Connect with us

Македонија

Сарафов: БРЗИНАТА на автобусот од несреќата на „СТРУМА“ била НЕСООДВЕТНА со условите на патот

Published

on

Со несоодветна брзина се движел возачот на автобусот во кој загинаа 45 македонски државјани. На автопатот во Бугарија возел повеќе од дозволените 90 километри на час, открива бугарскиот заменик главен обвинител Борис Сарафов.

Според првичните сознанија на  бугарските власти станува збор за човечка грешка, опдносно брзината со која се движел возачот била несоодветна со условите на патот.

„Брзината е прилично неусогласена, 90 километри на час биле надминати. Барањата за еден професионален возач на автобус се повисоки отколку за кој било друг возач. Затоа било неопходно и брзината да била соодветна на условите независно од ознаките на патиштата.“ – изјави Борис Сарафов.

Истражните органи не ја отфрлаат можноста дека ознаките на патот не биле соодветни, но според нив, причината за несреќата не е лошата патна сигнализација.

„Да, возможно е патните ознаки да не одговарале и тие очигледно не одговараат на барањата, но во никаков случај нема причинско-последична врска меѓу катастрофата и лошата патна сигнализација. Да, тоа во некаков степен придонесува возачот да биде повнимателен, да вози со соодветна брзина и со поголема концентрација и внимание. Тоа бара многу посериозна одговорност и ангажираност од тоа што било во случајот.“ – изјави Сарафов.

Епилог за автобуската несреќа се очекува кон крајот на месецов, односно истражните органи најавуваат дека истрагата е во завршна фаза. До 25 декември треба да бидат готови судското, техничкото и вештачењето кое треба да утврди како автобусот преполн со патници изгоре за само неколку минути.

Инспекторите кај нас пак досега не можеа да извршат инспекциски надзор во Беса транс, бидејќи во неколку наврати наидоа на затворени врати пред канцелариите на компанијата. ТВ 24 денеска разговараше со директорот на државен инспекторат за транспорт Руфат Хусеини, кој вели дека денеска во соработка со другите институции повторно ќе се обидат, но не се знае кој ќе биде исходот.

Истрагата за автобуската несреќа ја води бугарското обвинителство, со помош на експертски тимови од земјава. Првичната истрага покажа дека автобусот од непозната причина скршнал надесно и удрил во заштитната ограда, а од ударот се дупнал резервоарот по што избувнал пожар. Во несреќата животот го загубија 45 македонски државјани, а 7 беа повредени.

Македонија

Матурантите од прилепската гимназија го кренаа цел град на нозе (Видео)

Published

on

Матурантите од Гимназијата “Мирче Ацев” денеска го прославуваат завршувањето на четиригодишното средно образование.

Со зурли, тапани и песна, го кренаа на нозе цел Прилеп.

Немаше кој не застана и не се развесели заедно со нив. Ние им посакуваме среќна матура и успеси во понатамошното образование.

Continue Reading

Македонија

Сопругата на премиерот Ковачевски била Бугарка!

Published

on

Во редакцискиот мејл на Труд пристигна копија од документ според кој Елена Ковачевска, сопругата на актуелниот македонски премиер Димитар Ковачевски е Бугарка. Консултациите со лица кои детално го познаваат процесот на стекнување бугарско државјанство, покажа дека документот ги содржи сите потребни атрибути за да биде вистинит. Според неговата содржина, таткото и дедото на Елена Ковачевска – Митко Станојковски и Станојко Станојковски се Бугари родени во општина Босилеград.

Регионот на Босилеград во 1919 година беше одвоен од Бугарија и окупирани од Србија соогласно Нејскиот мировен договор. До 1941 година Југославија не ја признаваше и прогонуваше бугарска самосвест таму, но по 1945 година населението на Босилеград и Цариброд беше официјално признаено како бугарско, а во 1953 година неговиот број достигна 60.146 луѓе. Денес, западните Бугари се околу 15.000, односно населението се намалило за околу 45.000 Бугари како резултат на нивната асимилација и преселување во другите делови на поранешна Југославија, особено во денешна Македонија, пишува бугарски Труд.

Во врска со актуелната тензија меѓу Софија и Скопје, поврзана со потребата од обезбедување основни човекови права на делот од бугарскиот народ што живее во Македонија и неговото вклучување во Уставот, премиерот Димитар Ковачевски најави дека го покренал прашањето за човековите права на мали етнички групи „на високо ниво. Тој инсистираше на тоа дека сите граѓани, вклучително и Бугарите, имаат еднакви права и можности за професионален развој и е подготвен да разговара на оваа тема.

Тврдењето дека Бугарите во Македонија се мала заедница е политичка мантра која постојано ја повторуваат скопските власти и нивните поддржувачи. Ова е главната причина зошто на пописот во 2021 година им било дозволено да бидат регистрирани како Бугари само на 3504 лица. Но, покрај тоа, според официјалните податоци, има околу 20 илјади лица кои се изјасниле дека се бугарски државјани, а други 120.000 се „сметаат“ по службена должност, т.е. не ги посетил интервјуер и никој не ги прашал која е нивната етничка припадност, додава медиумот.

Сертификат за САБС за бугарско потекло на Елена Ковачевска

Сегашните тврдења на власта во Скопје дека Бугарите не се прогонувани се во спротивност со големиот број Бугари од Босилеградскиот регион. Иако официјално се родени и запишани во матичните книги како Бугари, по последните пописни податоци не ги наоѓаме. И откако самата Елена Ковачевска изјави дека се чувствува Бугарка, но овој факт очигледно се држи во тајност од јавноста, што останува за обичните граѓани на Македонија!

Време е политичките фактори во Скопје конечно да најдат граѓанска храброст и да сфатат дека бугарската припадност и самосвест не е кривично дело, туку основно човеково право, чие прогонство е злобна практика наследена од времето на Југославија. Постоењето на бугарска заедница во минатото и денес мора да престане да ги дели Софија и Скопје и да ја игра улогата на мост за нивната соработка на нивниот заеднички пат кон обединета Европа.

Извор: Бугарски Труд

Continue Reading

Македонија

Жена се обидела да се самоубие фрлајќи се од зграда во Аеродром

Published

on

Жена попладневно се обидела да се самоубие во скопската населба Аеродром, пренесува порталот Локално.

Според информациите, Т.С. родена 1991 година се фрлила од 5-ти кат од зграда на булевар „Авној“. Девојката е моментално на КАРИЛ со тешки телесни повреди.Полициски службеници во моментот вршат увид на местото на настанот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк