Connect with us

Забава

Дневен хороскоп за 12 декември – еве што ве очекува денес

Published

on

Овен

Ако повеќето луѓе околу вас се противат на вашите идеи, нема потреба да инсистирате на вашите првобитни намери. Некој нема да има разбирање за вашите неуспеси. На љубовно поле делувате вознемирено. Полесно ви е да обвините некого за вашата емоционална состојба. Треба подобро да се прилагодите на блиска личност. Денес добро ќе ви дојде прошетка.

Бик

Не можете да ги промените основните услови кои владеат во деловните кругови. Не дозволувајте во вас да надвладее суетата или желбата за триумф. Треба да имате доволно трпение за вашето семејство. Обрнете внимание на некои проблеми со кои се соочува некој ваш близок. Избегнувајте физички напор.

Близнаци

Ненадејна непријатност или конфликт со една личност ќе ве натера да гледате на работите поинаку. Избегнувајте чувствителни теми, кои се ризик за вашата деловна репутација. Важно е правилно да се процени нечија улога и емоционални намери. Партнерот не сака дополнително да ве оптоварува со неговите барања. Делувате вознемирено, опуштете се.

Рак

Договорот со една личност укажува на можни недоразбирања и потенцијален неуспех. Ви недостига добар увид во различни деловни настани. Изгледате премногу резервирано и недоверливо, но партнерот нема намера премногу да ве разубедува кога станува збор за вашите емотивни сомнежи.

Лав

Сфаќате дека ви недостасува поширока поддршка и поверодостојни информации за клучни настани на деловната сцена. Не дозволувајте тоа негативно да влијае на вас. Потребно ви е нечие искрено разбирање и емоционална поддршка. Нема причина да се повлечете или да бидете премногу осамени. Не сте во форма.

Девица

Се двоумите помеѓу две понуди. Сепак, ниту една од нив нема да се покаже како вистинско решение кое ги исполнува вашите очекувања. Нема причина да ги пренагласувате вашите барања во друштво на саканата личност. Работите сами ќе си дојдат на свое место, само треба да бидете потрпеливи.

Вага

Изгледате незаинтересирани за одредени теми кои бараат дополнителен деловен ризик. Сепак, студениот тон и стилот на одбивање лошо одекнуваат во деловните кругови. Чувствувате емоционална напнатост во нечие присуство. Се грижите да го сфатите ненадејниот каприц на вашиот партнер во однесувањето.

Скорпија

Постојат различни недоразбирања и тоа ви дава право да инсистирате на вашите цели и да ја докажете вистината. Вие преземате одговорност за вашите постапки. Кога ќе ја видите вашата сакана личност, ќе делувате напнато затоа што ќе слушнете многу работи одеднаш.

Стрелец

Очекувате позитивен одговор или признание. Но, до вас допираат нејасни коментари и нечие незадоволство. Не дозволувајте некој да ве провоцира. Саканата личност очекува од вас да ги исполнувате ветувањата. Тешко ви е да ги усогласите сите заеднички потреби и интереси, но не се откажувајте.

Јарец

Доколку ве иритира нечие непрофесионално однесување, обидете се да ги контролирате негативните импулси и да избегнете потенцијално ривалство. Бидете искрени пред саканата личност, само така подобро ќе се разберете. Потребна ви е емоционална блискост за да ги надминете заедничките сомнежи.

Водолија

Нема причина да очекувате нови отстапки од некој кој не ги поддржува вашите ставови и цели. Губите драгоцено време и непотребно инсистирате да ја докажете вистината. Потребна ви е емоционална дискреција. Бидете повнимателни и избегнувајте авантуристички идеи. Сè има своја цена или некаква причинско-последична врска.

Риби

Некој јасно ви дава до знаење дека сте во добра позиција и дека ги поддржува вашите ставови. Треба да го оцените најдобриот момент за акција и да ги надмудрите вашите ривали. Важно е вашите идеи или емоционални интереси да наидат на позитивен одговор. Партнерот се обидува да ве охрабри.

Забава

Планетите ќе ја покажат моќта, овој датум е клучен: Три знаци ќе доживеат неверојатен пресврт и нов почеток

Published

on

Ни претстои важен астролошки настан, а тоа е Младата Месечина во Јарец, која не очекува утре, а симболизира нов почеток во животот.

Новата месечина на Јарец е астролошки момент кога Сонцето и Месечината се среќаваат во ист знак, што обично ја носи енергијата на почетоците, потенцијалот за нови почетоци и фокусирањето на поставувањето цели.

Јарецот е знак поврзан со амбиција, дисциплина, одговорност и поставување на темелите за иднината.

Оваа позиција на Месечината може да ја нагласи потребата да се постават јасни цели и сериозен пристап кон остварување на соништата и амбициите. Тоа може да донесе чувство на одговорност кон постигнување на лични и професионални цели. Исто така, поттикнува размислување за долгорочни планови и стратешки пристап за постигнување на посакуваните резултати.

Младата месечина во Јарец може да биде време за размислување за поставување на темелите за стабилност, без разлика дали се работи за кариера, врски или личен развој.

Тоа е период кога можеме да се осврнеме на нашите приоритети и да ја насочиме нашата енергија кон остварување на она што го сметаме за суштинско за нашата иднина. Ова е време да се фокусирате на долгорочните планови и да работите напорно за да ги постигнете вашите цели.

Младата месечина во Јарец е важна за сите хороскопски знаци, а носи позитивни промени за Јарците, Биковите и Девиците.

ЈАРЕЦ
Пред вас е период во кој е идеално време да започнете нешто ново. Овој нов почеток ќе биде видлив во интервалот од следните две недели.

БИК
Младата месечина ви носи можност да патувате но и да го промените погледот кон светот. Можете лесно да усвоите нова животна филозофија.

ДЕВИЦА
Младата месечина во Јарец ви носи нов емотивен почеток и можност да започнете романса.

Continue Reading

Забава

Почина кралот на сарказмот – Метју Пери (Видео)

Published

on

Познатиот актер Метју Пери, кој беше еден од ѕвездите на „Пријатели“, е пронајден мртов во својот дом, објавија американските медиуми. Тој имаше 54 години.

Извори од полицијата изјавиле за „Лос Анџелес тајмс“ дека Пери бил пронајден од екипите за итни случаи онесвестен во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес. Обидите за реанимација биле неуспешни.

Полицискиот службеник во Лос Анџелес, Дрејк Медисон, рекол дека отишле таму „поради истрага за смртта на маж на возраст од 50 години“.

Портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Брајан Хемфри, рекол за „Ен-би-си“ дека тие први реагирале во куќата во Пацифик Палисадес во 16:07 часот поради „итна опасност од вода“ од непознат вид. Никој не бил пренесен во болница, додал тој.

Пери беше најпознат по тоа што го играше саркастичниот Чендлер Бинг во многу популарната серија на „Ен-би-си“ „Пријатели“, која се емитуваше 10 сезони, од 1994 до 2004 година. Улогата му донесе номинација за наградата Еми во 2002 година.

Во таа серија тој глумеше заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Лиза Кудроу и Дејвид Швимер.

Видео:

https://youtu.be/QjnmPazw9EI?feature=shared

Continue Reading

Забава

Анастасија ја претставува Македонија пред светот на најубавиот можен начин (ВИДЕО)

Published

on

Анастасија Анастасова со своето семејство живее во Хамбург, Германија. Но, Македонија живее во нејзиното срце.Loading…

Ова девојче, кое следниот месец ќе наполни 11 години, имаше прекрасна идеја, за чија реализација се вложи максимално и затоа со гордост може да каже дека успеа.

Нејзина мотивација се љубовта кон родната земја и убавините кои Македонија ги поседува. Не мислеше дека е доволно за тие убавини да знае само таа, па сакаше да ги сподели со светот.

https://youtu.be/qBPj51IJx-M?feature=shared

Бесценето е да ги погледнете македонските богатства низ детските очи бидејќи нема нешто поискрено од детските емоции. Токму тоа стана успехот на Анастасија.

Оваа Македонка има свој канал на Јутјуб, кој го води на два јазика – германски и македонски. За да допре до срцата на сите, видеата имаат и англиски превод.

Семејството е нејзина најголема поддршка, па тие заедно работат снимање и монтажа, вложуваат свои средства, но пред сè – многу љубов.

Скопје, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Кратово, Охрид се само дел од локациите каде Анастасија направи свои мини документарци. Пред снимање се подготвува со информации кои од срце им ги пренесува на сите што ја гледаат. Снима интервјуа со славни личности од Македонија, кои наидуваат на голем интерес од страна на публиката

https://youtu.be/_Ms9ztkcYrQ

Цел текст: https://kurir.mk/magazin/mladi-talenti/poglednete-gi-makedonskite-ubavini-niz-detskite-ochi-anastasija-ja-pretstavuva-makedonija-pred-svetot-na-najubaviot-mozhen-nachin-video/

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк