Connect with us

Спорт

Крушево го посрамоти македонскиот спорт: На олимпиецот Ставре ќе му „помогне“ со само 10,000 денари

Published

on

Нордиецот Ставре Јада е револтиран од односот на Општина Крушево во пресрет на настапот на Зимските олимписки игри во Пекинг. Локалната самоуправа на неговиот роден град му одговорила позитивно на барањето за финансиска помош, но сумата што е одобрена го шокирала.

За вториот настап на Олимпијадите, по Пјонгчанг во 2018 година, Јада од Општина Крушево ќе добие 10.000 денари. Револтот од таквата одлука, тој го сподели преку социјалните мрежи.

Денеска од Општина Крушево ми беа доделени срамни 10.000 денари, пари со кои не можам да ги покријам основните трошоци, а пред еден месец, таа обезбеди финансиска помош и службено возило до БиХ за целосно новата биатлон-федерација. Сакам да поставам неколку прашања до Општина Крушево и тоа дали ова е начинот на кој се поддржуваат младите спортисти од градот и зошто Општината има двојни аршини при финансирање на спортистите? – Но, и со оваа сума на пари, јас гордо и достоинствено ќе го претставувам Крушево и Македонија на ЗОИ во Пекинг“, напиша меѓу другото Јада на социјалните мрежи.

Ставре Јада ќе биде еден од тројцата македонски претставници на ЗОИ во Пекинг од 4 до 20 февруари. Тој е пријавен за настап во спринт на 1,4 километри и во маратонската трка на 50 километри.

Забава

Шеикот: „Дадов 200 милиони евра за Роналдо, а тој знае само Сиуууу“! (ВИДЕО)

Published

on

Кристијано Роналдо се уште нема постигнато гол за Ал Наср на официјален меч, па дел од сопствениците на клубот почнаа да изразуваат незадоволство од неговите настапи.

Роналдо доби историски договор од клубот од Саудиска Арабија, 200 милиони евра по сезона. Па нивните очекувања веројатно се дека Португалецот треба да прави чуда на теренот.

Но, на првите два официјални меча, Роналдо не успеа да постигне гол. Ал Наср беше елиминиран во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија.

Разочаран од настапот на Роналдо на тој меч беше и тренерот Руди Гарсија кој рече дека се ќе било поинаку доколку Португалецот ја искористел големата шанса која ја промаши.

Но, многу поинтересна е реакцијата на еден од газдите на клубот, кој револтирано по мечот рече: „Дадов 200 милиони за Роналдо, а тој знае само суиии“.

Ваквата изјава на шеикот наиде на смеја кај останатите присутни, но се чини дека на него не му е до смеа.

Continue Reading

Спорт

Секоја чест: Начевски и Николов за чиста десетка го судеа големото мундијалско финале

Published

on

Данска во одлична спортска битка славеше над Франција и си обезбеди место во историјата на светскиот ракомет, но вечерашното финале за нас ќе биде запаметено и по извонредната абритража на Ѓорѓи Начевски и на Славе Николов. По финалето на ЕП и мечот за златото на ОИ, македонските судии ја добија задачата да судат и на дуел за титула на еден ракометен мундијал, и апсолутно маестрално си ја завршија работата.

Неупадливи во одлуките, дозволија дуел игра, но кога стартовите ќе станеа нешто погруби, знаеја и како да санкционираат, покажувајќи одличен „сенс“ за еден ваков значаен натпревар во кој беше јасно дека ќе има многу искри на теренот.

Одлично беа забележани и важните одлуки во второто полувреме, престапот на француското крило, потоа и чекорите на Ремили… а „триколорите“ немаат буквално за што да се пожалат од судиски аспект за денешниот пораз.

Начевски и Николов уште еднаш покажаа дека се најдобри светски судии во моментов, подготвени максимално да одговорат на предизвиците, а најдоброто од себе да го покажат токму на најважните натпревари во судиската кариера.

Continue Reading

Спорт

Ѓоковиќ: Доаѓам од мала земја, а стигнав до тука… (Видео)

Published

on

Новак Ѓоковиќ испиша историја откако успеа да стигне до својата 22. гранд-слем титула и да се израмни на врвот на вечната листа со големиот ривал Рафаел Надал. Србинот до 10. рекордна титула на Австралија опен стигна откако во финалето славеше над Гркот, Стефанос Циципас со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 7-6.

По освојувањето на трофејот Ѓоковиќ вели дека он е доказ дека секој може да успее во животот неважно од каде доаѓа…

„Ме допреа зборовите на Стефанос и целата почит која ја имаш кон мене. Србија и Грција се мали земји, а ние стигнавме до тука. Затоа ќе ви порачам не е важно од каде потекнувате можете да станете големи. Стефанос и јас сме доказ за тоа. Некогаш лошото детство може да ви помогне. Затоа сонувајте бидејќи можете да успеете. Сакам да им заблагодарам на сите кои што направија да се чувствувам добредојден во Австралија. Ви благодарам многу“, изјави Ѓоковиќ. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк