Connect with us

Балкан

Србија меѓу првите во светот го добива лекот против Ковид

Published

on

Министерот за здравство на Република Србија, Златибор Лончар денеска разговараше со регионалниот директор на компанијата „Фајзер”, Мухамед Хамам за деталите од потпишаниот договор за набавка на лекот против коронавирус на таа компанија, динамиката на испораката и иднината и модалитетите на соработка, пренесува Блиц.рс.

Договорот за набавка на овој лек од компанијата „Фајзер” досега го потпишаа САД, Австралија, Велика Британија и уште една голема и важна земја – Србија. Тоа најдобро говори за тоа колку Србија денес и се што направивме за време на пандемијата е почитувана и ценета во светот, истакна Лончар, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Директорот на „Фајзер” го истакна своето задоволство од соработката со министерот за здравство и особено ја истакна посветеноста и цврстата определба на Србија да го стави под контрола коронавирусот.

Знам дека досега направивте многу за да ја контролирате епидемијата, а вашата посветеност се илустрира со фактот што се сретнавме за многу кратко време во текот на викендот. Се радувам на понатамошната соработка и заедничките активности за ставање крај на пандемијата, рече Хамам.

На почетокот на месецов министерот Златибор Лончар изјави дека е потпишан договор за дистрибуција на лекот на „Фајзер” во Србија.

Експерименталниот лек за третман на коронавирус, кој е развиен од американската компанија „Фајзер”, за 89 отсто го намалува ризикот од хоспитализација и смрт кај пациенти чие здравје е веќе загрозено, покажаа клиничките испитувања.

Овој лек го блокира ензимот потребен за размножување на коронавирусот, а како резултат на тоа се намалуваат смртноста и хоспитализацијата.

Балкан

Почина Аки Рахимовски, долгогодишниот фронтмен на „Парни Ваљак“

Published

on

Александар Аки Рахимовски почина на 66 годишна возраст. Тој беше познат по ангажманот во рок составот од Загреб „Парни Вањак“.

-Драги пријатели, со неопислива тага во срцето ве известуваме дека денеска (22.01.2022) засекогаш заспа Аки Рахимовски, објавено е на официјалниот Фејсбук профил на Парни Ваљак.

Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна браќа” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни ваљак”.

Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

Continue Reading

Балкан

СРБИЈА 1:1 АВСТРАЛИЈА! РИО ТИНТО ДЕПОРТИРАН Поништени сите дозволи на австралиската компанија

Published

on

Само неколку дена откако најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е протеран од Мелбурн, српската влада донела одлука на компанијата од таа земја да и се поништи проектот вреден стотици милиони долари.

Рио Тинто заминува од Србија! Сите одлуки и сите акти во врска со таа компанија се поништени, порачала премиерката Ана Брнабиќ после седница на Владата на Србија.

Само неколку дена откако најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е протеран од Мелбурн, српската влада донела одлука на тамошната компанија да и го поништи проектот вреден стотина милиони долари.

– Укината е одредбата за експлоатација на рудникот за јадарит, просторниот план е укинат и повеќе не псотои. Со самото тоа поништени се дозволи, одлуки и решенија со компанијата “Рио Сава“. Колку што се сеќавам, 2006 година, кога “Рио тинто“, добил дозвола, на власт била Демократската партија, а претседател Борис Тадиќ. Денес тие истите го блокираат сообраќајот, дури и граничните премини – порачала премиерката.

Continue Reading

Балкан

МАКЕДОНЦИТЕ СТРАДААТ ОД СОПСТВЕНАТА ГЛУПОСТ

Published

on

Лошата работа е што нашиот премиер како историска писменост е нула, како тим што може да го советува е две нули. Не можете да отидете и да кажете дека во Бугарија имало фашистички режим, но Бугарите не биле фашисти, вели Каракачанов.

Коментирајќи ја посетата на премиерот Кирил Петков на Македонија, поранешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов истрела уште една отровна стрела кон „браќата“ Македонци, кои, според него, страдале од сопствената глупост!

– Страдаат Македонците. Зошто? Бугарија е во Европската унија и во НАТО. Тие страдаат од сопствената глупост. Тоа не е добро, но што да направиме ние? Да се самоубиеме зошто нашите крвни браќа во Македонија се со заматено самосознание и што нивната политичка елита се прават итреци? – праша лидерот на вонпарламентарната ВМРО-БНД во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк