Connect with us

Спорт

Ѓоковиќ се враќа дома, Австралија му ја ykина визата

Published

on

Австрaлија му ја укина визата на светскиот тенис број 1 Новак Ѓоковиќ, со што најверојатно ќе стави крај на надежите на српската тениска ѕвезда да ја одбрани титулата на Грен слем турнирот во Мелбурн.

Денес го искористив моето овластување според член 133C(3) од Законот за миграција за да ја укинам визата што ја поседува г-дин Новак Ѓоковиќ“, изјави министерот за имиграција Алекс Хок откако ги искористи своите дискрециони овластувања за прашањата за виза.

Засега нема коментар од Ѓоковиќ или неговиот правен тим. Според австралискиот закон, можно е да се поднесе жалба на одлуката. Ѓоковиќ денеска тренира за Австралија опен. Ѓоковиќ е вклучен во ждрепката на турнирот како главен носител. Ѓоковиќ, скептик за вакцините, во минатата недела објави дека оди во Мелбурн со медицинско ослободување од барањата на Австралија посетителите да имаат примено вакцина против ковид-19. 34-годишниот Ѓоковиќ е желен да ја одбрани својата титула и да се бори за рекордниот 21 Грен слем трофеј кога турнирот ќе започне на 17 јануари.

Македонија

Скандалозно однесување на црногорски репрезентативец: Ласица ги плукна македонските навивачи!

Published

on

Црногорскиот ракометен репрезентативец Марко Ласица вечерва наместо да биде голем во победата на својот тим, тој го покажа своето непочитување и домашно воспитување.

Откако Црна Гора ја победи Македонија 28-24 во второто коло на Европското првество кое е е во тек, Ласица ги плукна навивачите на Македнија стационирани на дел од трибината во Дебрецин!, објави „Дриблинг“.

Ласица постојано ги провоцираше нашите навивачи, по завршувањето на мечот, дојде до навивачите, ги плукна и замина!

Continue Reading

Македонија

Македонија загуби од Словенија на отворањето на Европското ракометно првенство

Published

on

Ракометната репрезентацијата на Македонија загуби од Словенија со 27:25 (13:10) во првиот натпревар на Европското првенство што се одржува во Унгарија и Словачка.

Најдобрите моменти на повој натпревар, нашите ракометари ги имаа на почетокот кога имаа водство од 3:0 и од 4:1, но Словенците со серија од шест гола ја презедоа контролата на случувањата на паркетот.

Најефикасен во нашите редови беше Ц. Кузмановски со осум голови, а одличен беше и голамнот Томовски со 14 одбрани.

Кај Словенија, петмина ракометари постигнаа барем по три голови, а најефикасен беше Доленец со пет.

Следниот натпревар го играме против Црна Гора в сабота.

Continue Reading

Спорт

“Фалангата“ со порака: Ќе ги ВАКЦИНИРАМЕ Словенците!!! (ФОТО)

Published

on

Мечот почнува во 18 часот, а “Фалангата“ веќе е во салата „Феникс“ во Дебрецен. Се пеат песни, се загрева атмосферата со надеж дека и нашите момци ќе го дадат својот максимум.

Инаку дел од фановите се убедени во наш добар резултат…

Тие имаат и порака: Ќе ги ВАКЦИНИРАМЕ Словенците…

Секако ова ќе биде тешко бидејќи во составот нема да биде Кирил Лазаров, кој е повреден и ќе го пропушти целиот шампионат. Но, чудата се случуваат, да не губиме верба пред време.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк