Connect with us

Приказни

Ме чуваа со некроза, повраќав фекалии, докторката ме испрати во Скопје со: Ако не ја примат, не ми ја враќајте тука

Published

on

Нов траорен скандал ја тресе Македонија. Имено, Дона Неделковска, млада тетовка преку својот Фејсбук профил ја објави страшната приказна низ која поминала во Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово.

Како што раскажува таа, имала закажано царски рез на 1 јули во болница во Тетово во 7 часот наутро, целата возбудена не ни почуствувала всушност каков хорор ја очекувало наредниот период.

– 1ви Јули, 2021. Локација, озогласената болница во Тетово. Закажан царски рез во 7 наутро. Страв, возбуда, не ни сонував каков хорор следи. Спинална анестезија, јас будна, пратам што се случува цело време. Бебето го извадија за кратко, го слушнав како плаче и веднаш го однесоа. Очекував да ме сошијат, и крај. Ама не. Слушам дека нешто не им оди како што треба. Слушам дека никако не можат да го допрат крварењето. Се вртам лево од мене гледам цел куп гази со моја крв, почнува да ми се врти и да ми се стемнува и плачам ги молам да ме спасат да не искрварам. Слушам како трчаат и носат кеси крв од трансфузиологија. Ја молев една од сестрите да ме држи за рака, да не се чувствувам толку осамено и исплашено, да ми даде малце утеха. Го молев анестезиологот да ме утеши дека се ќе биде добро. Ги молев сите присутни да ми кажат нешто позитивно, добра вест. Три часа. Хоророт траеше цели три часа и јас цело време бев будна и цел живот ми помина пред очи. После три часа, слушнав “ајде веќе затворај ја не крвари веќе”. Јас во полусвест, немам веќе сила, ама не сакам да заспијам. Ме однесоа во шок-соба, каде тазе родилки влегуваа и излегуваа ден по ден, а јас бев во истиот кревет без никаков напредок, не смеев да јадам, не смеев да пијам. Зошто, немав одговор. Следното утро почна уште поголемиот хорор. Почнав да повраќам на секои 30 минути. Плачев, исплашена, ги прашував зошто повраќам, што ми се случува, сестрите ми велеа “од анестезијата е, нормално е”. Трет ден. Јас се послаба и послаба, сеуште повраќам, ама воедно и стомакот ми станува тврд, целиот со грутки. Барам помош, барам одговори. Имам студирано на медицински факултет и знаев дека нешто лошо ми се случува, ама се чудев како толку доктори и сестри околу мене, кои тврдат дека не ми е ништо, дека цревата ми се мрзеливи, дека имам ГАСТРИТИС ( да, драга докторке, сеуште ги чувам СМС пораките каде ме тешиш дека имам гастритис, дека ќе ми помине ). Не ми беше ништо? Се извинувам на читателите за тоа што следно ќе го прочитате, но има еден израз во медицината, се вика мизeрере. Тоа е кога цревата не работаат, и измет излегува низ уста. Повраќав фекалии. Доктори ме гледаа и ми кажуваа дека не ми е ништо, дека имам гастритис. Драгата докторка задолжена за царскиот ми даваше билни чаеви и ми ставаше врели шишиња на стомак. Докторке, доколку читаш, а читаш, од СЕ ИМАМ СЛИКИ. Бев слаба, ама се борев. Знаев што ми се случува и знаев дека ќе ми требаат докази, објаснува Неделковска.

Таа вели дека четвртиот ден ситуацијата и станувала се полоша. Молела за помош и конечно некој се смилувал да викне некој постручен и да и стават назогастрчна сонда ( црево од нос во желудник ) за да ја испрзнат содржината од желудникот и да се чека цревата да се нормализираат.

– Преку таа сонда ми извадија цели 5 литри течност од желудникот. Итно рентген – со количка, тогаш веќе не бев способна ниту да се движам. Инфузии, лекови, немаше вена која не ми беше боцната. Веќе почнав да гледам страв и кај нив. Мајка ми, сопругот, цела фамилија и другари на нозе, трчаат бараат спас, молат да ме пратат во Скопје. Ама и покрај се, ме држеа уште една вечер. Ми рекоа многу си нервозна, ќе ти дадеме дијазепам за да спиеш, не ти е ништо. Таа вечер го молев Господ да го дочекам утрото. Знаев дека спас ме чека во Скопје. Ама таа вечер, не бев сигурна дека ќе издржам до следното утро. Ама се молев. И издржав. Следното утре итно ме пратија во Скопје со возило од брза помош, и драгата докторка не испрати со зборовите “ако не ја примат во Скопје, не ми ја враќајте тука, немам што да и правам”. Како спиеш навечер “ДОКТОРКЕ”? 5ти јули. Ме примија во Скопје, веќе во полусвесна состојба. Итно снимање, итно инфузии и на крај, итна операција. Се разбудив следниот ден, со огромна рана на абдоменот и не знаев што се случило. Ми кажаа дека ми е извршена хистеректомија т.е. отстранување на матката, бидејќи била некротизирана т.е. СКАПАНА. Да, во Тетово цели 5 дена ме чувале со некроза на матка, на раб на сепса, ме лечеа со чај од нане и рузмарин. Само Господ и двајцата доктори од Скопје кои ме оперираа ме спасија и се причина зошто сум сега тука и го пишувам ова и моето дете има мајка. Не сакам да ги именувам, ако прочитаат знаат кои се, и сакам да им кажам на двајцата и на цел тим од абдоминална хирургија и хирургот од ГАК дека сум ви вечно благодарна, појаснува младата родилка.

Дона Неделковска напиша дека бебето за прв пат си го видела после 12 дена, а излегла од болница 15кг послаба, со хематом на секоја вена, со две огромни лузни на стомак, не можела да се движи сама, не можела да се бања сама.

– Ми требаше време да бидам спремна да зборувам на оваа тема и додека го пишував текстов требаше да преживеам се одново и чувствувам мачнина, можеби имам и грешки во континуитет, ама помина доста време и многу работи ги потиснав и закопав длабоко. Ама мораше да излезе од мене. Со овој текст ставам крај на оваа приказна и го почнувам процесот на заборавање на оваа траума. И да, внимавајте пред да изберете доктор, распрашајте се 100 пати ако треба, за да избегнете ваква голгота, додава младата родилка во својот Фејсбук пост.

Приказни

Првиот Македонец во САД стигнал во 1492 година: Со резолуција ќе се прогласува Месец на македонското американско наследство

Published

on

Во Конгресот на САД е покрената резолуцијаза прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите Американски Држави.

Она што е интересно, е дека во образложението на резолуцијата е дадена цела историографија на придонесот на македонската заедница за САД и печатот што таа го оставила во оваа држава поради што треба да се слават нивниот јазик, култура и постигнувања.
Притоа има многу факти кои ја прават појасна за нас сликата за нашите иселеници во САД, вклучувајќи го и тоа дека тие бројат околу 500.000 и дека првиот Македонец таму стапнал – околу 1492 година.

Во моментов македонската заедница во САД е енергична заедница која е вградена во американскиот мозаик, учествувајќи во сите сфери на животот, бизнисот, медицината, правото, технологијата, граѓанскиот ангажман, владата, војската, образованието, уметноста, кулинарството, атлетиката и многу повеќе, се вели во резолуцијата.

За придонесите на Македонските Американци:

– Македонските Американци придонесоа за изградба на монументални американски транспортни рути како што е Големата северна железница.

– Во 1922 година, македонско-американските имигранти Том и Џон Кираџиеф, користејќи стари македонски рецепти пренесени од нивните родители и баби и дедовци, го создадоа чилито Синсинати, омиленото американско јадење, кое во 2013 година беше прогласено за едно од „20-те најиконски јадења во Америка“ од Смитсонијан.

– Македонските имигранти основаа своја верзија на познатиот хот-дог Кони Ајленд на почетокот на 20 век, кој останува главно јадење во рестораните во стилот на Кони Ајленд низ Средниот Запад;

– Македонскиот Американец  Стојан Христов, кој емигрирал во САД во 1911 година, бил американски автор, новинар, разузнавач од Втората светска војна и претставник на државата Вермонт (1961–1962), сенатор (1963–1972) и ја напиша книгата  „Ова е мојата земја“, која беше омилена на претседателот Френклин Д. Рузвелт;

– Македонскиот Американец Мајкл Александар (Лазароф) од Питсбург и Њујорк Сити беше познат меѓународен адвокат кој служеше како правен советник на многу британски и ирски владини организации и корпорации за што беше почестен од нејзиното кралско височество кралицата Елизабета Втора како командант на Британската империја.

– Македонскиот Американец Џими Н. Димос служеше како судија на 4-тиот судски окружен суд во Луизијана (1999–2006) и како член и претседател на Претставничкиот дом на Луизијана (1976–1999).

– Македонските Американци придонесоа многу за економијата на Соединетите Држави, создавајќи безброј работни места за американскиот народ во нивните заедници; Мајк Илич, добитник на Медалот на честа на островот Елис, и Маријан Бајоф Илич одиграа значајна улога во движењето за граѓански права и плаќаа за киријата на активистката Роза Парк во Детроит повеќе од една деценија. Тие ја отворија својата прва пицерија Little Caesars во 1959 година, што прерасна во трет по големина синџир на пица во светот. Тие се сопственици на спортските клубови Detroit Red Wings  и Detroit Tigers, а во 2015 година запишаа историја со давање на Државниот универзитет во Детроит 50 милиони долари, најголемата донација досега, истакнувајќи ја нивната доживотна посветеност на промовирање на претприемништвото, образованието и ревитализацијата на Детроит;

– Кристофер Илич, претседател и извршен директор на Ilitch Holdings, Inc. и претседател на Ilitch Charities,  даде над 220 милиони американски долари за  помош за развојот на младите, па до филантропски грантови за ревитализација на заедницата од 2000 година. Тој ја продолжи традицијата и визијата на неговите родители Мајк и Маријан Илич да го унапредат глобалниот статус на Детроит со развојот на Окружниот Детроит, кој прерасна во динамичен спортски и забавен кварт во кој има наградувани театри, четири професионални спортски тимови и три спортски локации за повеќекратна употреба, вклучително и современата Литл Цезар Арена, дом на Детроит Ред Вингс, Детроит пистонс и други забавни  настани во заедницата од светска класа;

 Четири од осумте женски имиња што некогаш биле врежани на Стенли купот се македонските Американки  Маријан Илич (1997, 1998), Дениз Илич (1997, 1998), Лиза Илич (1997, 1998) и Керол Илич Трепек (1997), сите со Детроит Ред Вингс;

– Ендрју Пејков, постариот, од Калифорнија ја основаше Нијагара Ботлинг, ДОО во 1963 година, една од најголемите приватни компании за флаширање вода во САД. Преку програмата за стипендии на Ендрју Д. Пејкоф, постариот, додели над 1,5 милиони американски долари на американските студенти и преку Niagara Cares, достави милиони шишиња чиста како помош во катастрофи во Тексас, Флорида, Порторико, Девствените Острови  и на Мексико Сити, како и да обезбеди грант од 10 милиони долари за Хаиме Peykoff Follicular Lymphoma Initiative за финансирање грантови за истражување на фоликуларен лимфом, меѓународни научни работилници и клинички награди;

 Џорџ Атанасоски од Ормонд Бич, Флорида, кој емигрирал во САД во 1970 година и бил добитник на Медалот на честа на островот Елис, го основал Microflex Inc., производител кој доставува широк спектар на флексибилни метални производи за големи клиенти како што се General Electric, Ford, Siemens, General Motors, Rolls Royce и NASA;

– Катрина Маркоф, по потекло од Форт Вејн, Индијана, шампион на промени во малиот бизнис, го основаше Vosges Haut-Chocolat што беше прогласена за една од 10-те најдобри чоколади во светот од National Geographic;

– Мајк Зафировски од Форест Хилс, Илиноис, добитник на Медалот на честа Елис Ајленд и поранешен претседател во Советодавниот комитет за телекомуникации за национална безбедност, служеше во одборот на „Боинг“, беше претседател и извршен директор на „Нортел“, глобална комуникациска технолошка компанија и претседател и главен извршен директор на „Моторола“, а во текот на 25-годишната кариера во GE, служеше како претседател и извршен директор на пет бизниси на GE во областа на потрошувачите, индустриските и финансиските услуги;

– Леон Спероф од Портланд, Орегон, признат како гигант во акушерството и гинекологијата, постигна значителни достигнувања во репродуктивната ендокринологија, менувајќи го начинот на кој се практикува медицината;

– Џорџ Даикоф од Санкт Петербург, Флорида, реномиран кардиоваскуларен и торакален хирург, беше неверојатен во своето поле на детска кардиохирургија („сини бебиња“) што беше новонастана, непозната област во 1970-тите. Тој инсталираше пејсмејкер кај најмалото недоносено новороденче во 1984 година, изврши важно истражување кое го унапреди полето;

– Питер Т. Џорџ освои три олимписки медали за САД во кревање тегови, пет светски првенства и беше шампион во средна категорија на Панамериканските игри, а подоцна стана доктор по орална медицина и беше пионер во третмани за опструктивна ноќна апнеја;

– Јован Ласковски, од Акрон, Охајо, беше примен во Меѓународното здружение за артроскопија на колкот (ISHA) во 2013 година и стана еден од 26-те хирурзи во Соединетите Американски Држави, примени во ISHA;

Она што е интересно, е дека во образложението на резолуцијата е дадена цела историографија на придонесот на македонската заедница за САД и печатот што таа го оставила во оваа држава поради што треба да се слават нивниот јазик, култура и постигнувања.
Притоа има многу факти кои ја прават појасна за нас сликата за нашите иселеници во САД, вклучувајќи го и тоа дека тие бројат околу 500.000 и дека првиот Македонец таму стапнал – околу 1492 година.

Во моментов македонската заедница во САД е енергична заедница која е вградена во американскиот мозаик, учествувајќи во сите сфери на животот, бизнисот, медицината, правото, технологијата, граѓанскиот ангажман, владата, војската, образованието, уметноста, кулинарството, атлетиката и многу повеќе, се вели во резолуцијата.

За придонесите на Македонските Американци:

– Македонските Американци придонесоа за изградба на монументални американски транспортни рути како што е Големата северна железница.

– Во 1922 година, македонско-американските имигранти Том и Џон Кираџиеф, користејќи стари македонски рецепти пренесени од нивните родители и баби и дедовци, го создадоа чилито Синсинати, омиленото американско јадење, кое во 2013 година беше прогласено за едно од „20-те најиконски јадења во Америка“ од Смитсонијан.

– Македонските имигранти основаа своја верзија на познатиот хот-дог Кони Ајленд на почетокот на 20 век, кој останува главно јадење во рестораните во стилот на Кони Ајленд низ Средниот Запад;

– Македонскиот Американец  Стојан Христов, кој емигрирал во САД во 1911 година, бил американски автор, новинар, разузнавач од Втората светска војна и претставник на државата Вермонт (1961–1962), сенатор (1963–1972) и ја напиша книгата  „Ова е мојата земја“, која беше омилена на претседателот Френклин Д. Рузвелт;

– Македонскиот Американец Мајкл Александар (Лазароф) од Питсбург и Њујорк Сити беше познат меѓународен адвокат кој служеше како правен советник на многу британски и ирски владини организации и корпорации за што беше почестен од нејзиното кралско височество кралицата Елизабета Втора како командант на Британската империја.

– Македонскиот Американец Џими Н. Димос служеше како судија на 4-тиот судски окружен суд во Луизијана (1999–2006) и како член и претседател на Претставничкиот дом на Луизијана (1976–1999).

– Македонските Американци придонесоа многу за економијата на Соединетите Држави, создавајќи безброј работни места за американскиот народ во нивните заедници; Мајк Илич, добитник на Медалот на честа на островот Елис, и Маријан Бајоф Илич одиграа значајна улога во движењето за граѓански права и плаќаа за киријата на активистката Роза Парк во Детроит повеќе од една деценија. Тие ја отворија својата прва пицерија Little Caesars во 1959 година, што прерасна во трет по големина синџир на пица во светот. Тие се сопственици на спортските клубови Detroit Red Wings  и Detroit Tigers, а во 2015 година запишаа историја со давање на Државниот универзитет во Детроит 50 милиони долари, најголемата донација досега, истакнувајќи ја нивната доживотна посветеност на промовирање на претприемништвото, образованието и ревитализацијата на Детроит;

– Кристофер Илич, претседател и извршен директор на Ilitch Holdings, Inc. и претседател на Ilitch Charities,  даде над 220 милиони американски долари за  помош за развојот на младите, па до филантропски грантови за ревитализација на заедницата од 2000 година. Тој ја продолжи традицијата и визијата на неговите родители Мајк и Маријан Илич да го унапредат глобалниот статус на Детроит со развојот на Окружниот Детроит, кој прерасна во динамичен спортски и забавен кварт во кој има наградувани театри, четири професионални спортски тимови и три спортски локации за повеќекратна употреба, вклучително и современата Литл Цезар Арена, дом на Детроит Ред Вингс, Детроит пистонс и други забавни  настани во заедницата од светска класа;

– Четири од осумте женски имиња што некогаш биле врежани на Стенли купот се македонските Американки  Маријан Илич (1997, 1998), Дениз Илич (1997, 1998), Лиза Илич (1997, 1998) и Керол Илич Трепек (1997), сите со Детроит Ред Вингс;

– Ендрју Пејков, постариот, од Калифорнија ја основаше Нијагара Ботлинг, ДОО во 1963 година, една од најголемите приватни компании за флаширање вода во САД. Преку програмата за стипендии на Ендрју Д. Пејкоф, постариот, додели над 1,5 милиони американски долари на американските студенти и преку Niagara Cares, достави милиони шишиња чиста како помош во катастрофи во Тексас, Флорида, Порторико, Девствените Острови  и на Мексико Сити, како и да обезбеди грант од 10 милиони долари за Хаиме Peykoff Follicular Lymphoma Initiative за финансирање грантови за истражување на фоликуларен лимфом, меѓународни научни работилници и клинички награди;

– Џорџ Атанасоски од Ормонд Бич, Флорида, кој емигрирал во САД во 1970 година и бил добитник на Медалот на честа на островот Елис, го основал Microflex Inc., производител кој доставува широк спектар на флексибилни метални производи за големи клиенти како што се General Electric, Ford, Siemens, General Motors, Rolls Royce и NASA;

– Катрина Маркоф, по потекло од Форт Вејн, Индијана, шампион на промени во малиот бизнис, го основаше Vosges Haut-Chocolat што беше прогласена за една од 10-те најдобри чоколади во светот од National Geographic;

– Мајк Зафировски од Форест Хилс, Илиноис, добитник на Медалот на честа Елис Ајленд и поранешен претседател во Советодавниот комитет за телекомуникации за национална безбедност, служеше во одборот на „Боинг“, беше претседател и извршен директор на „Нортел“, глобална комуникациска технолошка компанија и претседател и главен извршен директор на „Моторола“, а во текот на 25-годишната кариера во GE, служеше како претседател и извршен директор на пет бизниси на GE во областа на потрошувачите, индустриските и финансиските услуги;

– Леон Спероф од Портланд, Орегон, признат како гигант во акушерството и гинекологијата, постигна значителни достигнувања во репродуктивната ендокринологија, менувајќи го начинот на кој се практикува медицината;

– Џорџ Даикоф од Санкт Петербург, Флорида, реномиран кардиоваскуларен и торакален хирург, беше неверојатен во своето поле на детска кардиохирургија („сини бебиња“) што беше новонастана, непозната област во 1970-тите. Тој инсталираше пејсмејкер кај најмалото недоносено новороденче во 1984 година, изврши важно истражување кое го унапреди полето;

– Питер Т. Џорџ освои три олимписки медали за САД во кревање тегови, пет светски првенства и беше шампион во средна категорија на Панамериканските игри, а подоцна стана доктор по орална медицина и беше пионер во третмани за опструктивна ноќна апнеја;

– Јован Ласковски, од Акрон, Охајо, беше примен во Меѓународното здружение за артроскопија на колкот (ISHA) во 2013 година и стана еден од 26-те хирурзи во Соединетите Американски Држави, примени во ISHA;

– Македонските Американци имаат огромен придонес и за американската атлетика и професионални спортови, вклучувајќи ги Влатко Андоновски, главен тренер на женската фудбалска репрезентација на САД; Сашо Цировски, главен тренер на машкиот фудбалски тим на Универзитетот во Мериленд; Дино Делевски, поранешен фудбалер на Милвоки Вејв и актуелен тренер на Чикаго Инферно; Стефан Козлов, професионален тенисер; Кевин Кузманов, поранешен професионален бејзбол играч и актуелен тренер во атлетската организација Оукланд; Чеди Осман, НБА играч на Кливленд Кавалирс; Јован Кировски, поранешен фудбалер и актуелен технички директор на Лос Анџелес Галакси…

– Капитенот на Тампа Беј Лајнтинг на Националната хокеарска лига и победниците на купот Стенли од 2021 година, Стивен Стамкос, е имигрант од Канада со македонско наследство;

– Ник Ваноф режираше и продуцираше познати американски мјузикли, филмови и телевизиски емисии, вклучувајќи ги „Кис ме Кејт“, „Вчерашното шоу“, „Градот на ангелите“, „Звукот на Божиќ“ и „Часовите на Џули Ендрус “, и го создаде и произведе годишниот „Почести на Центарот Кенеди“;

– Димитри Димитров, порано со хотелот „Сансет Тауер“ во Лос Анџелес, во моментов со Бунгаловите „Сан Висенте“, е најпознатиот холивудски менаџер, според „Бон Апетит“ и „Холивуд репортер“;

– Климе и Анита Ковачески од Мајами се кулинарска моќна двојка на Флорида, а нивниот ресторан CRUST е вклучен во листата на „100 најдобри ресторани во Америка“ на Open Table за 2017 и 2019 година, а  во 2020 година беше прогласен за една од „101-те најдобри пици во Америка“ од The ​​Daily Meal;

– Македонските Американци придонесоа за изградбата на неколку десетици Македонски православни цркви низ Соединетите Американски Држави како дел од Американско-канадската македонска православна епархија, под тековно покровителство на Митрополитот Методи, и одиграа голема улога во другите православни црковни општини

– Оваа година се одбележува 10-годишнината од Конгресната македонска група, основана од поранешната членка на Конгресот Кендис С. Милер, со која моментално копретседаваат претставниците Брендан Ф. Бојл, Клаудија Тени, Деби Дингел и Лиза МекКлејн; Оваа година е значајна за македонските Американци бидејќи на 8 септември 2021 година се одбележуваат 30 години од независноста на македонската држава и со  оглед на неверојатните придонеси и наследството на македонските Американци, кои ни помогнаа да изградиме подобра нација го повикуваме народот на САД да го одбележат месецот на македонско-американското наследство со соодветни програми и активности“, стои во резолуцијата поднесена во Конгресот.

Република.мк

Continue Reading

Приказни

Почина Бранко Цветковски чија куќа изгоре во пожар, неговиот син со посебни потреби остана без родители

Published

on

Почина Бранко Цветковски, самохран родител на дете со посебни потреби, за чија животна приказна известуваше и Сител.

Имено, во септември лани пожар целосно ја пеплоса куќата на ова семејство во Волково, па таткото неколку месеци спиеше во својот стар автомобил, а 17-годишниот Бојан, кој не може да живее самостојно, на минусни температури спиеше во подрумот, каде нема никакво греење.

Со помош од хумани граѓани, фирми и институции започна реновирањето на нивниот дом, кој е уништен до темел но, за жал, сега малолетниот Бојан е сосема сам.

Continue Reading

Приказни

НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА за дизајнерот кој правел униформи за нацистите: Како Хуго стана Бос?!

Published

on

Хуго Фердинанд Бос е навидум обичен германски државјанин кој го наследил семејниот бизнис со долна облека во неговиот роден град Мецинген, а потоа ги исполнил своите должности кон државата со отслужување на воениот рок. Следувала мобилизацијата од 1914. Бил учесник во Првата светска војна.

Во 1924 година, Бос отворил компанија за производство на работна и спортска облека. Но, што Бос научил за време на Првата светска војна? Дали војна е најдобриот бизнис? Зголемената популарност на Национал-социјалистичката партија и најавата за Втората светска војна се совпаднале со лошото работење на компанијата, која била пред банкрот. Каде ќе најдеш подобар момент за добро познатото оправдување „само ги следевме наредбите“, само што наредбите кои тој ги следел доаѓале од длабочините на неговата отруена нацистичка душа, што го докажал со приклучувањето кон партијата во 1931 година.

Тогаш, речиси моментално, се издигнал од сите финансиски потешкотии потпишувајќи ексклузивен договор како производител на униформи. Првично, тоа биле кафеави кошули за една од паравоените формации на партијата, потоа одела за нацистичката младина, а потоа црни униформи за Schützstaffel попозната како СС.

Размислете малку, колкав уметнички гениј би требало да бидеш за да склопиш работничка униформа, можеби „наставничка по ликовно дизајнирала нови униформи за основците“ на ниво на гениј.

Сега, моментот за кој се греши – е дека Бос бил дизајнерот на овие униформи, што не е исто што и производител, пред се, затоа што него никако не можеме да го класифицираме меѓу дизајнерите кои ги карактеризираме како доволно креативно способни личности, во светот на модата да донесат иновации. Не, Бос бил обичен нацистички паор чија единствена уметност се рефлектирала во проценката на вистинското место и време да се спаси, макар и преку мртвите.

Како и повеќето во тоа време, тој бил само мал работник во ментално болен режим во кој и самиот верувал, а во знак на лојалност многу добро се офајдил. Самата идеја за дизајнот еволуирала од претходните пруски воени униформи модифицирани од извесен Карл Дибич, уметник и офицер на СС, кому му бил доделен бројот 1436 кога се приклучил на партијата, релативно висок во споредба со бројот 508.889 што му припаѓал на Бос. Ова е важно затоа што укажува на повисоко ниво на доверба што манијакалниот фирер ја имал кон Дибич, и логично е што нему му припаднала „честа“ да дизајнира униформи за сејачите на смртта.

А малку помала чест им припаднала на неколку несреќни затвореници, поточно 140 Полјаци и 40 Французи (ова е официјална бројка, иако мислиме дека бројката е многу поголема) кои насилно биле донесени во фабриката да ги сошијат истите униформи кои биле последното што синовите, ќерките, татковците и мајкие ќе го видат пред нивните очи. Каква работа од соништата. Тие наводно биле плаќани за својата работа со мала сума на пари и биле во подобра положба од затворениците во логорите. Сепак, работничкиот камп бил дел од фабриката, можеби не бил уреден како камп, но бил доволно валкан и мизерен за да го проколнуваат денот кога се родени.

Тогаш Бос еден ден се разбудил со идеја да ги подобри условите за работниците, а тој ден била токму таа 1944 година, односно една година пред крајот на војната кога било очигледно дека од германскиот Рајх ќе останат само копчиња. , па барем да се соберат неколку поени пред крајот. И кога дошол моментот големите идеи за Ариевците да паднат во кал и да се носат пресуди, големиот Бос се обидел да го негира членството во партијата, погодувате, повторно да ја спаси компанијата. За малку ќе пропаднел, но сепак тој бил бизнисмен. Прво бил класифициран како активен поддржувач на нацистичката партија, плаќајќи казна од 100.000 марки, а потоа му било одземено правото на глас, а потоа и најболното, да ја води компанијата што ја создал. Се разбира, тој поднел жалба и бидејќи правдата е секогаш незадоволна, казната му била намалена од активен поддржувач на партиски послушник, а супер Хуго уште еднаш успеал да ја спаси компанијата и да го задржи својот директорки задник на столот се до 1948 година, кога  починал од забен апсцес.

Како и обично по неговата смрт, компанијата ја наследил неговиот син Зигфрид Бос, кој можеби ја дал најглупавата изјава во историјата на изјавите: „Се разбира, дека татко ми припаѓал на нацистичката партија, но кој не припаѓал во тоа време? “.

И покрај тоа што сопствениците на компанијата се менувале неколку пати, идејата останала иста, што може да се забележи и на модерните кроеви на палтата на Бос, кои неодоливо потсетуваат на оние од нацистичките времиња.

Којзнае, можеби првобитната намена на овој бренд ќе се врати во употреба кога ќе дојде време да се униформираат некои нови лудаци, бидејќи бизнисот е бизнис и треба да се прилагоди.

Вечер.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк