Connect with us

Свет

Австралија гори: Измерени 50,7 целзиусови степени

Published

on

 Во Австралија денеска е регистрираната рекордно висока температура, откако во градот Онслоу, на западниот брег беа измерени 50,7 степени Целзиусови.

Како што јави Би-Би-Си, со ова е израмнет рекордот од 1962 година, кога во јужниот дел на Австралија биле измерени 50,7 степени.

Локалната метеоролошка служба потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време. Просечната температура во градот во овој период од годината изнесува 36,5 Целзиусови степени.

Два други града, Марди и Роборн, вчера исто така пријавија температури од над 50 степени, изјави Лук Хантингтон од Службата.

Според метеоролозите, температурите утре дополнително ќе растат, а во наредните денови се очекува „заладување”.

Свет

20.000 ЕВРА ОД ДРЖАВАТА ЗА ПОЛНОЛЕТСТВО: Идеја стара 2 века би можела да се реализира во Германија

Published

on

Повеќе од два века стара идеја која би можела значително да ја намали нееднаквоста и да им го олесни „влегувањето во светот на возрасните“ на младите, повторно стана актуелна благодарение на германскиот економски тинк-тенк. Според Дојче веле, Германскиот институт за економски истражувања предложил на секој граѓанин на Германија по 18-годишна возраст да му бидат доделени 20.000 евра како дел од универзалното основно наследство (Grunderbe).

Парите не би можеле да се потрошат залудно, туку да се искористат исклучиво за плаќање школарина, враќање на станбен кредит или започнување бизнис.

Просперитет за сите

„Ако навистина сакаме да создадеме просперитет за сите во блиска иднина, треба да го намалиме високото ниво на нееднаквост на имотот преку прераспределба“, напиша во предлогот Стефан Бах, даночен експерт во тинк-тенкот.

Имајќи предвид дека околу 750.000 граѓани стануваат полнолетни секоја година, основното наследство би го чинело германскиот буџет околу 22,6 милијарди евра годишно. Тие пари може да се компензираат со зголемување на данокот на наследство, воведување оданочување на многу богатите граѓани како и реформа на данокот на недвижности, предлагаат економистите.

Во споредба со другите земји со слична распределба на приходите, средствата во Германија се високо конципирани, велат од тој тинк-тенк. Најбогатите 10 проценти од граѓаните поседуваат две третини од вкупниот приватен имот вреден 12 милијарди евра. Најбогатите 1 процент од Германците имаат една третина, а елитата од 0,1 отсто дури петтина од вкупниот имот. Но, богатите учествуваат со само 1,1 отсто во даночните приходи на државата.

Од друга страна, половина од населението поседува само 1,3 отсто од имотот, што значи дека по правило ништо не наследуваат. Стефан Бах тврди дека симулациите покажале дека универзалното наследство би го намалило коефициентот Џини – мерка за нееднаквоста на приходите и богатството – за 5 до 7 проценти.

Згора на тоа, вредноста на имотот на најсиромашната половина од германското население би скокнала меѓу 59 и 94 отсто.

Во коалицискиот договор е наведено дека ќе се воведат мерки за поттикнување на сопственоста на недвижен имот, како и олеснување на приходите и исплата на приватните пензиски фондови. Инаку, идејата за основна населба првпат ја формулирал американскиот политички активист со британско потекло Томас Пејн во 1797 година. Тој тогаш предложил секој граѓанин на возраст над 21 година да добие по 15 фунти или 1.179 евра во денешната вредност.

Околу 200 години подоцна идејата е оживеана од британскиот економист Сер Ентони Б. Аткинсон. Во 2015 година ја објави книгата „Нееднаквост: Што може да се направи“ во која ја елаборира идејата и предложи таа да се финансира од даноците на наследство.

Continue Reading

Свет

Рycиja донесе закон за доживотен затвop за педофили

Published

on

Руската Државна Дума денеска на трето читање едногласно го усвои предлог-законот со кој се предвидува доживотен затвор за педофили на кои веќе им се судело за насилство врз малолетници, како и за првпат извршено насилство врз две или повеќе лица помлади од 18 години.

Максималната казна предвидена во документот ќе биде изречена за повторени дела на сексуално насилство врз малолетници. Доживотни казни се предвидени и за лица кои за вакво дело првпат се гонети, а жртви им се две или повеќе лица, како и во случаи кога делото е придружено со друго тешко или особено тешко кривично дело.
Со измените од второто читање пратениците прецизираа дека доживотен затвор ќе се изрече за особено тешки кривични дела против половиот интегритет на сите малолетни лица, а не само на лица помлади од 14 години, како што е сега.

– Судот сега има можност засекогаш да изолира криминалец педофил од општеството, рече Ирина Панкина, прв заменик-претседател на парламентарна комисија.

Continue Reading

Свет

ГЛЕДАЧИТЕ ГИ БАРААТ ПАРИТЕ НАЗАД по протерувањето на Ѓоковиќ!

Published

on

Отвореното првенство на Австралија денеска започна без Новак Ѓоковиќ, кој беше депортиран ден претходно по одземањето на визата, но веќе на стартот на турнирот беше јасно дека ништо нема да биде исто без првиот светски тенисер.

Според „Њусвик“, се поголем број луѓе враќаат билети, кои сакаат да ги вратат парите бидејќи нема да имаат можност да го гледаат Ѓоковиќ.

Истражувањето на англиската компанија „Search Intelligence“ покажало дека дури 25 отсто повеќе луѓе бараат можност за рефундирање пари на Google отколку за купување билети.

Ѓоковиќ во последните 14 години девет пати го освојуваше турнирот во Мелбурн, а јасно е дека најголемиот дел од гледачите кои дојдоа во Австралија тоа го направија поради српскиот ас.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк