Connect with us

Забава

Миа Костова: Шалтер или шанк во распеана кафеана и службеничка ала „жена од султана“? (ВИДЕО)

Published

on

Македонската ТВ водителка и  мошне активна инфлуенсерка Миа Костова, продолжи на себе својствен начин  да ја отсликува реалноста. Нештата што ни се случуваат пред очи, кои секојдневно ги гледаме, забележуваме, коментираме, негодуваме, ама никако да ги поправиме.

Покрај споделените постови и речиси секојдневните коментари на негативните појави во општеството на социјалните мрежи, односно општествените будалаштини, Миа однеодамна најде нова форма истите да ни ги предочи сликовито. Со хумористични видеа во сопствена режија, во кои ги исмева (не)работата, полтронството,  митото, корупција, негрижата, неспособноста, неодговорноста, непотизмот, индолентноста…

Или сето она што е „за плачење“ , собрано на купче, што најчесто ја прелива чашата, која никако некој да се сети да ја истури, убово измие и одново стави во функција, онака како што треба. И пак вака треба, зашто така им чини… Ним, ама не и на народот!

Ако во првата епизода на тапет беше јавното здравство, сега на Миа Костова инспирација и е јавната администрација. Шалтерот како пример за соочување со суровата вистина на секојдневието во кое живееме… И ние од оваа и тие од онаа страна на истиот тој шалтер. Само рзликата е тоа што ние ги плаќаме од наши пари, а тие си тераат по свое. Платата тече, а работата… кој колку може… другото може и да почека… Ден има и утре! Шалтерот и утре работи… А тоа што шалтерот повеќе личи на шанк отколку на шалтер, на домашна менза  или распена кафеана и службеничка ала „жена од султана“… Еј па Вие какви сте, на се’ да најдете мана!

Мана? Ова кај нас не мана, туку има сериозна серија недостатоци… Фабричка грешка, фелер софтвер во старт, надграден со фалц хардвер…

Иако како што во самиот старт на видеото се тврди дека има за цел само да ве насмее, иако не е далеку од реалноста. Ликовите се измислени, а секое препопознавање е чиста случајност… А можеби и не е.

Впрочем, погледнете како изгледа кога ќе се најдете во ситуација за Ваши пари да мора „да и се молите“ на јавната админстрација. Миа Костова слатко ќе ве насмее, но и длабоко ќе ве замисли… Затоа секој од Вас убаво нека размисли, „пред чиј шалтер ќе застане“.

Погледнете:

Забава

Аки утрово се јавил кај пријател во Македонија, се договориле да го пречека на скопскиот аеродром

Published

on

Аки Рахимовски утрово планирал патување во Македонија и посета на мајка си.

Тој телефонски разговарал со пријателот Здравко Ситновски во Скопје и се договорил да го пречека на аеродромот во Македонија, пишува „Вечерњи.хр“.

Рахимовски неколку минути пред смртта му се јавил и на познатиот клавијатурист на некогашниот бенд Тајм, Тихомир Поп Асановиќ, со кој е во постојан контакт, но Асановиќ немал мобилен телефон со себе и дури подоцна видел пропуштен повик од пријателот. Тажната вест го шокираше бидејќи, како што рече, имале бројни заеднички планови.

Рахимовски почина денеска на 67-годишна возраст во Словенија. Тажната вест ја потврдија членовите на групата на официјалната страница на Фејсбук.

Неговиот менаџер изјави дека пејачот веднаш бил однесен во болница, но по неколку часа, починал, откако нагло му се влошило здравјето. Во 2018 година Аки претрпе мозочен удар, но откако поминаа неколку месеци, тој отворено зборуваше дека закрепнал од болеста и ги променил животните навики.

Рахимовски беше фронмен на групата Парни Ваљак и дел од 18 студиски албуми на .бендот Засекогаш ќе остане запаметен по песните „Јесен у мени“, „Све још мирише на њу“, „Доџи“, „Моја је пјесма лагана“, „Ухвати Ритам“… Песната „Јесен у мене“  ја запеа во дует со покојната музичка ѕвезда, Тоше Проески.

Continue Reading

Забава

Илјадници во центарот на Прилеп ги пееја неговите хитови: Пиво Фест 2016, вечерта кога Аки Ракимовски и “Парни Ваљак” го наполнија Прилеп (Фото/Видео)

Published

on

Денеска на 67-годишна возраст почина Аки Ракимовски, фронтменот на култната музичка група “Парни Ваљак”.

Ракимовски беше обожаван од публиката ширум просторите на поранешна Југославија, а илјадниците фанови секогаш се восхитуваа на неговата неверојатна енергија на сцената.

Така беше и на 14-тото издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2016”, кога Аки и “Парни Ваљак” приредија концерт за паметење.

Илјадната публика во еден глас ги пееше најголемите хитови, а неповторливиот Аки скокаше на сцената со последен атом енергија.

Маркукуле

Continue Reading

Забава

Самка ќе ви каже што е ризик 🤣(Фото)

Published

on

Самка Ибраимовски со премудра мисла, фото:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк