Connect with us

Македонија

Народот пак кpив: Еве што вели директорката на Инфekтивна

Големиот број на новоинфицирани со Ковид-19 посебно помеѓу младата популација е последица на прилично неодговорно однесување, континуирано, а посебно во периодот на предновогодишни и новогодишни прослави.

Ова во изјава за МИА го посочи директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ, откако во текот на вчерашниот ден беа регистрирани над илјада заразени со Ковид-19.

– Во изминативе две години бевме сведоци на сериозно непочитување на и далеку построги мерки за превенција на Ковид, нашиот народ очигледно не може никој и ништо да го спречи во прославите независно од висината на чекот кој ќе го платат лично, фамилијарно а на жалост и колективно. Белиот мантил интензивно и гласно повикуваше за сериозна потреба од одговорно однесување за пред празничен и празничен период, но на жалост толку е вербата во нас и респектот кон нас белите мантили, се разбира додека не дојде маката на врата, вели Стевановиќ.

Таа нагласува дека би биле среќни кога граѓаните што сакаат поголема сигурност се вакцинираат редовно и според препораките се во поголем број. Третата доза вакцина, додава, е неопходна за потенцирање и зголемување на имунитетот и заштитата од Ковид-19.

– Ниту пак прележаните за кои некои мислеа дека се повеќе заштитени, денеска гледаме дека не се. Омикронот има далеку поголема моќ за реинфекција што деновиве ја констатираме по нашите амбуланти. Што се однесува до заштита на вакцините никогаш ниту една вакцина не обезбедила 100 процента заштита. Нивната заштитна моќ ќе биде различна зависно од мутациите на одредени соеви на вирус. Но, од секоја една од нив очекуваме далечна заштитна моќ зависно од мутациите на одредени соеви од вирус, од секоја очекуваме далеку полесна болест, посочува Стевановиќ.

Додава дека не би навлегувала во детали ниту би излагала експертски мислења за развојот на пандемијата со омикрон. Смета дека никој толку далекусежно не може да ја процени состојбата во дадениот момент.

Интензитетот на амбулантски прегледи, информира таа, сериозно е зголемен на Клиниката за инфективни болести и затоа апелира пациентите прво да се обратат кај своите матичните лекари за првични инструкции и третман со цел да овозможат време и простор за секој еден потежок пациент да добие соодветно внимание.

– И покрај очекувањата инфекцијата со омикрон е лесна секако дека и голем број на инфицирани случаи ќе имаат потреба и од болничко лекување што секако ќе ги пополни болничките капацитети. Мораме да мислиме и на фактот дека интензивно осцилираат и другите зимски вируси пред се инфлуенцата кое се манифестира со сериозни симптоми и потреба од болничко лекување, мора да обезбедиме простор за секој еден пациент кој има потреба од лекување, нагласува Стевановиќ за МИА

Македонија

ВЛЕН: Решени сме да ја демонтираме културата на неказнивост

По повод Меѓународниот ден против корупцијата, коалицијата ВЛЕН испрати остра и јасна порака дека овој ден не е формалност за празни изјави, туку силен аларм за „болеста“ што со години ги разградува темелите на државата.

Од ВЛЕН нагласуваат дека корупцијата не е само кршење на законот, туку предавство кон граѓаните, кражба на иднината и уништување на јавната доверба. Според нив, корупцијата не се бори со зборови или документи „за око на јавноста“, туку со храбри одлуки, чесни луѓе и целосно отфрлање на компромисите со криминалот.

„Државата не се чисти со декларации, туку со карактер. Институциите не се градат со пропаганда, туку со интегритет. А правдата не е луксуз, туку обврска“, порачуваат од ВЛЕН, истакнувајќи дека се решени да ја демонтираат културата на неказнивост и да изградат систем во кој власта не е привилегија, туку одговорност.

Во соопштението се додава дека рамнодушноста значи соучесништво, а молкот – поддршка за неправдата. „Денес не е доволно само да се осуди корупцијата, туку мора да се искорени до корен“, велат од ВЛЕН.

Коалицијата повторува дека останува непоколеблива во своите принципи: нулта толеранција кон корупцијата, нулта компромис со криминалот и нулта страв од вистината.

Continue Reading

Македонија

Општина Битола делумно ги исплати средствата на избирачките одбори

Општина Битола ја извести јавноста за утврдената постапка и динамика за исплата на финансиските надоместоци на членовите на избирачките одбори, кои беа ангажирани за реализација на локалните избори во 2025 година.

Од секторот за односи со јавност информираат дека, во согласност со законската обврска, веќе е реализирана исплата на 25 отсто од вкупната сума од буџетот на Општина Битола. За оваа делумна исплата, претседателите на избирачките одбори се соодветно известени.

Преостанатите 75 отсто од средствата се интегрирани и предвидени во Предлог-буџетот на Општина Битола за 2026 година. Овој предлог-буџет е веќе доставен до советниците во Советот на Општина Битола и се очекува да биде изгласан пред завршувањето на тековната календарска година.

Од Општината нагласуваат дека финалната исплата на надоместоците за сите членови на избирачките одбори ќе биде реализирана во текот на првиот квартал од следната година.

Continue Reading

Македонија

Муцунски во Абу Даби: Потврдена силна соработка меѓу Македонија и ОАЕ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба во главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со неговиот колега за надворешна трговија, шеикот Тани бин Ахмед Ал Зејуди. Овој состанок не беше само формалност, туку динамичен чекор напред кој ги потврди веќе одличните билатерални односи и го истакна потенцијалот за нивно натамошно продлабочување

Акцентот на разговорите беше ставен на највисоките приоритети: економијата, трговијата и инвестициите. Ова е областа каде двајцата министри гледаат најголем простор за соработка.

Како што известува Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски и Ал Зејуди јасно ја потврдија подготвеноста на двете држави да ја интензивираат соработката во клучни сектори од заемен интерес. Овие сектори ги вклучуваат инфраструктурата, енергетиката, туризмот и технологијата.

Не е тајна дека ОАЕ е глобален лидер и визионер во иновациите, а соработката токму во овие области може да донесе вистинска трансформација за Македонија.

Двајцата соговорници беа единствени во оценката дека денешната средба е многу повеќе од протокол – таа ширум ја отвора вратата за нови, значајни инвестиции и заеднички проекти.

Овие иницијативи, како што се нагласува во соопштението, драматично ќе ја зајакнат економската поврзаност меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

Оваа средба претставува силен сигнал за бизнис заедниците од двете страни и ветува плодна економска пролет.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг