Connect with us

COVID 19

За заштита од Oмикрoн сојот можеби ќе биде потребна и четврта доза од вакцините

Published

on

Две дози од оваа вакцината „Pfizer/BioNTеch“ не претставуваат силна заштита од новата омикрон варијантата на коронавирусот, па затоа се препорачува и засилувачка доза, а првите луѓе на американскиот фармацевтски гигатн „Pfizer“ соопштија дека можеби ќе биде потребна и четврта доза за заштита од овој сој.

Дополнителната ткн „бустер“ доза од вакцината би помогнала да се сконтролира сојот, иако и две дози даваат некаква заштита од сериозна форма на коронавируснта болест Covid-19 предизвикана од омикрон варијантата, покажале лабораториските тестови, пишува весникот The Washington Post.

Меѓутоа, Алберт Бурла, извршниот директор на „Pfizer“, за американските медиуми изјавил дека четвртата доза би можела да биде потребна 12 месеци по третата, а можеби и порано.

„Верувам дека третата доза ќе даде добра заштита, но мислам дека ќе ни биде потребна и четврта доза за заштита од омикрон. Со овој сој ништо не се знае, мораме да почекаме и да видиме што ќе се случува, бидејќи имаме многу малку информации. Можеби четвртата доза ќе треба да се прими и за помалку од 12 месеци по третата“, изјавил Бурла за телевизиската мрежа CNBC News.

Во САД досега се регистрирани 40 случаи на сојот омикрон, а повеќето од заболените се со поблаги симптоми. Откако првично беше идентификуван во земјите во јужна Африка, новата мутирана варијанта заочна забрзано да се шири и во европските земји, но и натаму претставува мистерија за научниците, бидејќи нема доволно информации за него.

COVID 19

КОВИД – 19 повторно зема замав – Се отвораат 5 нови Ковид амбуланти

Published

on

Во текот на наредната недела ќе почнат со работа пет нови КОВИД амбуланти на територијата на градот Скопје. Епидемиолошката состоба во државата е стабилна и за сега нема да има дополнителни превентивни мерки, рече денеска на прес-конференцијата портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

На денешниот состанок на Комисијата се анализирала епидемиолошката состојба, при што е констатирано дека има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но оти состојбата во болниците е стабилна. Мехмедовиќ посочи дека нема зголемување на бројот на хоспитализирани во болниците.

Тоа значи, потенцира Мехмедовиќ, дека болничките капацитети сè уште се доволни за да можат да ги згрижат сите оние граѓани кои имаат потреба.  

Градот Скопје, како што рече портпаролот, во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти и поради тоа е одлучено новите пет ковид амбуланти да се наоѓаат на територијата на главниот град. Поточно, во просториите на Здравствен дом – Скопје и ќе бидат во петте поголеми поликлиники во Скопје – во „Идадија“, „Горче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир.

-Со постоењето на КОВИД амбуланти вака дисперзирани, ќе биде покриена целата територија на градот и граѓаните ќе можат најблиску до своето место на живеење да добијат и дијагностика и третман за КОВИД -19, што сметаме дека ќе го олесни товарот и на матичните лекари, меѓутоа ќе ги направи и услугите во насока на потребата за КОВИД дијагностика и третман за граѓаните на градот Скопје подостапни, рече Мехмедовиќ.

Тој додаде дека најголемиот дел од оптовареноста на системот се наоѓа на примарно ниво, односно е на грбот на матичните лекари и Комисијата работи во насока на тоа да го зајакне примарниот дел од здравствениот систем.

-Работиме и на тоа да обезбедиме опрема, персонал и кадар за останатите градови, меѓутоа ова е нешто што сметавме дека е ургентно и заради тоа започнавме со оваа реорганизација во рамките на град Скопје, рече Мехмедовиќ.

Поради тоа што епидемиолошката состојба е стабилна, а според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона, за сега нема потреба од дополнителни нови мерки.

-Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Хоспитализацијата во моментот на Клиниката за инфективни болести е само за 16 пациенти како метода применета, имаме девет пациенти кои се на кислородна поддршка и сметаме дека системот се уште има голем простор за тој дел да се пополни и да се дадат услуги во делот на хоспитална грижа на пациентите. Најважно е да се фокусираме, како што кажав, на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите, рече Мехмедовиќ.

Според портпаролот на Комисијата, трансмисијата на вирусот е висока, но во исто време не предизвикува многу често тешка клиничка форма на болеста и не ги преполнува болниците. Тој потенцираше дека очекуваат да има висок број на позитивни случаи, но не очекуваат да има луѓе кои со сериозна симптоматологија ќе завршат во болници. Но, рече, системот е подготвен и во случај да има зголемување на бројот на вакви случаи.

Тој додаде дека стомачните проблеми не се толку чести кај БА5 ковид варијанта, согласно извештајот од Институтот за јавно здравје што го имаат добиено изминативе два дена.

-Стомачните проблеми не се точку чести кај оваа варијанта. Најчести проблеми кои се врзани со ковид и со омикрон варијантата и БA5 варијанта не подразбираат дигестивни проблеми. Тие се едни од поретки што ги имаме, рече Мехмедовиќ одговарајќи на новинарско прашање.

Continue Reading

COVID 19

МАКЕДОНИЈА Е БЕЗ МАСКИ! – исклучок се само овие места

Published

on

Откако претпладнето Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) ги усвои заклучоците од Комисијата за заразни болести, и Владата на денешната редовна седници ги донесе новите ковид-мерки со кои меѓу другото се укинува носењето маски на затворено.

Оваа информација ја објави на својот фејсбук профил првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Со новите владини одлуки се укинува мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби; учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство без задолжително носење на заштитни маски.

Исто така, се укинува забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.

Continue Reading

COVID 19

И Словенија ги укинува речиси сите Ковид мерки

Published

on

Словенија се подготвува за укинување на последните рестриктивни мерки поврзани со епидемијата на ковид-19 која е во пад, потврди словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар.

Во последните денови е многу присутен тренд на опаѓање на заразите и хоспитализациите, па за укинување на задолжителното носење маски во затворени простори одлуката би можела да биде донесена уште оваа недела.

Наместо обврска, носењето маски во затворено би останало само како препорака, а би морале да се носат само во болниците и домовите за постари лица, наведе Поклукар во изјава за медиумите за актуелната епидемиолошка и здравствена ситуација.

Поклукар очекува претстојните летни месеци да поминат во знакот на „враќање на старото нормално“.

Словенечката влада објави денес дека во изминатите 24 часа од околу 3.800 ПЦР тестови и брзи антигенски тестови се потврдени 528 нови зарази, што е пад во однос на претходниот ден кога биле 785, и во однос на состојбата од пред седум дена, кога имало 802 зарази.

Извор: Фокус

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк