Connect with us

Приказни

НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА за дизајнерот кој правел униформи за нацистите: Како Хуго стана Бос?!

Published

on

Хуго Фердинанд Бос е навидум обичен германски државјанин кој го наследил семејниот бизнис со долна облека во неговиот роден град Мецинген, а потоа ги исполнил своите должности кон државата со отслужување на воениот рок. Следувала мобилизацијата од 1914. Бил учесник во Првата светска војна.

Во 1924 година, Бос отворил компанија за производство на работна и спортска облека. Но, што Бос научил за време на Првата светска војна? Дали војна е најдобриот бизнис? Зголемената популарност на Национал-социјалистичката партија и најавата за Втората светска војна се совпаднале со лошото работење на компанијата, која била пред банкрот. Каде ќе најдеш подобар момент за добро познатото оправдување „само ги следевме наредбите“, само што наредбите кои тој ги следел доаѓале од длабочините на неговата отруена нацистичка душа, што го докажал со приклучувањето кон партијата во 1931 година.

Тогаш, речиси моментално, се издигнал од сите финансиски потешкотии потпишувајќи ексклузивен договор како производител на униформи. Првично, тоа биле кафеави кошули за една од паравоените формации на партијата, потоа одела за нацистичката младина, а потоа црни униформи за Schützstaffel попозната како СС.

Размислете малку, колкав уметнички гениј би требало да бидеш за да склопиш работничка униформа, можеби „наставничка по ликовно дизајнирала нови униформи за основците“ на ниво на гениј.

Сега, моментот за кој се греши – е дека Бос бил дизајнерот на овие униформи, што не е исто што и производител, пред се, затоа што него никако не можеме да го класифицираме меѓу дизајнерите кои ги карактеризираме како доволно креативно способни личности, во светот на модата да донесат иновации. Не, Бос бил обичен нацистички паор чија единствена уметност се рефлектирала во проценката на вистинското место и време да се спаси, макар и преку мртвите.

Како и повеќето во тоа време, тој бил само мал работник во ментално болен режим во кој и самиот верувал, а во знак на лојалност многу добро се офајдил. Самата идеја за дизајнот еволуирала од претходните пруски воени униформи модифицирани од извесен Карл Дибич, уметник и офицер на СС, кому му бил доделен бројот 1436 кога се приклучил на партијата, релативно висок во споредба со бројот 508.889 што му припаѓал на Бос. Ова е важно затоа што укажува на повисоко ниво на доверба што манијакалниот фирер ја имал кон Дибич, и логично е што нему му припаднала „честа“ да дизајнира униформи за сејачите на смртта.

А малку помала чест им припаднала на неколку несреќни затвореници, поточно 140 Полјаци и 40 Французи (ова е официјална бројка, иако мислиме дека бројката е многу поголема) кои насилно биле донесени во фабриката да ги сошијат истите униформи кои биле последното што синовите, ќерките, татковците и мајкие ќе го видат пред нивните очи. Каква работа од соништата. Тие наводно биле плаќани за својата работа со мала сума на пари и биле во подобра положба од затворениците во логорите. Сепак, работничкиот камп бил дел од фабриката, можеби не бил уреден како камп, но бил доволно валкан и мизерен за да го проколнуваат денот кога се родени.

Тогаш Бос еден ден се разбудил со идеја да ги подобри условите за работниците, а тој ден била токму таа 1944 година, односно една година пред крајот на војната кога било очигледно дека од германскиот Рајх ќе останат само копчиња. , па барем да се соберат неколку поени пред крајот. И кога дошол моментот големите идеи за Ариевците да паднат во кал и да се носат пресуди, големиот Бос се обидел да го негира членството во партијата, погодувате, повторно да ја спаси компанијата. За малку ќе пропаднел, но сепак тој бил бизнисмен. Прво бил класифициран како активен поддржувач на нацистичката партија, плаќајќи казна од 100.000 марки, а потоа му било одземено правото на глас, а потоа и најболното, да ја води компанијата што ја создал. Се разбира, тој поднел жалба и бидејќи правдата е секогаш незадоволна, казната му била намалена од активен поддржувач на партиски послушник, а супер Хуго уште еднаш успеал да ја спаси компанијата и да го задржи својот директорки задник на столот се до 1948 година, кога  починал од забен апсцес.

Како и обично по неговата смрт, компанијата ја наследил неговиот син Зигфрид Бос, кој можеби ја дал најглупавата изјава во историјата на изјавите: „Се разбира, дека татко ми припаѓал на нацистичката партија, но кој не припаѓал во тоа време? “.

И покрај тоа што сопствениците на компанијата се менувале неколку пати, идејата останала иста, што може да се забележи и на модерните кроеви на палтата на Бос, кои неодоливо потсетуваат на оние од нацистичките времиња.

Којзнае, можеби првобитната намена на овој бренд ќе се врати во употреба кога ќе дојде време да се униформираат некои нови лудаци, бидејќи бизнисот е бизнис и треба да се прилагоди.

Вечер.мк

Приказни

Тежок живот поминав, да не даде Господ вака на никој, не сакам да барам од луѓето и да буричкам по канти, колку ќе заработам толку – Тетка Ѓурѓа од Карпош (Видео)

Published

on

– Тежок живот поминав, да не даде Господ вака на никој, не сакам да барам од луѓето и да буричкам по канти, колку ќе заработам толку, понекогаш само за леб и сол, вака 91-годишната Баба Ѓурга го започнува своето сведоштво.

Продава цвеќе во Карпош, позади Лептокарија за да обезбеди храна за нејзе и нејзиното семејство. Нејзиниот сопруг 30 години е неподвижен а неодамна починала и една од нејзините три деца. Дополнителен проблем за Баба Ѓурга на целата мака е што пред еден месец спремајќи ги цвеќињата се лизнала и ја скршила раката.

Доколку се најдете во населба Карпош, позади Лептокарија, побарајте ја Баба Ѓурга и купете цвеќе, ако ништо повеќе барем за да ја поздравите оваа храбра жена која и покрај сите маки му се радува на животот и не се откажува.

https://fb.watch/mWGd9V91JX/?mibextid=Nif5oz

Continue Reading

Приказни

Емотивно сведочење на Ева: Јас сум била бебе, татко ми со ногата ја искршил вратата ја грабнал мајка ми и брзо се симнале од зградата која се нишала како брод …

Published

on

Денеска Скопје се сеќава на разузнавачкиот земјотрес од 1963 година, а сеќавањата за блиските загинати сеуште се меѓу скопјани кои и после 60 години се сеќаваат на катастрофата која не треба да се повтори.

Во тоа кобно утро, кога поголемиот дел од жителите беа во длабок сон, околу 1.100 жители никогаш не се разбудија, најмалку 3.000 беа повредени. Околу 200.000 лица останаа без покрив над главата. Оваа природна катастрофа е најголемата во македонската историја.

Старите скопјани и денес се сеќавањаат и раскажуваат за земјотресот.  Тие своите спомени ги раскажаа во групата Стари Скопјани.

ВИДЕО) Скопје тагува: 56 години од кобните 20 секунди на 26-ти јули 1963-та

Во едно од нив Светле Камџијаш раскажува дека таа е родена по земјотресот, но љубовта на нејзините родители започнала од овој трагичен момент. 

„Така започнала и љубовта на моите родители, додека “кампувале” на брегот на Вардар, во страв дека може да удри нов бран тресење“, раскажува Светле.

Таа го раскажува и искуството на нејзината мајка која грабнала бебето на вујко и (мојата братучетка) и летнала надвор, преку дворот на тогашна Комерцијална банка, право на брегот на Вардар. Бебето исто така осетило дека нешто страшно се случува и ја избербатило по ноќницата. Кога стасала и погледнала пред себе, кон Офицорскиот дом, веќе го немало. На негово место полека спласнувал густ облак жолта прав. 

Ева Јанчева Петрушевска била 8 – месечно бебе за време на земјотресот. 

„Јас сум била 8 ипол месечно бебе. Кога почнало силно да тресе татко ми со се корпата во која сум спиела прво ме земал мене и почнал силно да вика по мајка ми ( која била тие мигови во тоалетот) веднаш да трча по него. Се симнал татко ми од зградата додека уште тресело, а мајка ми ја немало се уште. Ме оставил татко ми на некои соседи да ме причуваат и во дел од минута ( на првиот спрат ) повторно се качил горе. Зградата се лулала како брод на немирно море. Вратата од тоалетот се заглавила, бољерот паднал , а мајка ми така чучната со рацете над глава мислела дека тоа се нејзините последни мигови од животот. Татко ми со ногата ја искршил вратата ја грабнал мајка ми и брзо се симнале долу“, раскажува Ева. 

Веста за земјотресот многу брзо се раширила во регионот, а потресот се почувствувал и во соседните земји. За едно вакво искуство раскажува Билјана Топко која во тој период живеела во Метохија. Таа раскажува дека во време на земјотресот имала 6 години.

Паметам дека татко ми ме извлече од кревет, зборувајќи ми дека станува збор за земјотрес. Ми кажа дека е силен потрес, кој најверојатно се случил во Скопје. После неколку денови слушнавме дека докторката Љубинка од Скопје загинала во земјотресот. Потоа уште долг период, моите родители од платата одвојуваа средства за солидарниот фонд формирана за таа намена„, раскажува Билјана.

Своето искуство со земјотресот го раскажува и Велјанка Пандиловска.

Осетот на тресење беше језив, а сите избегавме надвор по скалите кои беа одвоени од зградата. Сите бевме избезумени. Во тој момент јас тргнав кон старата воена болница која не беше многу далеку од нас. Во непосредна близина на болницата имаше фурна, за жал тоа утро загинаа сите кои чекале за леб во тој момент. Лоша слика, луѓе голи и со пижами…секој земал по некое ќебе со себе“, раскажува Велјанка.

Мимоза Вујошевиќ раскажува за еден дел од нејзиното сеќавање по земјотресот. Првиот момент е куче кое цвилело само и напуштено во зграда која половина била срушена, а за вториот момент вели:  

Целиот град го поминавме пешки за да стигнеме до зградата во која требаше да се преселиме, тоа беше познатата 13-ка во Карпош, зградата беше срамнета со земја и никој немаше жив. Сите плачевме гушнати, но никогаш нема да дознаам дали од тага за погинатите или од среќа што останавме живи, заклучува Мимоза.

По земјотресот градот почнал да се гради според модерните проекти на Јапонецот Кензо Танте и на Адолф Циборовски. Старата Железничка Станица денес е „Музеј на Град Скопје“ и преставува симбол на големиот земјотрес.Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните пет часот и седумнаест минути.

Скопје после 58 години е модерна метропола, но скопјани никогаш нема да ги избришат сеќавањата за тој кобен ден. Борко Зафировски кој денеска се сеќава на сликата која зад себе оставил катастрофалниот земјотрес за тв 24 вели дека на свои 14 години заедно со група граѓани и свои соученици помагал во градењето на хангарите каде сега е изградена гиманзијата Јосип Броз Тито.

Зафировски вели дека биле потребни денови за луѓето да се вратат во своите домови, се спиело под ведро небо и во шатори, а неговото семјество сместило повеќе фамилии во нивната куќа која делумно била оштетена.

Секоја година скопјани со едниствена порака никогаш да не се повтори таква трагедија..а Борко Зафировски вели:

Да продолжиме да го развиваме Скопје со ентузијазмот со кој беше обновуван од рушевините, напиша денеска и претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил. 

Домашни и странски делегации пак денеска положија цвеќе пред споменикот на заганатите во скопскиот земјотрес во 1963- та.

Continue Reading

Приказни

Хит фотка: Штотуку родено бебе се насмеало кога го видело својот татко

Published

on

Раѓањето на детето е посебен момент за секој родител, а многумина токму поради тоа ги прават првите фотографии од бебето уште во породилната сала.

Така родителите на преслаткото девојче Антонела успеале да направат навистина посебна фотографија само неколку моменти по нејзиното раѓање.

Имено, штотуку роденото девојче му се насмеало на својот татко, а фотографијата од преслаткиот момент расположи многумина. Мајката Тарсила Роса Кордеиро е убедена дека малата Антонела го препознала гласот на својот татко кој во текот на бременоста секојдневно разговарал со неа.

„Кога се роди, ја ставија во моите прегратки да спие. Но, штом нејзиниот татко ѝ се обрати, таа ги отвори очите и се насмевна“, раскажала мајката.

„Секогаш ѝ велеше дека многу ја сака. Наутро ѝ посакуваше добро утро, а навечер ѝ велеше „добра ноќ“. Ме галеше по стомакот и ѝ зборуваше. И штом се роди, ја повтори реченицата која ѝ ја кажуваше кога доаѓаше од работа – ‘еј бебе, тато пристигна’“, додала Тарсила.

Таткото Флавио Диего Вилела вели дека се чувствувал прекрасно кога неговата ќерка му се насмеала.

„Мислев дека знам што е вистинска љубов, но немав поим додека не ја здогледав таа најискрена насмевка на светот“, порачал тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк