Connect with us

Македонија

(Видео) Го земав чеканот го скршив стаклото,ја извадив свршеницата и уште пет лица …

Published

on

Екипата на Клан ТВ во софиската болница во која се сместени повредените од трагичната автобуска несреќа разговараше со Лулзим Сулејмани од Прешевската долина, кој ја преживеа несреќата и успеал да помогне и на неколку други патници.

„Додека одеше автобусот, од десната страна удри во тротоарот, тркалата на автобусот пукнаа и почна да избувнува пожар и имаше многу чад во автобусот. Потоа автобусот се движеше 20 метри лево и сам застана. Луѓето почнаа да повраќаат, да врескаат како во хорор филмови. Успеав да избегам бидејќи го зедов чеканот во автобусот и го скршив стаклото. Ја извадив свршеницата и уште пет лица“, изјави Сулејмани за ТВ Клан.

Македонија

Митева до Заев за смеењето на комеморацијата: ШТО ТИ Е СМЕШНО БРЕ… (ВИДЕО)

Published

on

Денеска во Македонија пристигнаа телата на починатите во трагичната автобуска несреќа во која починаа 45 лица од кои 12 деца, трагедија која ја зави Македонија во црно, а во целост затвори неколку домови бидејќи починаа цели фамилии.

На комеморацијата и пречекот на починатите присуствуваше целиoт државен врв меѓу кои и премиерот во оставка Зоран Заев.

Додека Македонија плаче и се носат телата, Заев се смееше во разговор со претседателот на НСДП, Горан Мисовски, личеше на

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева праша „“ и постави видео на Твитер кое наиде наголем број на реакции од граѓаните:

Continue Reading

Македонија

Професорката Котеска: За се’ ќе одговapaте – бaндо kpиминална

Published

on

Редовната професорка на Филолошкиот факултет, Јасна Котеска го истури својот гнев кон последните случувања во Република Македонија на социјалната мрежа Твитер.

Таа најави одговорност за Влада за сите штетни политики изминативе години како и човечки жртви кои се резултат на лошото владеење.

-Ама за се’ ќе одговарате!

– за Преспански

-за Бугарски

-за Тиранска

-за живи изгорени сограѓани

-за “додека дишам уставот нема да се смени”

-за секој ДУП

-за екологија

-за здравство

-за царовска

Ама за се’ ќе одговарате – бандо криминална, пишува професорката која важи за еден од најгласните критичари на власта, но со смирен тон.

Continue Reading

Македонија

Роднините и граѓаните се простуваат од загинатите во автобуската несреќа во Бугарија

Published

on

Граѓаните денеска оддадоа  почит,на жртвите во автобуската несреќа која се случи во Бугарија на плоштадот Скендербег.

-Дојдовме овде да им изразиме сочувство на сите фамилии кои ги изгубија своите чеда  во тешката сообраќајна несреќа.Не знам што да кажам, немам зборови за нивните фамилии за чедата кои ги загубија, не познавав никого но дојдов да оддадам почит,  нема тука вера ние сме еден народ и треба заедно да живееме, вели Славица Велковска која присуствуваше на плоштадот Скендербег во Скопје каде има поставени венци, пренесува Локално.мк

На барање на семејствата на загинатите откажана е поворката која требаше да се одржи по однапред утврдена патека до и низ главниот град. Семејствата велат дека овие десет дена минувале низ агонија, а секој изминат ден им траел како една година, и бараат телата на нивните блиски веднаш да им бидат предадени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк