Connect with us

Религија

Свети Василиј Велики – Василица нека е среќна слава и име

Published

on

 Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен, петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа свети Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник.

Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква – Василиј се нарекува Велики потполно заслужено.

Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата – апологетски, богословски, подвижнички и канонски, како и литургија наречена според неговото име.

Василиевата литургија се служи десет пати во годината: во неделите на Великиот Пост, на денот на свети Василиј, наспроти Божик и Богојавление, на Велики Четврток и на Велика Сабота. Свети Василиј се упокои мирно на 1 јануари 379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ.

Религија

Свети Филип, митрополит Московски

Published

on

Роден е на 11 февруари 1507 година. Еднаш, како млад, стоејќи в црква слушна како свештеникот чита од Евангелието: „Никој не може да им служи на двајца господари“, се уплаши од овие зборови како да му се обраќаат исклучиво нему, во тој миг се просветли и замина во Соловецкиот манастир, каде што после долготрајно и тешко искушеништво се замонаши.

Со време стана игумен, заблеска како сонце, и целата руска земја слушна за него. Затоа, царот Иван Грозни и го доведе на испразнетото место на митрополитот московски во 1566 година. Но, овој свет човек не можеше рамнодушно да ги гледа стравотиите на грозниот цар, кого го советуваше и бестрашно го изобличуваше. Царот најде лажни сведоци против Филип, го симна од епископскот трон и нареди да го облечат во просто искинато монашко расо, па го затвори во Твер, во 1569 година, на 23 декември.

Маљута Скуратов, еден царски довереник, дојде во келијата на Филип и го удави со перница. Но, наскоро сите што беа против него завршија со зла смрт. А по неколку години телото на Светителот се најде цело и нетлено и благомирисно и го пренесоа во Соловецкиот манастир.

Continue Reading

Религија

Свети Јован Крстител

Published

on

  Со оглед на тоа што главната улога на свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква одреди денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот пророк беше убиен од царот Ирод, во Антиохија, родното место на свети апостол Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму.


Меѓу евангелските личности околу Спасителот, личноста на свети Јован Крстител зазема особено место и заради начинот на доаѓањето во светот и заради улогата на Крстител на луѓето за покајание и како Крстител на Месијата – најпосле и заради трагичното заминување од овој живот. Тој се одликувал со толкава морална чистота што навистина може попрво да биде нарекуван ангел, одошто смртен човек.

Меѓу сите пророци, свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на свети Јован се раскажува дека секоја година, на денот на светителот, архиерејот ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна.

Continue Reading

Религија

БОГ СЕ ЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ: Православните верници го слават Богојавление – Водици

Published

on

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден.

Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Грците овој празник го нарекуваат Богојавленија множината укажува дека во себе ги собира сите богојавленија од почетокот на светот и векот; а за време на крштевањето на Исус Христос Бог јасно и конечно се пројави како Света Троица, Отец, Син и Дух Свети.

Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк