Connect with us

Скопје

Маршираа учениците од Чаир – „Како да одржуваме настава кога пријателите повеќе не се со нас“ (ВИДЕО)

Published

on

Солзи и тага во лицата на учениците на основното училиште „Исмаил Ќемали“. Денеска тие се собраа пред училиштето не но одржаа настава. Со себе земале цвеќе за да маршираат до Плоштад Скендербег. Трагедијата тешко ја доживува и директорката на училиштето.

„Немам зборови за да ја опишам болката и колку е тешко 5 ученици од едно училиште да го загубат животот, сметам дека тоа е голема трагедија. Учениците многу тешко го доживуваат тоа, плачат, викаат, значи тие ученици кои биле во исто одделение, многу тешко ова го доживуваат“, истакна Бурбуќе Имери.

Кај плоштад Скендербег учениците ги прочитаа говорите кои ги подготвиле.

„Животот навистина е нерешена енигма, ни носи среќни мигови но и тажни. Но еве Господ сакал да не тестира со ваков тажен настан кој на сите ни изгледа нереален. Во знак на сеќавање на овие ученици, на овие млади, кои животот го загубија во трагичен начин, сакам да им кажам на мои врсници дека болката и тагата ќе бидат присутни секогаш во нашите срца, единственото нешто кое ќе ги одржи живи овие деца се спомените кои нè поврзуваат со нив“, вели ученик.

„Оваа солза не паѓа од очите џабе, нашите браќа и сестри денеска ги видовме на земја, Разије, нашата сестра, Ергин, нашиот брат, како ве изгоре овој оган“, додава ученик.

„Со колкава радост отидовте, со надеж дека ќе се вратите добро, но Господ сакал да одите кај него“, посочи ученик.

„Сите убави моменти што ги имавме нема да ги заборавиме“, вели ученик.

И наставниците беа многу тажни.

Во вчерашната трагедија 5 од жртвите беа ученици од ова ученици, сите се од едно семејство.

Прилог на ТВ21

Скопје

Арсовска сепак ЌЕ ГО КИТИ Скопје, БЕЗ ПАРИ, со ДОНАЦИИ (Видео)

Published

on

На 10 декември започнува да се украсува градот Скопје за Нова година. На мојот повик до компаниите да покажат корпоративна општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза се јавија претпријатија заинтересирани да помогнат. Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а Линк Медиа најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без фискални импликации по градот. Град Скопје и Линк Медиа спогодбено го раскинаа договорот за новогодишно украсување на Скопје, што беше склучен во месец октомври оваа година – вели Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје во деншното видео обраќање.

Continue Reading

Скопје

Центар блокиран – Пријава за бoмбa во МНТ

Published

on

Вечерва, центарот на градот е блокиран поради пријава за поставен екплозив во Македонскиот Народен Театар.

Полицијата се наоѓа на лице место, засега нема информации дали пријавата е лажна.

Извор: ТВ 21

Continue Reading

Скопје

Грми „Жена од султана“ во скопска градинка (Видео)

Published

on

Револтиран родител кој сака да остане анонимен, до редакцијата на „Слободен печат“ испратил видео снимка на која се гледа како воспитувачка од градинка на 5-годишни деца им пушта турбо фолк песни, ги снима и им вика да играат и да пеат.

Песната која се слуша во позадина е „Жена од султана“. Дечињата играат, а воспитувачката им вика „Ајде пејте сите инаку ќе ви ја исклучам“. Потоа таа ги прашува од каде ја знаат песната и дали вакви песни им пуштаат и дома?

Целата вест ТУКА.

Видео:

*Видеото е одстрането на барање на родителите на децата од градинката.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк