Connect with us

Скопје

30 дена притвор за возачот, кој ја прегази 24- годишната Викторија Николова

Published

on

Судија на претходна постапка вечерва донесе решение за изрекување мерка 30 дена притвор за 22- годишниот скопјанец, кој со возило Цитроен ја прегази 24- годишната радовишанка на прешачки премин кај Сити Мол.

„По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот на ЈО, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.“, соопштуваат од Обвинителството.

Возачот кој синоќа на Партизанска ја прегази 24 годишната Викторија Николова од Радовиш беше приведен во полициска станица. Како што информираат од МВР, по налог на обвинителството се проверува дали возел под дејство на алкохол или психотропни супстанци, како и брзина со која се движел и дали поминал на црвено… Сообраќајката се случи кај Сити Мол пред 20 часот, во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин заедно со уште едно момче, автомобил „Цитроен“ управуван од 22 – годишник ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со повреди од кои починала на самото место.

Според засега неофицијалните информации, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин.

Забава

Во ЗОО Скопје се родија три бебиња од загрозениот вид бели волци

Published

on

Во ЗОО Скопје се родија бебиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus arctos). Стари се три недели, а  белата боја на крзното, како на нивните  родители, ќе ја добијат со текот на времето. 
Волчињата се заедно своите  родители и тие се грижат за нив во нивното живеалиште.

Мајката ги роди во дувло коешто  сама го направи и таму  сокриени го поминуваат поголемиот дел од денот. Во многу земји на Европската Унија  овие волци  се строго заштитени со Бернска конвенција. 


Белите волци во Зоолошка градина во Скопје пристигнаа од Чешка во 2020 година.


Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд.  Познати се и како поларни волци или бели волци.


Овој вид на волци спаѓа во загрозените видови, но не од човекот (нивно ловење), туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови  значително го намали бројот на овие животни во последните години.


За потсетување, оваа пролет  во Зоолошката градина во Скопје се случува вистински „бејби бум“, односно се родија три лавчиња, белорак гибон, мала лама, бебиња кенгури, лемури, берберска овца,  камила и најновите бебиња  бели волци.

Continue Reading

Забава

Хортикултурно разубавување во ЗОО Скопје во кое ужива Коко (Фото)

Published

on

Скопската зоолошка градина во изминативе денови беше хортикултурно разубавена.

-Нашите вредни вработени изминатите денови хортикултурно разубавеа повеќе катчиња низ зоолошката градина. Посадени беа нови садници цвеќиња и дрвца.

Бонус фото : И нашиот Коко ужива во пролетното разубавување, велат од Зоо- Скопје.

Continue Reading

Скопје

Голема акција за чистење на Водно „Генералка викенд 2022“

Published

on

Денеска започна најголемата еко-акција досега „Генералка викенд 2022“, во која денеска и претстојниов викенд во 26 општини ќе се реализираат големи акции за чистење.

Градот Скопје, заедно со јавните градски комунални претпријатија со поддршка на Општина Кисела вода и Општина Гази Баба, со над 200 волонтери кои се дел од акцијата за чистење на планината Водно, во која се собира отпадот од врвот, пешачките патеки и падините на планината.

Чистењето на Водно се врши од 09:00 часот до 14:00 часот. Со оваа еколошка акција се постигнува двоен ефект, односно за секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено по едно дрвце.

За сите учесници во акцијата „Генералка викенд“ се обезбедени кеси за отпад, ракавици и налепници, а волонтерите ќе бидат поделени во неколку групи за да опфатат што е можно поголем број локации на планината. Една група ќе се кажува кон врвот на Водно и ќе ја чисти пензионерската патека до Средно Водно, друга група ќе го чисти асфалтниот пат, трета група потегот од Средно Водно до полициската станица – пешачката шумска патека, а четврта група на Средно Водно ќе ги чистат паркинзите, просторот под телескопот, паркчето со фитнес справи и кај црквата. Групи на волонтери ќе чистат и на потегот кон Матка (еден километар), видиковецот, потегот кон Горно Соње и околу крстот.

Oваа акција за чистење на отпадот и создавање еколошки одржлива иднина треба да прерасне во традиција, а напорот вложен во собирањето на отпадот секоја година да резултира со што поголем број засадени дрва.

Градот Скопје секогаш ќе подржува иницијативи за вакви еколошки акции за почисто и поубав град за сите скопјани.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк