Connect with us

Македонија

Утре пристигнуваат телата на ЗАГИНАТИТЕ – Ќе има ПОВОРКА низ СКОПЈЕ

Published

on

Утре наутро пристигнуваат телата на 45-те жртви од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија. Од скопскиот аеродром поворката со телата ќе се движи и нив главниот град за граѓаните да можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег. На плоштадот ќе биде поставен и видео ѕид од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката. 

-Бугарската држава ќе обезбеди 2 воено транспортни авиони со кои ќе бидат пренесени жртвите на несреќата утре наутро, изјави Ангел Ангелов, амбасадор на Р.Бугарија.

Во меѓувреме, бугарските медиуми јавуваат дека изутрината камионот кој треба да ги транспортира телата до аеродром час и половина бил заглавен на влезот на главната мртовечница. 

Странски експерти констатирале дека банкините на местото на несреќата биле неправилно поставени. Бугарскиот институт за безбедност на патиштата соопшти дека нивната анализа покажала оти заштитната ограда не е поставена според барањата и дека е оштетена поради бројни несреќи кои се случиле на ова место.

-Во средната разделна лента можеме да видиме дека има преинсталирање на објектот. Сигурно имало претходна несреќа во истата област. Приклучокот на заштитната ограда е неправилно монтиран со две завртки наместо четири, по потреба. Ова е причината поради која заштитната ограда се скина и покрај малата брзина со која удри автобусот. Утврдено е и дека недостасуваат знаци, а има и оштетени ознаки, велат од Институтот. 

Претходно и државните институции во Бугарија утврдија дека условите на патот не биле безбедни. Кобната делница не е ниту автопат, ниту магистрала, а знаците со определување на брзината се недозволиви за тие услови, утврди Министерството за регионален развој.

Македонија

Тетовскиот градоначалник со лопата во рака: Касами кршеше и чистеше мраз на тротоари

Published

on

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами се фати за работа на терен заедно со локалните комунални екипи во расчитување на тротоарите од мраз.

На видеото што е објавено на Фејсбук, се гледа како лидерот на БЕСА со лопата во рака крши и чисти мраз на улица во Тетово.

Додека многумина на овие ниски температури се наоѓаат во своите домови, хероите на градот се грижат за јавните простори. Вечерва заеднички ги исчистивме тротоарите од снег и мраз. Безбедноста и слободното движење на граѓаните е наша должност, напиша Касами на Фејсбук.

Continue Reading

Македонија

Споделете да помогнеме: На Никола му се потребни финансиски средства за итна операција

Published

on

Младиот Никола Тимов во текот на ноќта имал здравствени компликации со белите дробови (бронхопнеумонија) и е итно испратен во Скопје кадешто му претстои тешка операција.

Заради тоа се јавува проблем за обезбедување на финансии кои во понеделник треба да бидат уплатени.

Ве замолуваме доколку сте во можност да донирате колку што можете и сите заедно да направеме едно добро дело.

Трансакциска сметка на Стопанска банка АД Скопје

На име Татјана Стојчева

200002277030663

Continue Reading

Македонија

Почина мајката на Марко Пејчиновски, најмладиот маратонец кој исплива 30 километари

Published

on

Почина мајката на Марко Пејчиновски, најмладиот маратонец кој исплива 30 километари

22.01.2022

Mgid
Mgid

Семејство од Скопје има могу пари, бидејќи дознале трик од 2021Bitcoin UpОвој трик ги расчистува крвните садови веднаш!Cardiol

Почина мајката на Марко Пејчиновски, најмладиот маратонец кој исплива 30 километари

Веста дека починала Виолета Пејчоновска, медицинска сестра од Охрид, осамна и на социјалните мрежи оти тоа е мајката на Марко Пејчиновски, детето кое направи голем спортски подвиг и на со инфаркт на нозете исплива 30 километри во Охридското Езеро објави Шило магазин.

„ Виолeта секогаш беше ведра и насмеана, вистински професионалец во својата работа и жена со големо срце“, коментираат вработените при ЈЗУ Општа Болница Охрид.

За потсетување нејзиниот син Марко, пред три години го преплива езерото, кога со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид. Следната година тој пливаше и за децата со ретки болести.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк