Connect with us

Скопје

Божиќна литургија во манастирот Свети Ѓорѓија во скопско Кучково

Published

on

Со јавање коњи од населеното место Ново Село до Кучково во Скопје, вчера десетина граѓани го одбележаа Христовото раѓање. Втора година по ред, десетина граѓани од овој дел на градот со своите коњи минуваат низ населените места, им го честитаат празникот на жителите до последната станица, манастирот „Свети Ѓорѓија“ во Кучково, каде се наоѓа гробот на владиката Наум.

Коњите два дена пред Божиќ сопствениците ги спремаат за овој настан, ги бањаат и чешлаат.

„Сакаме ова да прерасне во традиција, да ни се приклучат што поголем број граѓани на Скопје. По пат нè среќаваат луѓе, се сликаат со нас и ни го честаат празникот со чашка ракија. Турата завршува во манастирот ‘Свети Ѓорѓија’, пред гробот на дедо Наум, каде се молиме за здравје и бериќет“, вели Живко, наалбатот од Кучково, кој со својот коњ беше дел од поворката.

Скопје

Каков народ, таква елка на плоштад… (Фото)

Published

on

Елката во Скопје иако крива, но и недокитена – стана популарната во Македонија. Ги засени сите декорации направени во другите делови од Македонија, но и другите општини во Скопје. Никој не знае зошто не е целосно украсена, а ниту која е фирмата која ја поставува за што ќе треба да платат скопјани. За нејзината популарност зборуваат бројните коментари и фотографии со неа.

„Каков народ, таква елка на плоштад: сиромашен, ужасен, грд за гледање“, стои во коментар на „Х“.

Да видиме што велат граѓаните:

Continue Reading

Скопје

О.У. Песталоци во тишина: Прости ни Вања, не знаеме како да се поздравиме…

Published

on

Тага и молк во основното училиште на убиената Вања Ѓорчевска. Во Ј.Х.Песталоци отворена книга на жалост. Се потпишуваат родители, познаници, но и соученици.Наместо детски џагор, тишина низ школскиот двор.

-Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.
Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме…
Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.
Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!- стои во објавата.

Continue Reading

Македонија

Умре и Флопи – Зоолошка Скопје остана без жирафи

Published

on

Умре и третата жирафа во скопската Зоолошка градина Флопи. Како што дозна САКАМДАКАЖАМ.МК од  вработени во градината, единствената жирафа која остана во градината починала вчера попладне.

Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава умре Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.

Жирафите Тобого, Каспер и Флопи беа омилените жители на посетителите во скопската зоолошка градина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк