Connect with us

Македонија

Поскапувањето на струјата е 38,7 %, а не 9,48% – Граѓанин илустрира со пример

Published

on

Јосиф Џолев активист на социјалните мрежи, преку личен пример објаснува дека поскапувањето на струјата не е само 9,48%, туку 38,7%.

Целата негова објава гласи:

Не сакам недоразбирања, а уште помалку сакам кога некој е ограничен и има можност да грее една соба 6 часа дневно сега не му преостанува ништо друго освен да се пребаци на 3 часа!,.. на сметка на, ајде за пример ќе ја спомнеме фабриката за соларни панели на идниот ви премиер Луј Таче I, на кој му е сеедно дали сметката за струја на фабриката ќе му е 600.000 или 750.000 денари тој месец.

Велат, “благодарение на нас, владата, поскапувањето на електричната енергија (трето поскапување во нивното владение последните 3 години) ќе е САМО 9.48%”.

Ќе се потрудам да не ги навредам ниту прогресивните, начукани по шупци, ниту пак тие со школо од Харвард,.. јас ќе си направам математика за мене, за мојата сметка и дали поскапувањето (за кое се уште нема стотици пресуди на доживотна робија) ми е САМО 9.48%.

Изминативе денови, бидејќи и онака сум со дечиња по дома, пресметав кога имаме потреба од струја, колку струја, т.е. како сум трошел, трошам и како (по пресметките) нема да трошам понатаму електрична енергија.

1360.2000 kWh – Ниска тарифа = 4.570 денари

700.5000 kWh – Висока тарифа = 4.690 денари

50% од потрошената струја претворена во кеш ми е во евтина тарифа.

50% ги тргаме на страна.

50% од потрошената струја претворена во кеш во евтина тарифа ми е за време на дневната евтина тарифа.

50% од потрошената струја претворена во кеш ги оставаме на кристално чиста вечерна евтина тарифа.

Па идеме вака, пример…

Минатиот месец сметката за струја да заокружиме, со ддв, ми беше 10.000 денари.

Да не сметаме во потрошени киловати, ќе се послужиме со процентите од горе, бидејќи од сметката ги препишав како претворени во кеш, но се има увид и во потрошени киловати, дека 65% од вкупната потрошувачка ми е во евтина тарифа.

Имаме чисти:

– 5.000 денари на кои ќе нема промена пред поскапување

– 2.500 денари на кои ќе нема промена пред поскапување

Со укинување на дневната евтина тарифа:

– 2.500 денари сега ќе се претворат во 5.000 денари пред поскапување

Вкупно сега имаме:

-12.500 денари пред поскапување

Благодарение на главучот од Харвард, Заев, Анѓушев, Петрит, Неџо, Никољче на Рада, ама не и на Бобо, како и останати неписмени кои ги лајкаат горенаведените, сега по благословот од САМО 9.48%, имаме:

– 12.500 × 9.48% = 13.685 денари

Кога ќе додадеме данок на новите благословени денари, само благодарение на стручниот тим на Нивната земја, имаме:

– 3.685 × 5% = 3.870 денари

Вкупно:

– 13.870 денари

Ова значи дека АКО овие одлуки беа за месец декември, поскапувањето од САМО 9.48%, тогаш мојата сметка за месец декември од:

– 10.000 денари

ќе беше:

– 13.870 денари

или во превод:

– поскапување од точно САМО 38,7 %

Имав и текст посветен на ова поскапување и злосторот и злосторниците зад ова, за претходните поскапувања, па за она што ни се случуваше со таканаречената “ангажирана моќност”, итн итн,.. но околу 10 страни во ворд е и не би ве гњавел, но едно знам, и 138,7%, ма и 538,7% да ни ја покачат струјата, освен на ФБ и движење на средниот прст за скролање и показалецот за клик, не очекувам некои други тектонски придвижувања на македонскиот народ.

Бислимовски, струјата што ја поскапе во јуни 2021 – за 12,36% и не се сеќавам колку беше во 2019, и сега оваа цифра,.. е за мене ова не е 9,48%, туку со укинување на дневната тарифа, барем за мене, поскапувањето е точно 38,7%,… а требаше да е намалена, бидејќи Македонија има резерви за бесплатна електрична енергија!!

Поскапувањето требаше/ТРЕБА да падне на терет на огромните потрошувачи, на оние кои заработуваат милиони на база на таа потрошувачка, поради кои и увезуваме струја, оти да е до народот, ние тој капацитет, потребниот капацитет за потребите на народот ќе го произведуваме со една воденичка.

Едит: п.с. И да не дојде до недоразбирање, ова е сметка за струја со греење само на 2 соби, 24 часа греење на двете соби, ама САМО 2 соби,… во кујна и купатило пристапуваме исклучиво со капа и шал. А има, ќе ми кажат дека сметката за декември им била 1500 денари, тажно е да ја слушнете приказната како успеале и преживеале, пишува Џолев.

Македонија

Купени 150 луксузни возила за 3,6 милиони евра за време на пандемијата и кризата

Published

on

Низа злоупотреби за време на пандемијата, наместо маски и друга опрема за медицинскиот персонал, средствата биле искористени за други цели. Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница меѓу другото расправаше и за злоупотребите на институциите за време на пандемијата, главно за купените службени автомобили од страна на државните институции.

Податоците со кои располага комисијата се загрижувачки. Претседателката Билјана Ивановска од Антикорупциска вели дека не се само два автомобили кои беа познати во јавноста, туку станува збор за 150 нови автомобили, додека државата не можеше да обезбеди соодветна заштита за сите граѓани. Возилата се со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, како што вели Ивановска, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на пандемија.

„Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила“, рече Ивановска.

Загрижувачки е фактот што државните институции за време на пандемијата и економска криза, ангажираат правни лица за извршување на работите што треба да ги извршуваат административците кои веќе работат во овие институции. Од Антикорупциска велат дека купувањето службени автомобили и ангажирањето надворешни соработници во државни институции се индиција за корупција

Continue Reading

Македонија

Штом требало да се штеди зошто не се укинат 3 – 4 министерства?

Published

on

На македонската влада и стана навика да укажува дека треба да се штеди. Криза било, морало порационално да се троши, загрижени се министрите.

Мнозинство од граѓаните во Македонија ги земаат на мајтап овие владини апели, барања, опомени… Зошто е така? Зарем населението не ја гледа сериозноста на ситуацијата? 

-Ја гледаме сериозноста на ситуацијата, но не ја гледаме сериозноста на Владата во намерата да штеди, сака само населението да го товари, ни одговори еден аеродромец утрово на прашањето.

Логичниот одговор наметнува друго прашање: Кога ќе следи намалување на бројот на министрите и пратениците, кога ќе се намали администрацијата односно сиот оној „јавен сектор“ кој е прегломазен и прескап?

Така ќе покаже Владата дека навистина таа почнува да штеди. Така ќе се даде пример и другите да штедат.

Впрочем за намалување на државните функционери кои дебело се платени има и друга (дебела) причина – до сега нивната бројка беше планирана за повеќе од два милиони жители, ако веќе се намалило населението (што покажа пописот), треба да се намалат и тие кои и „служат“ на граѓаните на Македонија.

Како за се и текнува на министрите, за ова не им текна?

Има премногу министерства во Македонија. Најмалку 3 -4 треба да отпаднат. Има премногу јавни претпријатија, разни агенции и слично. Сите тие имаат раководни кадри со шофери и секретарки, па дури и советници. Многу управни одбори, па надзорни… Се тоа треба да се намали.

Па нели криза е, а и следела уште поголема? 

Текст на Скопско ехо

Continue Reading

Македонија

Во Арачиново се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра за една година

Published

on

Според пресметки на луѓето вработени во ЕВН кои секојдневно се на терен, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион само за една година.

Вработен во ЕВН за МКД изјавил дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра.

Според неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%. Трафостаницата број 6 со број 381145 поради кражба на струја бележи загуба од над 56%.

Трафостаницата број 1 со број 380396 поради кражба на струја бележи загуба од над 65%. Трафостаниците 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кражба на струја, трафостаниците со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кражба на струја, трафостаницата број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја. Сите се на територијата на Општина Арачиново.

Ова се делови од официјалните извештаи на ЕВН за оваа општина.

Или во февруари годинава во овој регион биле украдени вкупно 2.800 мегаватчасови. Тоа значи дека на годишно ниво загубата е повеќе од 20 илјади мегаватчасови. Просечната цена на берзата на струја за еден мегаватчас е 300 евра. Ова значи дека само од регионот на Арачиново вредноста на украдената струја е 6 милиони евра за една година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк