Connect with us

Македонија

Што велат од Академијата за протокол? Бугарската се свиреше 1.25 минути, македонската химна – 52 секунди

Published

on

Јавноста денеска бурно реагираше што бугарскиот премиер Кирил Петков во Скопје беше пречекан со инструменталната верзија од македонската химна, од која пак беше отсвирена само една строфа

Од Влада побрзаа да го оправдаат овој потег, тврдејќи дека „секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат верзии на химните во целост и со стихови и вокали.“

Сепак, од Академија за протокол велат дека ова не е секогаш случај. Додаваат и дека македонската химна секогаш е далеку пократка од онаа на гостинот, иако светската протоколарна практика вели дека интонирањето на химните не треба да е временски драстично различно, односно една химна упадливо подолга од другата. Денеска, македонската химна ечеше 52 секунди, додека бугарската минута и 25 секунди.

Ги споделувам одредбите кои се однесуваат на интонирањето на химната од Правилото за Воен протокол како и Законот за употреба на државните симболи.

Правило за воен протокол (2012 год.)

Дел 3.1.1. Оддавање на воени почести на шефови на странски држави:

При доаѓање на странската делегација претседателот го пречекува гостинот кај возилото, воениот оркестар интонира марш. Командирот на почесната единица командува „почесен поздрав на де-СНО”.

Гостинот и домаќинот се качуваат на бината и ги заземаат своите места. Воениот оркестар ја интонира химната на земјата гостин, а потоа на земјата домаќин.

Закон за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија (1997)

Член 27 Химната на Република Македонија се изведува со: свирење, пеење или и со свирење и со пеење. Химната секогаш треба да се свири со достоинство. Химната не се користи како дел од друг вид музика. Химната на Република Македонија може да се свири на почетокот, средината или крајот од манифестацијата на која се изведува, во зависност од тоа на кој начин на химната ќе и се даде најголемо достоинство.

Член 28 Ако химната на Република Македонија треба да се изведе во Република Македонија заедно со химната на странска држава или свечена песна на меѓународна или друга странска организација, прво се изведува химната на странската држава или свечената песна на меѓународната или друга странска организација, а потоа химната на Република Македонија.

Член 29 При изведувањето на химната на Република Македонија сите присутни стојат во став мирно од свирењето, односно пеењето на првиот тон па сè до последниот тон на химната, свртени со лице кон изведувачите на химната.

Како што гледате, во овие два документи нема одредба околу должината на мелодијата на химната што се интонира. (што не значи дека можеби тоа не е определено во некои други интерни документи)

Исто така, при прегледување на јутјуб снимки, како што се сугерира во демантот од Владата, точно е дека во последните години започнала да се интонира скратена верзија, само „првата строфа“ од химната, наводно „според светски практики“.

Но, светска протоколарна практика вели дека интонирањето на химните не треба да е временски драстично различно, односно една химна упадливо подолга од другата.

Но, светска протоколарна практика вели дека интонирањето на химните не треба да е временски драстично различно, односно една химна упадливо подолга од другата.

Гледајќи ги снимките, интонирањето на нашата химна е секогаш далеку пократко од странската.

На пример, при посетата на Столтенберг, химната на НАТО беше 79 секунди, а нашата химна 43 сек, итн…има повеќе вакви примери.

Понатаму, при прегледување на други снимки на јутјуб, (а прегледав навистина бааѓи) забележав дека има варијации, односно некогаш се интонира „долга варијанта“ а некогаш „кратка“. Не би можела да кажам зошто се тие разлики. 

За крај, многу добро е познато дека при инструментална верзија на химната, нема стихови, но нашиот народ многу добро знае која е содржината на химната и кои се строфите, па секое нејзино скратено интонирање со право предизвикува реакции.

На крајот на краиштата ова е свечена песна која треба емотивно да го „подигне“ народот, и ако истиот народ вака интонираната химна ја доживува химната нецелосна и некомплетна, тогаш можеби треба да се размисли нешто да се промени, реагираат од Академија за протокол.

Македонија

Апасиев: Според мои информации власта во вторник ќе се обиде да го потпише предлогот, ќе се радикализираме

Published

on

Во гостувањето на Инфомакс, професорот и лидер на Левица, Димитар Апасиев истакна дека во моментов треба да се канализира гневот на народото против францускиот предлог.

-Фали моментот на канализирање на гневот, а тоа се прави на поинакви начини. Оддржувањето на секојдневни протести е голем залак, но можеме да продолжиме со маршеви со блокади сега 90 проценти од општините се под раководство на опозицијата што значи дека нема алиби дека се нема ресурси. Сите аргументи се на наша страна. Ќе стапам во контакт со повисоките ешалони да посочам дека овој правец не е добар. Мислам дека има време да се консолидираме, јас сум оптимист и мислам дека од утре ќе биде пожестоко.

Тој потенцираше дека Левица разговара за радикализација на протестите и не исклучува табли јајца да завршат во Владата на Република Македонија.

-Протестот беше солиден, мислам дека фали моментот на радикализација, сега имаме президиум и ќе разговараме од утре да се почне со радикални методи бидејќи спектакуларизацијата ќе го вентилира гневот, а тоа не е целта. Целта е да го спречиме предавството. Искрено веќе ми е досадно правно да аргументирам. Сус бе копуци, аргументот тој. Преку глава е се, идеме или тие или ние. Утре ќе влеземе многу пожестоко. За почеток ќе почнеме со јајца, тоалет, имаме искуство. Не смееме овој гнев на македонскиот народ да го злоупотребиме и издишеме.

Апасиев вели дека според неговите информации, власта ќе се обиде во вторник да го потпише францускиот предлог.

Continue Reading

Македонија

На радар фатен со брзина од 205 километри на час на автопатот Куманово – Скопје – Велес

Published

on

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 144 возачи.

Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Continue Reading

Македонија

Целата антифашистичка борба, споменот на депортираните Евреи ќе е говор на омраза! Повторно ѝ ја отсекувате главата на Дуња

Published

on

Сценаристот Божидар Божиновски алијас Мр Моџо килингтон, дежурен шегобиец на Фејсбук, овојпат со смртно сериозна, драматична објава за катастрофалните последици од францускиот предлог.

„’Страните ја потврдуваат својата посветеност да преземат мерки против појави на говор на омраза и ги назначуваат министерствата за надворешни работи како контакт-точки за заедничка идентификација на такви случаи во натписите на јавни згради и споменици, текстови во учебници и наставни програми и во медиумите (вклучително и онлајн и социјалните медиуми)’ – протоколот.

„Целата антифашистичка борба ќе е говор на омраза. Споменот на жртвите ќе е говор на омраза. Споменот на депортираните Евреи ќе е говор на омраза. Повторно ѝ ја отсекувате главата на Дуња, повторно го мачите Страшо, повторно ги убивате децата од Ваташа, повторно ги товарате Евреите во возови на смртта. Повторно ги убивате сите жртви за Македонија. Крвта ви е на рацете, нема да се мие. Со бришењето на историјата не станувате предавници само на оваа генерација, туку и фашистички соработници кои им ги прикриваат злоделата“, вели Божиновски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк