Connect with us

Забава

(Фотогалерија) Талибанци, Кастриот, Стојанче, вакцинални пунктови дел од маските на Вевчанскиот карневал

Published

on

Талибанци во акција, инвестиции во струјата, зелена енергија, вакцинални пунктови, пратеникот Кастриот Реџепи, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски…, беа само дел од маските што денеска продефилираа низ вевчанските улици во рамките на Вевчанскиот карневал.

Вевчанци на шеговит начин го прикажаа и копањето биткоинти, се пошегуваа со греењето со симболично собирање дрва „да си ги стоплат децата“, потсетија на екс премиерот Никола Груевски со бадниковото лепче, протестираа за ослободување на тенисерот Новак Ѓоковиќ, како и неговиот настап на „Австралија опен“. Не ја заборавија ниту хуманоста на словенечките пожарникари, кои помогнаа во гаснењето на пожарите во земјава, а неизоставен дел се и традиционалните маски на зетот и невестата, глупавите Августи, ѓаволите, зурлите и тапаните, но и други маски со секојдневни и несекојдневни содржини.

Градоначалникот Спасе Кочовски претходно соопшти дека василичарите не сакаат никого да навредат, ниту да повредат никакви национални или верски чувства, туку само ја прикажуваат годината што измина на сатиричен и хумористичен начин и на нив не треба да се гледа суетно.

– Ова е театар на отворено и секогаш треба да се гледаат работите кои укажуваат дека нешто не треба така да се прави. Ако видите многу грубост, пораката е не бидете груби, ако видите вулгарност, пораката е не бидете вулгарни. Сите оние негативни работи што ќе ги видите тука, можеби изгледаат екстремно прикажани, но не се во навредлива форма, туку прикажуваат онаков каков што можеби не сакате да се видите во текот на годината и сте биле онаков како што ќе се видите преку маските на василичарите, нагласи Кочовски.

Карневалското дефиле го следеше и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со очекување дека ќе преовладува весел дух, а на вевчанци им посака успешни карневалски денови. На новинарско прашање дали очекува неговиот лик да го види меѓу маскираните, рече дека ја поздравува сатирата и ги охрабри вевчанци да бидат што покреативни.

– Што се не поминав овие последни четири години, така што ништо нема да ме изненади од недобро намерните, а знам дека тие луѓе се таму сите добро намерници, така што сатирата на денешниот карневал ја поздравувам и ја поддржувам и оваа традиција треба да продолжи. Така што не сум од оние луѓе коишто лесно се навредуваат. Напротив, ги охрабрувам да бидат што повеќе креативни, изјави Мицкоски.

Според традицијата, двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, глупавите Августи и останатите маски продолжуваат со дефиле низ вевчанските улици. Во утринските часови традиционално невестите од двете маала заедно со гостите одат на Вевчанските извори да наполнат вода, со која се прави вевчанскиот кашаник (зелник) во кој се става паричка. Кај оној што ќе се падне паричката ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година. Според традицијата, манифестацијата завршува на 14-ти, попладне со карневалско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

Забава

Аки утрово се јавил кај пријател во Македонија, се договориле да го пречека на скопскиот аеродром

Published

on

Аки Рахимовски утрово планирал патување во Македонија и посета на мајка си.

Тој телефонски разговарал со пријателот Здравко Ситновски во Скопје и се договорил да го пречека на аеродромот во Македонија, пишува „Вечерњи.хр“.

Рахимовски неколку минути пред смртта му се јавил и на познатиот клавијатурист на некогашниот бенд Тајм, Тихомир Поп Асановиќ, со кој е во постојан контакт, но Асановиќ немал мобилен телефон со себе и дури подоцна видел пропуштен повик од пријателот. Тажната вест го шокираше бидејќи, како што рече, имале бројни заеднички планови.

Рахимовски почина денеска на 67-годишна возраст во Словенија. Тажната вест ја потврдија членовите на групата на официјалната страница на Фејсбук.

Неговиот менаџер изјави дека пејачот веднаш бил однесен во болница, но по неколку часа, починал, откако нагло му се влошило здравјето. Во 2018 година Аки претрпе мозочен удар, но откако поминаа неколку месеци, тој отворено зборуваше дека закрепнал од болеста и ги променил животните навики.

Рахимовски беше фронмен на групата Парни Ваљак и дел од 18 студиски албуми на .бендот Засекогаш ќе остане запаметен по песните „Јесен у мени“, „Све још мирише на њу“, „Доџи“, „Моја је пјесма лагана“, „Ухвати Ритам“… Песната „Јесен у мене“  ја запеа во дует со покојната музичка ѕвезда, Тоше Проески.

Continue Reading

Забава

Илјадници во центарот на Прилеп ги пееја неговите хитови: Пиво Фест 2016, вечерта кога Аки Ракимовски и “Парни Ваљак” го наполнија Прилеп (Фото/Видео)

Published

on

Денеска на 67-годишна возраст почина Аки Ракимовски, фронтменот на култната музичка група “Парни Ваљак”.

Ракимовски беше обожаван од публиката ширум просторите на поранешна Југославија, а илјадниците фанови секогаш се восхитуваа на неговата неверојатна енергија на сцената.

Така беше и на 14-тото издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2016”, кога Аки и “Парни Ваљак” приредија концерт за паметење.

Илјадната публика во еден глас ги пееше најголемите хитови, а неповторливиот Аки скокаше на сцената со последен атом енергија.

Маркукуле

Continue Reading

Забава

Самка ќе ви каже што е ризик 🤣(Фото)

Published

on

Самка Ибраимовски со премудра мисла, фото:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк