските истражни органи денеска соопштија дека во остатоците од автобусот се пронајдени 44 трупови од жртви. Тие велат дека добиле информација дека во автобусот патувале 52 патници, а во болница се лекуваат 7 лица. За нив останува нејасно каде е уште едниот патник кој бил регистриран дека е во автобусот

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк