Connect with us

Религија

Преподобен Григориј Декаполит

Published

on

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј и Марија, родители угледни и благочестиви. Кога заврши училиште родителите сакаа да го oженат, но тој побегна во пустина и се замонаши.

Живееше по разни места: во Византија, во Рим, на Олимписката Гора. Каде и да одеше секаде ги восхитуваше луѓето со своите подвизи и чуда. Се случуваше да го огрее небесна светлина; да му се јават Ангели Божји.

Ја гледаше убавината на Ангелите и го слушаше нивното умилно пеење. Поживеа долго и богоугодно и мирно се упокои во 9 век во Цариград, кога се пресели во радоста на својот Господ.

Религија

Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Published

on

Кога злите Евреи го убија со камења свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но, Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на маченикот лежеше на отворено место под градот два дена и две ноќи, а втората ноќ дојде Гамaлиил, учителот на Павле, а потаен ученик на Христа, го зеде телото, го однесе на својот имот во Кафаргамала и овде во една пештера го погреба чесно.

Во истата пештера Гамалиил го погреба и својот пријател Никодим, кој плачејќи над Стефановиот гроб умре. Овде Гамлиил го погреба и својот крстен син Авив. И според заветот што го остави, и самиот Гамалиил беше овде погребан. Оттогаш поминаа векови и никој од живите не знаеше каде е погребано телото на свети Стефан.

Во 415 година, во времето на јерусалимскиот патријарх Јован, му се јави Гамaлиил трипати на свештеникот кафаргамалски Лукијан и подробно му раскажа сè за погребот на оние што ги спомнавме, покажувајќи го точното место на нивните заборавени гробови. Возбуден од овој сон, Лукијан му јави на патријархот и штом зеде благослов поведе луѓе и појдоа да ги откопаат четирите гроба. Пештерата се преисполни со силно благоухание од светителските коски. Тогаш моштите на свети Стефан ги пренесоа свечено на Сион и таму ги погребаа чесно, а моштите на другите ги изнесоа на еден рид над пештерата и овде ги положија во една црква. Од моштите на свети Стефан тој ден се извршија многу исцеленија на болни. Подоцна тие мошти беа пренесени во Цариград. Така Господ го овенча со голема слава оној кој прв ја пролеа својата крв за Неговото име.

Continue Reading

Религија

Почнува БОГОРОДИЧНИОТ ПОСТ

Published

on

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица.

Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.

По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август).

Сигурни сведоштва за оформувањето на Богородичниот пост најнапред наоѓаме во списите на Теодор Студит (IX век), а тој е конечно утврден од Светата Црква на Цариградскиот собор во 1166 година, иако верните уште многу векови порано пребивале во пост исчекувајќи го денот посветен на Успението на Богородица.

И покрај постоењето на ориентирни правила во однос на позволените и забранети продукти за исхрана, никогаш не смее да се заборави дека сржта на  православната антропологија е во тоа дека од човекот не треба да се стори проста маса, туку секој е и треба да остане конкретна личност, Оттаму, „строгоста“ на личното применување на физичката страна на постот зависи од личносниот совет од духовниот отец кон своето духовно чедо.

Константата, пак, која треба да се следи во секој повеќедневен пост, а која никако не се „разблажнува“ е духовната страна на постењето. Духовниот пост секогаш подразбира одрекување од сите облици на грешни и зли мисли, желби и дела, додека телесниот пост е само неопходно помошно средство за успешна духовна борба против страстите.

Денот на празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, 28 август, е неработен за граѓаните од православна исповед во земјава

Continue Reading

Религија

Свети Евдоким од Кападокија – младиот офицер кој живееше со евангелските заповеди

Published

on

 Роден е во Кападокија од благочестиви родители, Василиј и Евдокија. Во времето на царот Теофил (829–842) Евдоким беше млад офицер во војската. Но, и како војник вложуваше секаков напор за да живее според евангелските заповеди.

Непорочно ја чуваше својата чистота и одбегнуваше дури и да зборува со која и да е жена освен со мајка си; беше милосрден кон бедните, грижлив во читањето свештени книги и уште погрижлив во молитвите кон Бога.

Одбегнуваше суетни забави и празнословие. Беше „Среде метежот и суетата на светот, како крин меѓу трње и како злато насред оган“.

Заради неговите необични добродетели царот го постави за војвода кападокиски. На таа висока положба Евдоким се грижеше да биде праведен пред Бога и кон луѓето. Но, по Божја Промисла се упокои рано, во својата триесет и трета година. Неговите мошти се пројавија како целебни. Еден полуден човек се допре до неговиот гроб и оздраве, а и едно фатено дете се крена и стана здраво.

По осумнаесет месеци неговата мајка го отвори ковчегот и го најде неговото тело како живо, без било каков знак на распаѓање. А од телото на светителот излегуваше прекрасен мирис.

Подоцна моштите му ги пренесоа во Цариград и ги погребаа во новата црква на Пресвета Богородица, усторена од благочестивите родителите на овој праведен Евдоким.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк