Connect with us

Македонија

Бучковски: Заев останува премиер само за да го затвори прашањето со Бугарија

Специјалниот преговарач во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски, смета дека мора да се искористи „прозорецот на можности“ декември- јануари за постигнување договор со Бугарија и старт на преговорите со Европската Унија. Тој во изјава за Дојче веле вели дека е можна нова неизвесност ако не се искористи периодот во кој Заев е се уште на чело на владиниот кабинет.

Ако не се договориме сега, додека Заев е премиер, ќе влеземе во нова неизвесност. Ќе изгубиме пак многу време, а ние веќе немаме време за чекање! Предолго ја чекавме Бугарија да има политичка Влада. Премиерот Заев останува на позицијата за да го затвори овој процес на преговори со новиот бугарски премиер. Тоа е исклучително важно за утврдување на временската рамка за изнаоѓање на компромисно решение и кревање на блокадата од страна на Бугарија. Да не заборавиме дека идниот претседавач со ЕУ, Франција има претседателски избори во април. Заради тоа, немаме многу време пред да почне нивната кампања. И завчера на Софискиот форум потенцирав дека прозорецот на можности е отворен сега“, потенцира Бучковски за ДВ.

ДВ потсетува дека неодамна во интервју за Шпигел, идниот бугарски премиер Петков навести дека разговорите ќе се интензивираат во следните шест месеци.

„Ако се даде ‘зелено светло’ за пристапните преговори веднаш, без дискусија, тоа само ќе ги зајакне националистите во двата табора. Ние се потпираме на преговори, а не на пропаганда“, порача Петков.

Македонија

Македонските кардиохирурзи Колев и Џелили се обучуваат за операции во Франција

Кардиохирурзите од ЈЗУ Клиника за кардиохирургија – Скопје, д-р Александар Колев и д-р Кујтим Џелили, престојуваат на Универзитетската болница во Бордо, Франција, каде што посетуваат специјализирана работилница посветена на најсовремените техники во кардиохирургијата.

Под менторство на професорите Томас Модин, Луис Лаброус и Џулијан Пелтан, тие се обучуваат за минимално инвазивни процедури, како и за употребата на роботскиот систем „Да Винчи“ при поправка на митралниот залисток. Во текот на престојот, двајцата лекари имаат практични тренинг-сесии со работа на реални модели, применувајќи дел од најновата медицинска апаратура што се користи во водечките кардиохируршки центри.

„Кардиохирургијата постојано напредува и наша должност е да останеме во тек со новитетите, со цел да им обезбедиме врвен третман на пациентите во Македонија“, истакнува д-р Колев.

Престојот во Франција е дел од континуираните активности за подигање на стандардите и воведување на напредни хируршки техники во домашното здравство.

Continue Reading

Македонија

Се одржа 38. средба на Заедничката историска комисија: Фокус на новите учебници по историја за основците

Во Скопје вчера и денеска се одржа 38. редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, согласно годишниот план за работа.

На состанокот, македонскиот тим ги достави новите учебници по „Историја и општество“ за петто и шесто одделение, по што се отвори дискусија за идниот пристап и методологијата при разгледувањето на наставните содржини. Темата ќе биде дополнително разработена на следната средба.

Во рамките на состанокот беше потпишан записникот од 31. седница, а продолжија и разговорите за усогласување на текстот од записникот на 32. средба.

„Македонскиот тим преку својот проактивен пристап продолжува да гради доверба и да бара одржливи решенија, засновани на взаемно почитување и признавање на правото на различна историска перспектива,“ се наведува во официјалното соопштение.

Следната средба на Комисијата е закажана за првата половина на декември во Софија, каде ќе продолжат разговорите за усогласување на образовните содржини и препораки.

Continue Reading

Македонија

Алиу: Не сме добиле покана од Владата, но нема да ја одбиеме

Демократската партија на Албанците (ДПА) е подготвена да разгледа можност за учество во Владата, доколку добие официјална покана. Ова денеска го изјави членот на Централното претседателство на партијата, Имер Алиу, по одржувањето на Централното собрание.

„Немаме добиено официјална покана, но не би ја одбиле. Ќе разговараме со сите, вклучително и со Владата“, рече Алиу. Тој посочи дека политичката агенда на ДПА можеби не е идентична со онаа на владејачките партии, но дека дијалог треба да има.

Осврнувајќи се на резултатите од локалните избори, Алиу порача дека поразот на ДУИ не треба да се гледа како „национална трагедија“, туку како политички процес што носи нови обврски за тие кои сега се дел од власта.

„Многу ветувања беа дадени. Сега е време тие да се реализираат. Албанската партија во Владата нема простор за изговори и ќе ја повикуваме на отчетност“, истакна Алиу.

На денешното Собрание, ДПА формираше и Координативно тело кое ќе ги води понатамошните активности на партијата. Партијата најавува дека ќе продолжи да врши притисок и надзор врз носителите на функции и на локално и на централно ниво.

ДПА до локалните избори беше дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Лидерот Мендух Тачи претходно тврдеше дека на парламентарните избори таа коалиција била посилна од ВЛЕН, но последните изборни резултати го променија политичкиот распоред меѓу албанските партии.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг